Здраво. Ние сме 3-ца брајќа и сме сосопственици на 3 имоти (куќи) кои се наоѓаат во 2 различни општини. Сакаме да направите размена меѓу себе на деловите меѓу себе така да секој добива по еден имот, а делот од останатите 2 имоти им го одстапува на двајцата браќа. До сега се информирав и тоа може со договор на нотар но нотарите од една општина можат само за тој имот во таа општина. Прашував преку суд да се оди преку судска распределба но веројатно и тоа нема да можи оти исто така судовите се надлежни само за нивната општина. Станува збор за плајќањето на данокот, ако одиме со еден договор кој ќе се провери УЈП во двете општини мислам дека нема да се плати данок или ќе се плати само на разликата при трампата (проценетата). Додека ако правиме независни договори на два нотари во различни општини: 1. ќе биди многу скапо. 2. Ќе има данок како при поклон од брат на брат што не е во ред. 3. прашање е исто да биди спроведливо во катастар (се разбира без правење на елаборат оти на цело е делбата) Што советувате? До сега не наидов на прецизен одговор освен само дека не може со ЕДЕН договор на нотар или со ЕДНА судска спогодбена делба?