Темава ја поставувам бидејќи е вечна дилема и предмет на расправии и поделби на луѓето на две групи. 1 Група: Оние кои ја закачуваат тоалетната да виси од страната на плочките. 2 Група: Оние кои ја закачуваат тоалетната на спротивната страна од плочките. Малцинство: оние кои ја чуваат тоалетната на машината за перење. Во која група спаѓате? Зошто? И дали се расправате дома на која страна треба да биде? Има и доста луѓе што не користат тоалетна, ама за тоа би требало да отвориме друга тема веројатно. До модераторите, се мислев дали темава да ја ставам во категоријата Дом, ама искрено муабетов најчесто се праи коа сме на кафе со друштво, па затоа ми беше најлогично да биде вклучена во категорија Кафе - муабети. Ама ако мислите поинаку, преместете ја. PS: еве слика ако некој досега не разбра за што се работи.
Леле нема појако од тоа што има опција на машината за перење Кој не живеел некад во куќа или стан кај што се чува на машината, не е од овде Зошто е најпрактично да чуваш тоалетна на машината, помалце напор да ја местиш, подостапна е и не се мислиш како да ja наместиш, сите среќни Плус можеш секогаш да си ставиш резерва
Ми е интересно, дека сега засега наместо малцинство, оние што ја ставаат тоалетната на машината за перење уствари испаднаа мнозинство Изненаден сум. Секако, добар компромис е ова Е не ми текна во моментот, ама валда може да ве приклучиме во оваа групата на машината што е Кога можеше на почетокот на короната тоалетната хартија да стигне до Вестите на тв, и да биде најкупуван производ, сметам дека заслужува да си има своја тема Се надевам нема да ми ја избришат
Ние дома имаме едно пластично затворено држаче ко преклоп и се става внатре, потоа само си тргаш. Не можам ни слика да најдам од такво на гугл, не знам како се вика. А инаку би ја чувала како на втората слика на таков држач.
Замислувам да мора да одиш до другиот крај на вецето до машината. На машина ја чувам и јас, или како на втората слика, првата чудна ми е.
Кај мене е или на машината или на полица над лавабото. Кај едни роднини стоеше на казанчето,ама им паѓаше во шолјата,па им текна да сменат.
Јас мислев за каква тоалетна хартија користиме ќе збориме а не за каде ќе стои ама Ок. Имаме држач ама не го користиме, некако не мрзи да ја закачуваме на него. Сега е на перална.
Има тема за тоалетна хартија и корона. Барем имаше, нели @Nigredo Odor ? Оваа тема штознам, може во под-форум фенг-шуи да оди, а можеби дури и во психологија. Инаку-слика број 2, нормално. Се друго не е нормално.
Тема за парфимирана тоалетна хартија, сега општо за тоалетна хартија. Оти е многу важна работа тоалетната хартија. Пишете дами и господа, од кај ги набавувате, кој производител, дали купувате по 10, 8, 4 или по една? Колку метри тоалетна хартија трошите дневно и месечно. Ок. Покрај вц шолјата стои, логично, да можеш седејќи да си земеш. Ко на првата слика, нормално.