1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Толкување на соновите: Животни

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од rici.aaaaa, 28 мај 2013.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Животните во соништата претставуваат физички карактеристики, примитивни желби и сексуално однесување кое зависи од животното кое го сонуваме.
    Тие често симболизираат диви и нецивилизирани аспекти од луѓето кои се скриени длабоко во нас.

    -Сонот во кој разговарате со животни претставува супериорно знаење
    ,

    - додека животни во лабараторија значи дека не сте во можност целосно да ги изразите желбите и чувствата.

    АЛИГАТОР – Алигаторот симболизира предавство, изневерување и скриени инстинкти. Може да биде сигнал дека треба да пробате нов поглед на некоја ситуација. Ако бегате од него, желни сте да се соочите со потсвеста. Алигаторот е симбол на луѓе кои се немилосрдни, бесчувствителни и злобни.

    АНТИЛОПА – Антилопата во сонот сугерира дека можете да ги остварите своите големи амбиции само ако вложите многу енергија. Ако таа пропаѓа, значи дека имате чувство на вина за некоја љубовна афера.

    МАЈМУН – Тој означува измама, палавост и лага и е знак дека треба да се смирите. Може да ја симболизира и вашата дива внатрешна сексуална природа.

    МЕЧКА – Знак дека поминувате низ период во животот во кој многу размислувате и на некој начин барате независност. Нападот од мечка означува агресија, неодолива пречка. Поларната мечка, пак, означува повторно будење.

    БИК – Во соништата тој симболизира тврдоглавост, силна волја, сила и моќ, како и знак за успешен и богат живот. Сонот е предупредување ставот да ви биде повеќе декларативен и да се научите на компромис. Биковите исто така симболизираат на потисната сексуална енергија, плодност, мажественост и страсти кои се надвор од контрола.

    МАЧКА – Таа симболизира независен дух, креативност и моќ. Сонот има различно значење, зависно од тоа дали ги сакате мачките или не, па така може да најавува среќа или несреќа. Доколку ве нападне или ве гризне црна мачка, тоа значи дека треба да ја слушате интуицијата, а белата мачка означува тешки времиња.

    КРАВА – Симболизира пасивна и послушна природа, како и мајчински инстинкти и желба да се грижите за некого. Доколку сонувате стадо крави имате потреба да припаѓате на некоја група.

    ЕЛЕН– Во вашиот сон тој значи милост, сочувство, нежност и природна убавина, како и ранливост која другите можат да ја искористат. Доколку го убивате еленот, пробувате да ги потиснете женските особини во вас.

    КУЧЕ – Симболизира интуиција, верност, великодушност и заштита. Лаењето од задоволство на кучето е знак дека уживате во друштвени активности, додека агресивното ја покажува вашата склоност да ја контролирате ситуацијата околу вас. Купувањето куче ја покажува склоноста за купување лажни пријатели и комплименти од нив. Ако го облекувате кучето, пробувате да ги прикриете сопствените недостатоци.

    СЛОН – Ова е знак дека треба да бидете трпеливи и да имате повеќе разбирање за другите, но и да заборавите некои работи од минатото. Ако го јавате слонот, го контролирате тоа од што сте се плашеле во минатото, а ако се плашите од слонот, имате проблем со кој треба да се соочите.

    ЛИСИЦА – Претставува остроумност, лукавство и снаодливост, а сонот ве предупредува дека треба да ги искористите и во животот. Исто така, таа означува и период на изолација или осаменост.

    ГЛУШЕЦ – Означува страв и безначајност, што е знак дека се криете во сенката на некој друг. Може да значи и дека ги оставате нерешени ситните проблеми и безначајните прашања, што ве јаде од внатре.

    ЗАЈАК – Тој е симбол на среќа, магична моќ, успех и вашиот позитивен поглед на животот. Ако зајакот скока постојано во сонот, тоа е знак дека ќе бидете опкружени со деца. Белиот зајак симболизира верност во љубовта и ве насочува кон вистинскиот пат.

    ОВЦА – Овцата е знак дека ви недостига креативност, индивидуалност и иницијатива, односно секогаш се ориентирате според другите. Сонот може да биде и знак дека сте згрешиле и се чувствувате глупаво.
     
    На duffi и tessie им се допаѓа ова.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    интересно е :D