Тишина (Suskunlar) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ice.woman, 8 април 2013.

  1. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    По „Езел“ и „Крај“, на македонските екрани доаѓа најновата психолошка трилер серија од Турција, базирана на романот „Sleepers“ на Лоренсо Каркатера и истоимениот филм со Бред Пит, Роберт де Ниро и Дастин Хофман. Во главната улога настапува познатиот Мурат Јилдирим (Љубов и казна, Аси).

    Еџевит, Билал, Зеки и Ибрахим се мали момчиња и другари кои живеат во еден турски кварт. Тука е и нивната другарка Аху, која има симпатии кон Еџевит. Тие имаат детство како и сите други момчиња. Имаат соништа и амбиција да си ги остварат соништата. Но еден ден ги менува нивните животи и ги урива нивните соништа. Случајно тие стануваат дел од една сообраќајна несреќа и убиваат еден стар човек. Поради тоа се пратени во дом за малолетни престапници за да ја отслужат казната. Таму го доживуваат вистинскиот пекол. Тепани се и малтретирани од другите деца во домот што остава длабоки рани во нивните животи.

    Откако по неколку месеци излегуваат од домот, прават пакт дека никогаш повеќе нема да се видат. По многу години, Еџевит станува успешен адвокат, Зеки станува возач на бизнисмен, а Ибрахим и Билал остануваат да живеат во квартот, но не можат да ги заборават траумите од детството. Тогаш дознаваат дека Зеки е во затвор затоа што убил човек и мораат да се соединат повторно за да го извадат пријателот од затвор. Но се случува уште една трагедија и Зеки е убиен во затворот. Пријателите знаат кој го убил Зеки и ќе почнат одмазда против непријателите.

    Улоги: Murat Yıldırım, Sarp Akkaya, Güven Murat Akpınar, Tugay Mercan, Aslı Enver, Berk Hakman

    Извор: Тв Пакет

    Ја гледавте ли првата епизода? Ви се допадна? Јас ја изгледав и многу ми се допаѓа. Баш сакам вакви тематики. А како се погоди и Мурат да глуми... Мераци :$ :)
    [​IMG]
     
  2. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    276
    синхронизацијата на Mурат не му прилега :) јас не сум некој фан на вакви типови на серии како Езел ,Kрај и сеа оваа серија а инаку ми се допаѓа што и тука глуми Mурат но не ме влече серијава да ја гледам
     
  3. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    543
    Не ни знаев дека Мурат ќе игра!! Па кога видов почнав да викам еее Демир Демир бил.. Не бев слушнала за овој филмот и книгата порано :$ Но ми се допадна приказната!! Па уште и Мурат кога е во главна улога! :devil: Многу ми се допаѓа каква му е косата овде :inlove: . Инаку кои термини се емитува??
     
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    Да не знае некој кога има реприза? Ја пропуштив вчера и баш ми е криво :?: Ми се чини како интересна серија.. ако има некој што ја гледаше првава епизода да ми напише во споилер што се случило :)
     
  5. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    5-10мин. по почетокот на епизодата знаев дека е од филмот Sleepers.. филмот е закон, а како шо гледам и серијава ќе биде таква... ми се допадна посебно затоа што е од типот на филмови како Езел <3 , а и не пречи фактот што глуми Тефо (Билал) :inlove: :wasntme: Синхронизацијата на Еџебит не ми се допаѓа, ниту па на Билал (навикната сум тој глас да го има Огуз од Две фамилии, и не можам да го замислам како сериозен глас) ама со тек на време ќе се навикниме.. одвај чекам втора епизода :D
     
  6. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    276
    На moonlight-girl.55, mileystar и ludoto19 им се допаѓа ова.
  7. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    и јас го гледам супер е филмов и јас сум по ваквите филмови :D
    иначе од вчера почна се емитува секој ден од 22и15 а реприза има секој ден од 16 часот мислам дека.
    му го утнале гласов на мурат и јас се слагам некако васил зафирчев не ми се уклопува во надсинхронизацијава.
    интересна тематика,возбудлива ми се допаѓа
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.028
    E само што сакав да прашам за песната, значи ептен ми се допадна на реклама кога ја слушнав :)


    A за серијата, не планирам да ја гледам :)
     
    На Dobie, eli25, heart.stealer и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    Јас сум малку како потресена од серијава и одамна немам волку плачено за филм.. Леле како ги малтретираа. :sweat: срциња .. мнг ме погоди некако..
    Серијава не се ни сомневам дека е одлична :)
     
  10. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    276
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    ај пиши ми во споилер како завршува, ме интересира мнг :)
     
  12. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    543
    Овие сите не се браќа :^) (и сестра таа Аху..)
     
  13. sevda91

    sevda91 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    sakam vakvi serii glumecot murat yildirim ili ecevit mnogo dobro glumi a bilal go biva za vakvi ulogi a zeki mnogu e simpaticen a ibrahim interesen bravo za kanal 5 sto ja pustile serijata se nedevam deka nema da je prekinat kako sto napravia so mnogu dr serii,inace serijata ima 28 epizodi po turski a kaj nas sigurno ke ima poveke od 28 posto ja kratat posto vo turcija edna serija trae okolu 90 minuti i se dava ednas nedelno :)
     
  14. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    Не се браќа туку се најдобри другари кои се како браќа, а таа Аху им е најдобра другарка, ма да Еџевит е заљубен во неа :)
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    74.811
    Пол:
    Женски
    Нели имаше ваков филм со Бред Пит чинам беше ,тематиката е иста.Не се сеќавам на насловот на филмот.Само што ова е серија а тоа филм.
    Инаку гласот на Зафирчев некако ми се губи ,не ми допаѓа синхронизирањето.Требало некој да стават со повпечатлив глас,нели ја толкува главната улога.
    Аху ми е многу симпатична.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    31.666
    Пол:
    Женски
    Да имаше филмот се вика Sleepers и е многу тежок и добар, а серијава убаво ја има доловено приказната. Ја почнав да ја гледам на нет со српски превод, не можам да ја гледам со синхронизација и навистина е серија која заслужува да се гледа.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    18.133
    Пол:
    Женски
    Да, да. Кај Турциве ми се допаѓа тоа што кога веќе користат одредена тематика самите го кажуваат тоа да нема забуни оти краделе и сл. А и му даваат свој шмек на истото и е во нивен стил и нема елементи на празно имитирање или wannabe моменти. Си имаат свој стил на глума, свој стил на раскажување, користат свој менталитет и свои навики и успешни се во тоа. Можам да кажам дека засега маживе од моето окружување (фамилија, пријатели) збрлавеа по серијава, ептен им остави позитивен впечаток. Кај и да е ќе почнам и јас да ја гледам.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    31.666
    Пол:
    Женски
    и да почнеш, само многу е тешка, и потресна.

    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    18.133
    Пол:
    Женски
    Знам, знам, затоа и се мислам...пошо баш гледам една друга серија која е исто тешка, ама не како оваа (ѕиркав на инстанци па знам). Малку епизоди се на нет засега, таа да ја “средам“ :D и ќе почнам асално со оваа.
     
  20. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.146
    Само што сакав да прашам за песнава... :D И мене ми се допаѓа.. :inlove:
     
    На Lillian му/ѝ се допаѓа ова.