1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Толку ли е лош животот..

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Xepp, 16 април 2012.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Дали е навистина толку лош животот? Зошто луѓето толку страдаат, која е причината. Едноставно страв ми е да влезам во светот на возрасните. Иако од наша гледна точка се е розаво, се осеќа. Додека моите дома ми велат има пари и дека се е океј, им се познава во очите дека не е. И мака ми е како го гледам брат ми како се мачи. Доста ми е од таа невработеност, тие страдања. А и особено новит тренд на убивања. А што ако избие граѓанска војна??? Баш пред некој ден читав дека Македонија пред граѓанска војна. Уште тоа ни фали.
    Зошто мора животот да е така лош и суров. Единствена желба ми е да застане времето и засекогаш да останам мала и да не влезам во светот на возрасните и моите да ме лажат дека се е добро и јас да им верувам ;(
     
  2. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    светот без страдање би изгледал многу поинаку,чуден.....секој човек мора да се бори во животот за да успеее.....сите ние сакаме да нема страдање,но животот се состои од радост,тага, мака,среќа,страдања и др..... :)
     
    На 4rever.unique му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Artist14

    Artist14 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Девојче,гледам дека зборуваш за суштината на животот ,за тоа дека чувтвуваш страв со тоа што влегуваш во светот на возрасните,ме интересираат твоите години,но кои и да се, сеуште си мала, животот е пред тебе,добро е што ги сфаќаш работите такви какви што се,во денешно време секој си го гледа својот живот,повеќето од луѓето го одржуваат своето пријателство или контакт поради користа која ја имаат од овие луѓе.Мала си ,со текот на времето, со твоето растење и проблемите ќе ти растат.Затоа уживај си во својот ’teen’ свет.А за граѓанска војна,сиромаштија и страдања тоа ние многу тешко можеме да го смениме,да кажеме и невозможно.Таков е животот ,а и нашата држава.За граѓанска војна незнам,не верувам се зависи од народот,од условите за живот...Ти не би требало да се занимаваш со тие проблеми,ајде гледај си ги симпатиите ,пријателите,другарите....Сеуште ти е рано за тоа размислување..;)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.433
    Полош од што мислиш сигурно.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Aбе убаво вика онаа народната - Kој како си ја наредил.
    Животот во Mакедонија генерално е мизерен и лош.
    Единственото со кое се прчевме, наводната Oаза на мирот почна да пресушува уште после конфликтот во 2001 година, а сега веќе... не сакам ни да помислам, ниту да зборувам за ситуацијата и атмосферата.

    Kој ми е тој живот, да не можам без страв да посетам одредени делови од Скопје, како Чаир, Радишани, Арачиново?
    Kоја ми е таа убава татковина кога Гостивар, Тетово, Струга изгледаат и звучат како некоја сосема различна држава, малтене пасош треба да покажам?

    Последниве години тоа ме одржуваше - наводниот мир и безбедноста, сега веќе ниту тоа.

    Инаку живееме потпросечно, сиромашни сме, во секоја смисла на зборот, и материјално и духовно богами.
    Лош е животот затоа што работа нема ниту за лек, и тоа што се нуди е бедно и мизерно, а ако не го прифатиш, т.е. си го цениш сопствениот труд, те тераат да се чувствуваш снобовски размазено и неблагодарно.

    Ако земам да разврзувам подетално, ќе нема темава крај, дали да се почне со ултра умната нација, се живо и диво запишано на факултет, па за 10 години ќе нема да можеш да најдеш некој да ти поправи брава или кола, или да ти молериса, оти е срамота денес да немаш факултет и по секоја цена ќе го имаш! или да завршам со Рамковниот и партиските вработувања или можеби цените кои си растат постојано, а платите се намалуваат...
    ... просто одмилено ми е да живеам тука, секој ден се уверувам дека единственото кое ме врзува, убави спомени и неколкумина пријатели не се воопшто доволни за убав живот.

    Уф, и дај боже таканаречените провинцијалци да ни беа најголем проблем во државава и Скопјето префалено.

    Да, лош е животот во Македонија.
    Не, не знам дали тече мед и млеко во другите.
    Кога би отишла некаде, ќе кажам реално.
     
