1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансплатација на бубрег

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од mar17, 30 јануари 2011.

  1. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Девојки итно ми требаат совети,доколку некој има искуство со давање или трансплатиран бубрег да ми каже искуство...
    Се работи за близок роднина кој веќе немаше крај,креатининот(отровите во крвта) му беше многу покачен и мораа да го стават на дијализа,но докторите го советуваат да си најде донатор и да се оперира затоа што е релативно млад...

    Секаков совет би бил од полза.
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
  3. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    да,знам се имам секој ден читам по 2-3 часа,секако операција ако се прави тоа ќе биде во странство,но ме интересираат искуствата бидејќи голем е процентот операцијата да не е успешна иако има многу јаки лекарства кои овозможуваат да не се појават антитела ...ух :doh:
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.859
    Можна е трансплатација и на клиника, едни комшии, мајка и керка правеа. Мајката беше донатор, керката примател, керката се опорави, мајката закачи некоја инфекција на нашава Клиника и уште не е опоравена.
    Како и да е, процесот е долг и тежок, но ако е единствен излез, тогаш мора.

    Прашајте во Систина Клиничка Болница дали прават трансплатации. Имаат добри доктори, условите се супер.
     
  5. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Девојки сакам да прашам:
    -Дали после успешна трансплантација на бубрег се јавуваат контраиндикации и кои се тие?
    -Дали доколку е девојка ќе можи да остани бремена, да роди здраво бебе, без никакви аномалии?
    -Дали после трансплантација ќе биди имуна на други болести, подоцна со текот на годините кои можат да дојдат?

    Доколку знаете, сте слушнале нешто повеќе за ова, пишете ќе биде од голема корист
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Нормално дека можат да се јават контраиндикации, сепак станува збор за внесување туѓо тело во организмот, иако операцијата може да помине успешно се зависи од организмот и од прифаќањето на туѓиот бубрег. Ако живее само со еден бубрег т.е со трансплантираниот, ќе биде подложна на хемодијализа, која посебно во првите 5 години е најризична и при која се доста чести вирусните заболувањата како што се Хепатит Б или Ц. А дали ќе смее да роди зависи од повеќе фактори.
    Како и секоја операција, така и за оваа имунитетот ќе биде намален и нормално дека ќе е подложна на други заболувања, а и како што споменав доколку е на хемодијализа има големи шанси да закаче некој хепатит, бидејќи статистички повеќе од 50% од пациентите на хемодијализа се заболени, најчесто од овие вируси.