1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансфер на административци во приватен сектор

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 24 јули 2017.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Деновиве во јавност пласирана е вест за трансфер на вработени во администрација во приватниот сектор.

    Анализите до сега покажале дека 30% од вработените во администрација се вишок, а од друга страна приватниот сектор има реална потреба од 80 000 вработени од разни профили.
    Вака би бил намален трошокот од Буџетот за администрација.

    Идеата е да се остави на добра воља на административецот дали сака да премине во приватен сектор со што би му била исплатена отпремнина за две години, а таму каде што ќе премине работодавецот има обврска да не го оптушти некој определне период.
    Притоа на новиот работодавец му се нудат повластици за проширување и зголемување на бизнисот.

    Што мислите Вие за идеава?

    Како ќе се одрази ова на административците?

    Дали Вие како приватен сектор би сакале кај Вас да премине административец?

    Дали Вие како административец имате неискористен капацитет, па би сакале со отпремнина да го напуштите ,,столчето,,?
     
    На Annath, mareane, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.077
    Пол:
    Машки
    Идејава ќе биде чистење на партиски вработени и на нивно место вработување на нови партиски војници ништо повеќе од тоа.
     
    На zoran43m.k, fallenangel, Flower123123 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Посебно за оние кои 10 години не знаеја каде е влезната врата од институцијата каде земаат плата:tmi:
     
    На Lilit, Flower123123, mareane и 15 други им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа нефер кон останатите што бараат работа во приватен сектор. Нека ги отпуштат слабите алки, нека им дадат отпремнина. Па сами нека си аплицираат за работа во приватен сектор и нека се борат ферски со остатокот од конкуренцијата.
     
    Последна измена: 24 јули 2017
    На *Amethyst*, Annath, Giovanna и 33 други им се допаѓа ова.
  5. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Воопшто идејата е неприфатлива,едни ке отпуштат други ке примаат,зарем приватниот сектор неможе ли ако сака да си вработи?Мислам дека може,е сега оваа сдс влада сака да се отераси од некои вработени во администрацијата и сега ајде во приватен сектор,мислам поголем глупост не сум слушнала,дури смешни се:D
     
    На Rama, carangigia, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    80 000 слoбoдни рaбoтни местa вo привaтен сектoр, пa aјде aдминистрaцијa ќе се жртвувa зa дa не се увезувa oд стрaнa? :D И пoсле немaлo рaбoтa, мрзи!
    Уствaри, oвa мoже дa имa лoгикa aкo плaнирaaт дa вaдaт 80 000 oд привaтен сектoр зa дa ги сместaт вo држaвнo пa тaкa дa се oслoбoдaт местa. Рaзменa де, кaжaнa нa фин нaчин.
     
    На Giovanna, Abeja, LadyC и 7 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    234.910
    Каде најдоа волку слободни места па од администрација во приватен сектор? А што е со останатите невработени кои во овие 11 години не добија никаква шанса за вработување поради немање на партиска книшка?
    Нека има конкурси и нека биде фер за сите.
    Еве јас немам проблем да работам во приватен сектор. Ако е преоптоварена администрацијата тогаш нека има чистка на несоодветниот кадар.
    И нека бараат работа како сите.
     
    На *Amethyst*, Annath, Giovanna и 17 други им се допаѓа ова.
  8. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Начин тој од администрација што калтел врата земал плата да си оди со награда 24*месечни примања плус бонус исто да дреме во приватна фирма дека приватникот ќе биде обврзан да го трпи да му дреме ''вредниов'' аминистратор на работа за да ги добие бенефициите од вработување на вакви Волови на испаша идење што им е работата.
     
    На Gosh, PaLaVa, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Ако мислеш на бркање на неистомисленици на Сдс од работа па на нивно место вработување на Послушни војници на сдс! , а овие избрканиве да се трансверираат во приватен сектор...?
     
    На zoran43m.k, Lianna Anna, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Не Адоки,не мислам на тоа.
    Во воведот пишува точно.
    Зошто ако некој совесно си ја врши работата,редовен е..зошто би го трансферирале кога инститицијата има потреба од таков кадар?!
    Ова на доброволна база би одело.
    Сепак отпремнина од 24 просечни плати (во моментов е околу 9000 евра) не се малку за исплати државата за таков,плус приватникот би имал обврска да го држи кај себе на пример 4 години..воедно,како трансфериран е "виза" за кредитирање на приватникот до 500 000 евра за проширување и унапредување на бизнисот.

    ...а дека ќе има масовно вработување на кадри од СДСМ,се сомневам...освен таму каде нов директор си носи кабинет,секретарка и шофер.

    И,не ја води темата и дискусијата во погрешна насока.
    Темата е за Владина мерка која во наредните 6 месеци ќе се истражува и ќе се "опипува" пулс дали да се спроведе.

