Здраво на сите Јас сум нов член постојано ве читам ми треба мислења околу оваа тематика Бебето ми е 4 месеци го држи вратчето но малце навалено на едната страна Искуства совети некој дали имал сличен проблем
Na 4 mes skoro naucilo da drzi glava,pocekaj ke si se sredi cim ti rekle dvajca niso strasno. Kaj kogo bese?
Ако ја врти главата на двете страни значи нема тортиколис, нема шанси ортопедот да не препознае тортиколис. Ова некој ви кажа или вие сами на google си барате симтоми??
Da ja vrti, no koga ja drzi i paga na ednata strana. Sto gledav sliki na internet mozebi gresam daj boze da e taka
Видоевски е доста добар доктор и реално ако има нешто нема шанса да не препознае или да не ви каже, особено ова.
Ако ја врти главата не е можно да има тортиколис, затоа што при тортиколис мускулот е нефункционален, најчесто е еднострано но може да биде и двострано. Значи детето ќе има ограничено движење на главата и при обид да го движи главчето ќе плаче тоа е многу очигледно, не е можно да не препознае доктор. Се гледа дека си анксиозна, ама не барај на google симптоми и не си ставај сама дијагнози, детето од здраво болно да го правиш.
Како што ти кажале и другите, тортиколис не е исто со ова што го опишуваш ти. Да е тортиколис воопшто нема да може на двете страни да ја врти главата, од искуство кажувам, мојот бебуш ја држеше на една страна главата и бевме на куп прегледи. Бебето најверојатно ја држи главата навалена на едната страна поради позиција која ја имало во матката или поради преферирање на едната страна - ако сте му се обраќале и пристапувале од една страна, сте му подавале играчки од една страна, итн.. За да се исправи главчето нас ортопед ни кажа многу едноставни вежби, препорачувам да се обратите кај било кој од овие што сте биле и да побарате да ви покаже вежби на еден контролен преглед. Едната вежба е да лежи бебето на тврда подлога а вие да му ја вртите главата на двете страни - 10 пати по 10 секунди во текот на денот, значи држење во скроз свртена положба, а телото рамно, а за да не плаче ќе го занимавате со некоја играчка или ќе тропкате со прсти. Втората е да му ја движите главата спротивно од тоа како што ја држи. Пак ќе кажам најдобро е да ви ги покаже ортопед вежбите. И оставајте го бебето на земја и на меше, занимавајте мавтајте и обраќајте му се од страната на која ја држи навалено главата - ако ја држи навалена на десно и гледа на лево, обраќајте му се од десно за да го зајакнува тој мускул.
Probaj koga go stavas bebeto da spie ednas na ednata strana na krevetceto ednas na drugata strana taka ke se vrti na dvete strani