Во овој случај се работи за дечко, долго се мислев дали воопшто да ја отворам темава бидејки до сега ја немам забележано на форумов иако сум пилично нова а ми е вистинска мистерија ... ситуацијата е дека тој несака секс, друга нема (а и да има ако е способен за двојна врска би не издржувал и двете ) доколку не е задоволен а ве сака, значи имате од сите аспекти цврста врска би кажал и во крајност би ве подучил, иако се работи за доста искусен дечко , мажите никогаш не би признале лично доколку имаат проблеми со машкоста па затоа се надевам дека вака би добила некаков одговор да си ја разрешам мистеријата едноставно проблемот е што тој ОДБЕГНУВА секс и е многу редок, а доколку почне разговор на таа тема тој секогаш ја префрлува вината или го избегнува разговорот ? Мажи по претпоставка до што е проблемот?
епа вака.за машко многу ми е нелогично да одбие секс.и да не му се допаѓаш нема да те одбие.кое машко би одбило девојка?проблемот сигурно е во него.најдобро разговарај си со него без разлика што ја менува темата.
пробано е доста пати и завршува со караница, маж никогаш не би признал, ме збуни со тоа што ме праша нели ми е јасно напоменувам ми збори за брак, дали би прифатила да живеам со него сака да ме побара за жена и .... значи стабилна врска со многу љубов, ама јас сакам секс и тоа ми е проблем и не да се фалам но стварно сум си атрактивна, згодничка, чиста стокмена секогаш ... мислам тоа се некои доста важни фактори нели ...ова е да дадам вовед не да се фалам
да 2 ипол год, башка имал милион девојки, атрактивен дечко е мажествен, не да си го фалам ама фраер е сме имале секс како не, али еве на одмор 15 дена да сме заедно може само 2 пати
Сите гејови не се женствени, забораваш на активните И многуте девојки не се никаква гаранција, дури се и потврда дека и со нив нешто не штимало штом бргу една девојка менувал со друга А и тие два пати осеќам дека било на твое инсистирање и ради реда. Ајде ако не е геј можеби е би, ама во секој случај има огромен проблем. 15 дена заедно и 2 пати секс? Дефинитивно треба го прашаш кој му е проблемот, ако сака мажи нека си признае, или ако не се пали на тебе и сака друга нека биде фер и нека ти каже, а вака ова не е врска, ова е мачење.
па сексот ретко скоро никогаш не е негова иницијатива, а за геј хммм значи имам доволно геј и пасив и актив пријатели, тие се знаат во градов кои се што се, тоа еве 99% е сигурно а исто и друга, да ја сака нема да си губи време со мене, и да прави се за нашата љубов, едноставно сексов ми е мутен (иако не е за смеење) па што би можело да биде баш ме интересира
ЗАвиси каков бил одност порано , ако порано бил редовен а сега е поретко, можеби се работи за монотонија.МОжеби си има некој проблем со машкоста. МИслам дека овде ние за џабе би нагагале, има повеке опции и кога ние би ти ги кажале сите ние не можеме да дојдеме до заклучок што е.Ти треба да си направиш отворен разговор со него, без да ја префрла топката на твоја страна да му кажиш дека ти значи го сакаш и сите тие работи , но темлеот на една врска е секако добриот и РЕДОВЕН секс, секако ке има сушни период само прашање е колку ке траат.Кажи му отворено дека тој начин на живот не ти одговара ако има проблем да ти кажи што е а ако нема никаков проблем и ако планира понатака така ке си бараш друг.Се разбира ако тебе ова стварно ти смета.
имам пробано и тоа и со фино, работата е што изговорот е секогаш глупав и несоодветен а и често се менува, да на почетокот имавме почесто во неделата 2-3 пати али тргнувам и од тоа што кажа и ВАГА дека машко не би одбило секс не сеа секој ден по 3 пати али и во месецот па да имаш 3-4 пати е многу малку ... проблемот е што никогаш нема да признае
Можеби си има некои други подлабоки проблеми кои го мачат, па не му е дојдено до секс...ама сепак треба да се земе во предвид и времетраењето на ваквото однесување, можеби е период кој треба да измине за се да си дојде во нормала. Лично јас имав таков период(од месец дена), поради голем стрес, па со тек на време се се среди.Само што ме чуди тоа маж да не сака секс...
Уште едно прашање- дали од старт на врската е таков, т.е. дали исто се однесува веќе 2ипол години, или тоа е од неодамна? Ако е од неодамна можеби го мачи нешто, ако е од старт тогаш нема што друго, геј е. Не биди сигурна дека се се знае, а можеби некој не сака да дознаеш ти, или како што кажа ДиМело, можеби има проблем со машкоста, тешко постигнува ерекција,, прерано ејакулира, или има комплекси ако има мал пенис итн. Гледам во меѓувреме си пишала, епа тогаш ти останува да викнеш некој од твоите геј пријатели со вас на кафе или излегување, тие ќе ти кажат што мислат за него
Добро тоа ти е како еднаш неделно.И јас и мм, и порано кога сме биле дечко и девојка сме имале такви периоди,нормално е, само ти велам колку траат тие периоди, и ако секогаш кога правите муабет избегнува и не сака да признае биди искрена со него и кажиму дека стварно ти смета и ако не се потруди во иднина секако дека нема да го поминиш остатокот од животот со него, никој не сака монотонија, плус тоа велиш си атрактивна потсети го на тоа ако заборавил, внеси малку свежина зачини го сексуалниот живот со нешто ново..Сепак мислам дека само ви е 'сушен период ' ке помини само потруди се и ти
Можам да кажам дека секогаш гледал да даде приоритет на друѓи работи отоклу на сексот али било почесто во секој случај, мада ми беше сомнително нешто во последно време е така ептен чудно, али веројатно ке биде дека не му е погоден перодот значи сепак постои кратка да некажам апстиненција, оок
1. Може сексот му станал рутина. Спомна дека си атрактивна, ама не мора тоа да значи дека му го даваш тоа што треба во кревет. Пробај некоја нова поза, играчка, направи да му биде интересно. 2. Ако е од поскоро, може има закачено нешто долу па му е срам да ти каже. 3. Има друга. 4.
После две ипол год. и Вие двајца да немате близина да отворено зборувате за било кој проблем а зборуваш за понуда за брак. Незнам како ќе ви успее бракот ако не го решите овој проблем кој ви завршува со караница. Можеш да бидеш и најубава и најзгодна а да не го палиш, а тој да биде најголем фраер (незнам што подразбираш под фраер) а да не те пали. Говорот на телото кажува се. Пробај да ја разгориш страста ако не бива, тогаш дефинитивно имате друг проблем
Под 1 сум размислувала и на тоа, имам доволно искуство постојано си внесувам новитети а и отоврено си кажувам доколку има било каква желба да ми насочи и ке се потрудам максималлно да го задоволам, бидејки сепак секој маж си има своја желба, одговорот е дека се е на место ... да има нешто закачено нема а предходно се напомена дека можеби е во лош период и е во доста тежок период меѓутоа сепак мислам дека тоа е и нај големиот проблем, а не дека несака да зборуваме отворено туку сепак машкоста е тешшка тема и тешко дека би ти кажал, дека неможе да има секс, а се друго може да се корегира, ама не е до тоа, а друга нема ова е деф личен проблем, патем и д аима таквите верувај се способни и за т на ден а не ни за една ... све е пробано