    На vitomir, ana-banana, Lilit и 4 други им се допаѓа ова.
  6. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    trendafilka, од искуство ти кажувам подобро е во другите земји.Освен што се плашиме од Тетово, Арачиново, Гостивар, мораш во секој момент да газиш на трња овде.
    Дали да се плашиш дека на школо\факултет ќе добиеш неправедна оцена па иди најди каде да се жалиш, дали да отвараш очи кога си во автобус, воз да не ти извадат нож, дали да се нервираш со непризнати факултети,..крај нема
     
  7. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Да толку е лош во Македонија животот.
    После сите овие горе наведени причини нема што да коментирам и да се пофторувам...
    Поптполно се согласувам со Trendafilka! И после се ова нека ми каже некој учи, образувај се тука едно др. за што да учам кога знам дека после тоа 10 год. нема да најдам работа.. И да прва прилика кога ќе бидам полнолетна ОДМА идам во странство! :@
     
  8. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Се ова толку фино ви звучи во странството.. И знаете што таму канализации ќе чистите. И цеел живот верувајте ќе ви недостасува татковината и ќе се чувствувате како странци и ќе ви фалат ваште. Сепак ако имате среќа и добро се вклопите таму тогаш животот можеби би ви бил убав, но сепак...
    Како и да е таму платите се подесени како што и цената на производите. На нас ни е скапо да отидеме во странство , а нив им е евтино тука е тоа е работата. Кога ќе ги видиме тие пари се полакомуваме. Битно нигде рози не цветаат. Според мое мислење.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Јас ќе кажам дека никаде животот не е како бајка и не секаде цветаат ружи постојано и луѓето гледаат наоколу виножито и му се радуваат Се сложувам со трендафилка затоа каква е ситуацијата кај нас но и затоа донекаде самите сме си виновни прво не се подржуваме во ништо едни со други,очекуваме да се промени ситуацијата сама од себе или некој друг да ни ја среди ,
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Не И не и не тече мед и млеко у ЕУ ниту незнам каде. Баш како што кажа Трендафилка, баш како што ке си ја наместиш.

    Македонија не е лоша, туку тие што ја свртеа по неколу пати ја направија ваква мизерна.

    Ама за жал не е само она.
    Ај еве покрај Шведска кај Љубам те поканувам овдека у Италија, да те видам што живот ке имаш, која сигурност и која работа ке ја имаш, Која правда ке ја имаш, и со какви луѓе ке се сретнеш ...
     
  11. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Допрва ќе сфаќаш колку е лош животот. Сега си почнала да излегуваш од детството и многу лоша слика гледаш. Лоша е лоша и тоа многу. Ама би ти рекла да не се замараш уште од сега со тоа. Секако ти, јас или некој си Петко неможеме да го смениме светов. Ни останува само да се привикнуваме и да преживуваме. :)
     
  12. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    Не е лош. Животот е многу убав! :)
     
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Па вака во животот и среката и тагата и доброто и лошото се наши дела.Но едно треба да знаеме Дека во животот повеке има порази отколку победи.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Зависи дали одбираме животот да го набљудуваме како полуполна или полупразна чаша. Ако мислите дека животот ви е тооолку лош, погледнте го видеово и размислете дали е навистина тооолку лош? Или сепак има и безбројни моменти на кои можеме да им се радуваме ако ги забележиме или се потрудиме околу нив.

    http://www.youtube.com/watch?v=3wL9IXNqeY8
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Животот не е толку лош, зависи како гледаме на него.
    Има моменти кога мислиш дека сите бродови ти потонале и го кривиш животот, ама не е секогаш се така црно. После дождот иде сонце, мора некогаш да го истрпиш и дождот за да видиш сонце.
    Во Македонија животот споредено со други држави каде каде е подобар, така да немојте многу да се лажите дека некаде е поубаво. Секаде мора да се помачиш за да заработиш за леб.
    Имам едни комшии, 3 години седеа во Италија и се вратија пак назад, зошто тогаш ако било таму убаво не останале? Значи животот не е толку лош колку што може да биде.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Подобар или полош...самите го правиме. Важно е како гледаме на животот, а важно е и што поскоро да расчистиме со самите себеси во врска со нашите приоритети и што навистина сакаме од животот и да одбираме патишта во животот кои одговараат на нашите вистински желби и приоритети.

    Арно вика Арсо

     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не е лош ако знаеш како да го живееш. Се си има свои граници, свои падови и свои падеми. Лош, добар тоа ни е, како знаеме ќе го живееме, па еднаш се живее, нема реприза...
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Кога ќе увидам малку околу мене какви се животи живеат луѓето околу мене, мојот живот си е сепак убав :)
     
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не мислам дека животот е лош...всушност прекрасен е! :$
    Луѓето секогаш зборуваат за тоа колку е тежок животот и глупости од овој вид затоа што тие не можеле да успеат во животот. Или можеби затоа што сите така велат, затоа што така е редот или едноставно за да имаат тема за разговор
    ( во кој секоја втора реченица е „така е“ :@ ).
     
  20. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Прекрасен е, треба да знаеш да го живееш, може се да имаш а да незнаеш да уживаш па џабе е..
     
    На Tubathemaster му/ѝ се допаѓа ова.