Најзборуваниот филм на Балканот, филмот „Тома“, приказна за една душа која својата тага, страдање и среќа ја испеа во најубавите песни. „Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци и врвот на славата, неговите љубови кои го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, како и односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на Југославија. Тоа е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Главната улога ја игра Милан Мариќ, а во актерската екипа се и Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ и Сања Марковиќ. Редно е да имаме една ваква тема на форумот кога филмот е толку актуелен и гледан периодов и руши рекорди. Време е да ги споделиме своите впечатоци. Јас можам да кажам дека најпрво го изгледав интервјуто со неговата сопруга Гордана и тоа ме поттикна уште толку да го изгледам и филмот. Покасно и за моите впечатоци, ептен ми е пресно гледанденес го гледав и само нешто гуглам за него, не ми излегува од памет.
Го изгледав филмот и да звукот е слаб ама тоа ваљда оти кино -снимка е Емотивен филм ми се допадна премногу али сцената со жената на докторот ме скрши на милион делови ,ја исплакав и Лилјана и Силвана Колку шо разбрав Силвана била неговата најголема љубов Ке го гледам уште еднаш и јас
Преемотивен, убав, глумците сите врв... Требаше во кино за прв пат да го изгледам, ама може уште еднаш на нет...
Пред десетина години ми беше првата посериозна “средба” со песните на Тома. До тогаш знаев по некоја ама ништо претерано и најчесто биле препеани од други пејачи кога сум ги слушала. Возејќи се со мм на подолга релација веќе имавме од претходно негово ЦД со најголемите хитови и го преслушавме сигурно неколку пати. Уште тогаш впечатливо ми падна дека во многу од песните пее за некоја жена и се зезав дека сигурно имал многу жени низ животот ( тогаш немав ни појма дека се женел 4 пати, ни па нешто за неговата биографија ). Брзо научив дел од нив и почнав да си потпевнувам, а мм ме зезаше ќе ме носел на концерт таман сум ги научила. Нормално се согласив јас концерт на добар пејач не одбивам. До ден денес ме зезаат по дома дека ќе идев на концерт на починат пејач. Гаф на годината ни беше. Има некоја посебна меланхолија во неговите песни. Да се навратам на филмот. Ме натера да го изгледам пред се бидејќи сакам реални настани и личности, а не измислени. Имал многу жени, но најголема и неостварена љубов му била Силвана. Тоа го потврдува и неговата сопруга. Највпечатлив дел од филмот ми беше кога доаѓа и и кажува дека напишал песна за неа. Всушност тој преку песната ја изразува сета болка и целото патење што го чувствува за љубовта која не му е возвратена. А Силвана цела пресреќна му мава ладен туш како добила песна од него која ќе биде огромен хит. Тој заминува лут, а таа останува збунета ама пресреќна за песната. Таа не е ни свесна дека тој е вљубен во нејзе. Со Лилјана делот исто ми беше претажен. Она пријателство кое го стекнаа со докторот е исто неописливо, како до последно го следеше секаде и се грижеше за него. До последен здив да пееш бидејќи неговата душа тоа го бара и е жеден за тоа… Преку неговите песни и музика неговата душа засекогаш ќе живее.
Сопругот на Силвана кажуваше дека тој дел не е точен. Да Силвана го внела во музиката, и му ја дала шансата да запее ама освен пријатество немало ништо. Многу работи од филмот не се вистински, многу се измислени и не соодвествуваат со вистината. https://www.telegraf.rs/jetset/vest...-tome-je-izmisljeno-a-ona-je-bila-srecna-zena
И во филмот никаде не е прикажано дека биле во врска. Таа цело време се однесува спрема него како со најдобар пријател. Тома е тој кој е заљубен во неа, а на дотичниот погоре може тоа му смета/ло па затоа и не му се допаѓа филмот. Превише информации и изгледани видеа па малку ми се помешаа некои работи, мислам во филмот не беше прикажано дека тенисеров ја изневерувал Силвана, таа всушност и го фатила и како што читав сакала да се разведе, но се случила таа несреќа и загинала… па можеби оттаму и сета нејзина тага и незадоволство кога била надвор од сцената па наоѓала поддршка и разбирање во Тома. Патем еве ја правата Силвана Арменулиќ во едно интервју.
Најголемата љубов на Тома била неговата 3 та жена, Нада. Кога ја фати дека го изневерува, пропаднал и пиел 20 дена без престан, заминал за Чикаго и ја запознава 4тата и последна сопруга. Од првата жена има ќерка, ама таа не се спомнува во филмот. https://www.kurir.rs/stars/3778009/cerka-tome-zdravkovica
Феноменален филм, благодарение на детето не го изгледав раат , цело време стопирав па пак кога имав слободно време го пуштав и така. Морам да го изгледам уште еднаш, без седни-стани. Околу филмот, од секогаш се прашував зошто песните на Тома му се толку тажни и депресивни, сега веќе имам претстава зошто. Толку несреќа и тага да носиш целиот живот, толку голема борба, уххх жално стварно. Од кога го гледав филмот постојано ми е во глава, цело време мислам на тоа колку животот може да биде суров, непредвидлив исполнет со болка и страдање, ама сепак поради тој живот он позади себе оставил музика и песни што и ден денес се слушаат, реални песни за болката и страдањето што секој еден во некој период во животот ќе се пронајде во некоја негова песна. За крај, знам дека не е темата за тоа ама би сакала да се сними еден филм и за Тоше Проески затоа што заслужува и неговиот живот да биде преточен во филм.
Убав филм. Можеби нема уметничка вредност, ама мене многу ме погоди. Растев со песните на Тома. Пред филмов за Тома, ништо не знаев за неговиот живот, освен дека бил алкохоличар и коцкар. Многу ми падна жал за него, посебно кога го изневери девојката беше Мис. Се прашувам, дали да бил во врска со Силвана неговиот живот ќе имал вакво тек ?!
Многу луѓе имале тежок живот ама не завршиле како него, алкоси и коцкари. Ок ајде направија филм, ама толку величење на човеков не ми е ок. Се сеќавам, растев со негови песни, остави печат, ама толку паѓање во несвест.. Со Силвана никогаш немале однос како во филмот.. Се е тоа измислено.
Самиот факт дека негова најголема љубов (ако е воопшто точно) била млада мисица, роспија кажува колку длабока душа имал
Нада... Она може си била мирна, па станала роспија Си ја сакал ма Туку, во филмов впечаток ми остави заедничката вечера на АрменулиќИ и Здравковиќи (кога беше женет за мисицава) па кога на балкон на цигара Силвана на Нада и рече дека цел град знае за нејзиното не примерно однесување.
Мисици, певаљки, глумици... кад се сељо покундури се знае што бира И после несреќен бил у љубовта, фала Богу, нека земе домаќинка жена па да види што е раат Ама такви не му се интересни, од нив болка нема, како ќе пие и ќе драми и ќе пишува тажни песни?