1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Топ 10 мистерии на човечкиот ум

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 6 февруари 2011.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Човечкиот мозок и до ден денес претставува една голема загатка за науката, и покрај тоа што технологијата е многу напредната, и условите за истражување се далеку подобри од минатите времиња. Ви претставуваме десет такви мистерии за кои што се уште нема конечно решение.

    [​IMG]

    10. Зошто сонуваме?
    Ако прашате десет луѓе на што се должи сонувањето, веројатно ќе добиете десет различни одговори. Тоа е така затоа што научниците се уште ја решаваат оваа мистерија. Една можност: Сонувањето го вежба мозокот преку стимулирање на врските помеѓу синапсите помеѓу мозочните клетки. Според друга теорија луѓето сонуваат за обврските и чувствата кои што ги занемаруваат додека се будни, и дека процесот помага при мисловниот процес и ја засилува способноста за помнење. Општо земено, научниците се согласуваат дека сонувањето се случува при најдлабокиот сон, наречен РЕМ (REM - Rapid Eye Movement).


    9. Зошто спиеме?
    Мушичките го прават тоа. Тигрите го прават тоа. А пак на луѓето никогаш не им е доста од спиење, и четвртина од нашиот живот го поминуваме во спиење. А сепак причината за таа потреба останува загатка исто како и хаотичното сонување. Претераната поспаност може да доведе до промени во расположението, халуцинации, а во крајни случаи и до смрт. Има две состојби на спиење – НЕРЕМ, за време на која што мозокот покажува ниска метаболична активност, и РЕМ, за време на која што мозокот е многу активен. Некои научници мислат дека НЕРЕМ фазата на вашето тело му дава одмор, на тој начин му ја зачувува енергијата, слично како кај зимскиот сон. РЕМ фазата пак можеби помага во организирањето на сеќавањата. Како и да е, тоа сепак не е целосно докажано, и соништата за време на РЕМ не секогаш се поврзани со сеќавањата.


    8. Фантомски чувства
    Се проценува дека 80 проценти на кои што им бил ампутиран некој дел од телото чувствуваат дразби како топлина, чешање, притисок и болка, кои што доаѓаат од делот кој што им бил отстранет. Луѓето кои што го доживуваат овој феномен, познат како „фантомски екстремитет“, ги чувствуваат дразбите како отстранетиот екстремитет се уште да е дел од нивното тело. Според едно објаснување, нервите околу делот каде што бил екстремитетот создаваат нови врски со ’рбетниот мозок и продолжуваат да праќаат сигнали до мозокот како отсечениот екстремитет се уште да стои на своето место. Друга можност е дека мозокот е создаден да функционира како целото тело да е недопрено. Со други зборови, мозокот ја чува сликата за телото во целост, со сите негови делови.


    7. Биолошки часовник
    Наоѓајќи се во хипоталамусот на мозокот, супрахиазматичното јадро, или т.н. биолошкиот часовник, го програмира телото да следи 24-часовен ритам. Најочигледниот ефект на овој феномен е циклусот на спиење-будност, но биолошкиот часовник исто така има влијание и врз варењето, телесната температура, крвниот притисок, како и производството на хормони. Истражувачите откриле дека интензитетот на светлината може да го поместува часовникот нанапред или наназад со регулирањето на хормонот мелатонин. Во последно време се дебатира околу тоа дали суплементите со мелатонин би можеле да го спречат симптомот познат под името ,,Jet Lag”- чувството на нелагодност и дремливост кога се преминуваат временските зони.


    6. Човечкото паметење
    Некои искуства тешко се забораваат, како на пример вашиот прв бакнеж. Но како човекот успева да запомни толку дамнешни случки? Со помош на најразлични техники на снимање на мозокот, научниците полека го откриваат механизмот одговорен за создавање и складирање на сеќавањата. Тие откриваат дека хипокампусот во мозочната сива маса може да се однесува како складиште за сеќавања. Но тој дел и не е толку пробирлив. Испаѓа дека и вистинските но и лажните сеќавања се активирани од слични делови на мозокот. За да се извлече вистинско сеќавање, некои истражувачи бараат од субјектот да се потсети на случката во некаков контекст, нешто што е многу потешко доколку случката всушност не се ни случила.


    5. Човечката смеа
    Смеата е едно од човечките однесувања за кои што најмалку се знае. Научниците откриле дека за време на смеењето се активираат три делови од мозокот: делот за мислење кој што ви помага да ја разберете шегата, делот задолжен за телесното движење кој што им кажува на вашите мускули да се движат, како и делот задолжен за чувствата кој што ви го создава чувството на опуштеност и задоволство. Но сепак непознато е зошто некој се смее на глупавите вицови, додека друг се смее гледајќи хорор филмови. Џон Мориел, кој што е пионер во истражувањето на феноменот на хуморот открил дека смеата е игрив одговор на противречностите – приказните кои што не соодветсвуваат на вообичаените очекувања. Други пак мислат дека смеата е начин да се сигнализира на некоја личност дека дејството е „на шега“, т.е. без зла намера. Како и да е, една работа е јасна: Смеата прави да се чувствуваме подобро.