    Целта е да се направи увид со време дали носат погрешни мерки и да се покрене граѓанска иницијатива да не се донесе таква мерка...или да се стават клаузули кои би го заштитиле адинистративецот од присилен трансфер.

    Не смее да се дозволи и понатака да има диктатура!
     
    На *Amethyst*, Annath, mareane и 11 други им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Хм, во приватна фирма да си вишок, ќе те отпуштат без прашање, ниту отпремнина две години ќе ти даваат, ниту работа на друго место ќе ти понудат. Многу ни се привилигирани административците. Па уште и можност да бираат... (facepalm)
     
    На Annath, Giovanna, Rama и 26 други им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Баш тоа сакав да кажам.
    Зошто некој да биде привилегиран и од државни, наши пари да земе отпремнина? 3500 еур и гаранција за идно работно место.
    Еве и на нас во приватниот сектор нека ни дадат по 3500 еур за да не молиме и колиме за работно место во државна администрација. Ќе дадеме и ветување дека и понатака нема да бараме боледување и ќе темпираме одмор, тогаш кога немаме многу работа.
     
    На *Amethyst*, fallenangel, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.137
    Допаѓања:
    147.307
    Пол:
    Женски
    Јас да сум државно за ниедни пари не би напуштила . Поготово не за 9000 евра. Изгледа можеби глупаво, ама друга си е слободата и сигурноста во државен сектор.
     
    На Rama, EuHenIa, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    260.965
    Иако имам работа преку глава и не спаѓам во државна администрација, утре напуштам без да погледнам назад, ако ми се загарантирани основни човечки и работнички права на новото работно место.

    Па уште отпремнина бе :) И без неа би си отишла :)

    Не е секаде така.
    Тука добиваме се` што ни е пропишано со закон, ама ескивирањето не е толку едноставно како на некои други места :)
    Просто не можеш да ескивираш, ако не ја сработиш ти работата, нема кој.

    Има денови кога немаме ич работа, па цел ден се занимаваме со кафе и чистење архива, средување на недосредени документи итн, ама има денови кога прв пат мочам дома кога ќе си дојдам... :)

    Мајка ми во приватен сектор има многу поголема слобода од мене, добро, има и такво работно место - менаџерско, ама сепак ..
     
    На zoran43m.k, Annath, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Вероjaтно ова е смислено како донекаде безболно решение за да не се даде повод некоj да зборува дека се прават партиски чистки.
     
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.137
    Допаѓања:
    147.307
    Пол:
    Женски
    Епа реткост е да имаш висока плата, да имаш слобода и да не си злоупотребен приватно. Дури и се да е под конец се бива приватно. Што ако не дај боже фирмата не иде на арно? Ете, јас никогаш не би приватно за газди повеќе. А сите ми биле погодени, не сум имала некои јаки стресови ( има секакви газди нормално ама се што е во граници на нормала се толерира)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    260.965
    Зависи што работиш и колку ти се парите важни.
    Јас немам убава плата, 16 000 денари ми е, стрес на работа имам колку сакаш, луди надредени итн.
    Единствено што добивам е по пропис годишен одмор, боледување, породилно итн...
    А закани, уцени, обиди да ти украдат денови од одмор, да ти попречат боледување итн. и тука има, и тоа многу.

    Не е розево секаде во државен сектор, некаде е прерозево, некаде е сиво :)
    Тоа сакам да ти кажам.

    За поубава плата, не би се мислела многу.
     
    На zoran43m.k, Rama, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе кој болен во паметот доброволно ќе напушти државна администрација? Сите јас ќе одам приватнп, јас ќе напуштам ама да им дадат конкретна понуда чисто сумњам. Тоа легачење, играње игри и кафенисување кај приватниците го нема. И тие тоа многу добро го знаат. Не за џабе сите сакаат државно да работат па дури и плаќаат за тоа
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, AURUA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sony 777

    Sony 777 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас сум во администрација и мислам оти никој не би се откажал од тука за да оди во приватна фирма,и не се сите во администрацијата неработници
     
    На Dekilini, zoran43m.k, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.191
    Пол:
    Женски
    Јас не би им давала вакви привилегии на административците. Би им го преиспитала работното место на сите до еден. Без исклучок! И не 30%, туку за минимум 50% треба да се намали администрацијава, за да колку толку биде ефикасна. Секој кој клати врата, нема квалификации, е вработен во 5 до 12 пред избори (независно од кого) треба да лета. Просто е :)
    Ќе признаам дека сум злобна и едвај чекам ваква разврска. Збеснаа!
     
    На *Amethyst*, Annath, Rama и 13 други им се допаѓа ова.