    4. Вроденост или одгледување
    Се чини дека вечниот спор околу тоа дали нашите мисли и личности се резултат на нашите гени или пак на околината во која што сме се нашле е при крај. Научниците се повеќе натрупуваат докази дека всушност може да се работи и за двете. Возможноста да се проучуваат индивидуалните гени ни овозможува да откриеме зошто врз некои нешта едноставно немаме контрола, додека пак социјалниот притисок и воспитувањето имаат навистина силно влијание врз тоа што го правиме и тоа што сме.


    3. Мистеријата на смртта
    Вечниот живот е само за Холивуд. Но зошто луѓето стареат? Ние сме родени во една голема машина полна со механизми за борба против болестите и повредите, кои што би требало да не чуваат од секакво зло. Но како што старееме, овие механизми ја губат својата ефикасност. Како резултат на тоа, вашата отпорност кон повредите и стресот опаѓа. Теориите за тоа зошто луѓето стареат би можеле да се поделат во две категории: 1) Како и другите човечки особини, стареењето можеби едноставно е дел од човечката генетска предодреденост, и можеби на свој начин е и добра работа. 2) Помалку оптимистичната теорија вели дека стареењето нема своја цел и дека се должи на клеточните оштетувања кои што се појавуваат за време на човечкиот живот. Некои научници сметаат дека науката со текот на времето ќе успее да одложи стареењето до таа мера што човечкиот живот ќе се зголеми најмалку двојно.


    2. Длабоко замрзнување
    Вечниот живот се чини дека е далеку од реалноста. Но едно ново поле во науката наречено крионика може да на некои луѓе да им овозможи два животи. Во центрите за крионика како во Alcor Life Extension Foundation во Аризона се чуваат човечки тела во садови со течен азот на температура од -200 степени целзиусови. Замислата е личноста која што умрела од болест која што во наше време е неизлечива а може да се одмрзне и оживее во иднината кога лекот за болеста ќе биде најден. Телото на бејсбол легендата Тед Вилијамс се чува во еден од замрзнувачите на Алкор. Како и останатите тела, телото на Вилијамс се чува со главата надолу. На тој начин, доколку некогаш се случи некаков дефект на садот, мозокот ќе може да остане потонат во студената течност. Се уште ниедно од телата кои што биле замрзнати не е оживеано бидејќи технологијата потребна за такво нешто се уште не постои. Доколку телото не се одмрзнува точната потребна температура, клетките на личноста би можеле да се претворат во лед и да се распаднат.


    1.Човечката свест
    Кога ќе се разбудите рано наутро, можете да забележите дека сонцето само што изгрева, да слушнете како птиците црцорат, и можеби и да добиете чувство на среќа кога свежиот утрински мозок ќе ве удри в лице. Со други зборови, вие сте свесни. Таа сложена тема била предмет на расправа уште од времето на антиката. Дури од неодамна невролозите можат да ја сметаат свесноста како реалистично поле за истражување. Најголемиот предизвик во ова поле е да се објасни како процесите во мозокот формираат субјективни искуства. Досега, научниците успеале да развијат голема листа на прашања. А одговорите? Се надеваме дека барем дел од тоа ќе дознаеме во блиската иднина.
     
    На Sara123, Inhume и pupymor им се допаѓа ова.
  2. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    која е поентата на темава ???
     
  3. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Поентата на темата е дека човечкиот мозок е малку истражуван и има уште многу работи што треба да ги дознаеме.
     
  4. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    интересно :) ........научниците се на потег ;)
     
  5. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    интересно :)
     
  6. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    интересно... мислам дека има многу и уште многу други мистерии за човечкиот ум, кои не се откриени.
    Човечкиот ум е нешто што е многу комплицирано и неможе се деталмо да се истражи и открие... :| :?:
     
    На pupymor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pupymor

    pupymor Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    многу ми се допаѓа темава интересна е
     
  8. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65
    Интересно и доста дискутабилно :)
     
  9. vesni4kaxd

    vesni4kaxd Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.084
    Пол:
    Женски
    Човекот е чудо. Често сум размислувала на оваа тема. Има голема моќ која за жал често не е користена како што треба.
     
  11. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Интереснa е темaвa, зoштo спиеме? Зoштo сoнувaме? Хмм бaш сaкaм дa дoбијaм oдгoвoри.:?: