1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансформација-дали е можна?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од princess.m, 9 мај 2013.

  1. princess.m

    princess.m Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Девојки дали вие некогаш до сега комплетно сте го промениле својот изглед?
    На филмовите често гледаме вакви нагли-трансформации на некоја девојка по раскинувањето на врската или пак од грда бубалица до најпривлечната девојка во училиштето.
    Мислите ли дека се можни овие трансформации и во реалниот свет и дали некогаш вие сте направиле таков смел чекор?
    Ако одговорот е ДА споделете го тоа чекор по чекор со нас :)
    -коса
    -стил
    -однесување

    Сакам ова лето комплетно да се променам,да изгледам поинаку во очите на другите но не знам од каде да почнам,се надевам дека ќе ми помогнете :*
     
  2. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Па веројатно е можна и јас сакам да направам комплетна промена ама некако ми е страв од тоа
     
  3. tanjabela

    tanjabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    138
    не мора да се менуваш физички за да изгледаш поинаку во очите на другите зависи кои се тие "други" не се менувај за никого ако те сакаат ќе те сакаат каква што си

    инаку јас да имам направено трансформации и постојано ги правам но ништо екстремно :) :)
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Не сум направила некоја голема промена освен тоа што како помала се облекував поспортски и упорно избегнував фустанчиња и високи потпетици... :wasntme: :lol:
    Да, можна е трансформација ако личноста има желба за тоа.
    Незнам како замислуваш да изгледаш но можеш да почнеш со некои промени на фризура, шминка и сл.
    Ако навистина имаш 22 години не ти препорачувам некои премногу нападни комбинации на раперка, рокерка и тн. што според мене доликуваат на тинејџери... ;)
    А за однесувањето ти најдобро си знаеш што ти пречи и кои работи би требало да ги промениш... :)
     
  5. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Немам направено некоја голема трансформација, освен некои ситници кои сум ги променила кога е во прашање мојот стил. Како и да е, сметам дека е можно да се направи трансформација, кога некоја личност не е задоволна од својот изглед, и е спремна да поднесе големи промени во поглед на нејзиниот имиџ.
    Инаку, princess.m како сакаш да изгледаш поинаку во очите? Мислиш на ставање леќи, промена на начинот на шминкање на очите, или нешто друго?
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Зависи ако е некој убава и непопуларна девојка..тоа е друго да ја направиш популарна..ама од грда убава не...
     
  7. princess.m

    princess.m Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    хахах нее..мислев поинаку да ме гледаат другите :D
     
  8. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    Mожно е, еве јас сум сведок! До пред некоја година ич не се шминкав и имав така повеќе спортски стил :) Сега комплетно сум сменета! ;)
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.567
    Пол:
    Женски
    Имам направено мала трансформација но не некоја драстична промена, имам сменето боја на коса, од долга одеднаш направив кратка фризура ( но не премногу кратка како машка фризура ), имам сменето начин на шминкање, почнав да користам темни бои на кармини...
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Трансформацијата на личниот изглед е чувство на потреба кое од различни причини може да се појави во различни периоди од животот. Кога станува збор за промена на надворешниот изглед (фризура, боја на коса, стил на облекување, начин на шминкање), лично не сакам да изгледам поинаку од изградената општа слика за себе. Можеби ми е потребно освежување во изборот на поинтензивни бои кои е убаво да се видат вклопени во стилот затоа што преферирам потемни. Тоа е само мал чекор кон разбивање на монотонија во глетката што се повеќе ја чувствувам потребна за да ја направам. За големи и видно забележливо промени не размислувам и не ми се потребни. Голем скептик кога станува збор за трансформации.
    Секоја промена е добредојдена доколку е индивидуална. Сликата за нас е создадена во очите на другите и нема драстично да се промени со трансформација на изгледот затоа што е поврзана со разумот. Може се да направиме, но оформеното мислење за некој тешко се менува.
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Направив пред некое време една транформација која и не мислев дека до толку ќе ме трансформира. Направив шишки и баш бев ко друга личност. Никогаш не бев имала шишки и незнам што ми текна лани си направив буквално ко цел изглед да ми беше сменет. Имам долга виткана коса ја скратив до рамена и шишките кога ги направив ја пеглав цело време, ни баба ми не ме позна кога ми дојде на гости. :rofl:
    Уствари јас и таква фаца имам, различен модел на очила за сонце ме прават да изгледа ко друга личност.

    Со облеката многу многу не експериментирам ама знам понекогаш да облечам нешто невообичаено за мене, сепак по облеката не сум направила некоја драстична трансформација.
     
    На joy1 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  12. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    И јас досега не сум направила некоја драстична трансформација.
    Освен промената на бојата на косата и нејзиното скратување повеќе од вообичаеното, досега не паметам дека сум променила нешто друго.
    Работам и на мојот изглед, т.е. моето тело и се трудам колку толку да се зацврстам со вежби. И тука би се видела промена, секако, после подолг период.
    Кога се работи за целосна трансформација, не сум сигурна дека е можна, но и мали промени можат да направат да изгледаш како друга личност, независно дали се работи за промена на стил, начин на шминкање, промена на фризура.
    Како што кажа некоја феминка погоре, понекогаш трансформацијата не може да направи да изгледаш поинаку во очите на другите ако веќе имаат стекнато некакво мислење за тебе.
    Можеш да направиш промени во изгледот, а за карактерот и однесувањето ќе ти треба многу време, трпение, научени лекции од минати грешки.
     
  13. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Мислам дека е можно и тоа ќе пишам подолу како но прво сакам да кажам дека оние шоуа што ги гледаме со стилски трансформации (гардероба, фризура, шминка) не се реални. Како прво ако некој те среди испегла коса и нашминка тоа трае еден ден, секој ден тоа да го правиш сама сигурно не е можно. Еве прв пример, ти треба пракса во шминкањето. За гардробата ок може да се промени и треба нели ако сакаш транформација, јас би купила 3-4 по впечатливи парчиња во новиот стил и би ги комбинирала со старите. Суштината на промената е во навиките. Значи секој ден да го правиш тоа што си решил да го правиш. Стварање на животен стил.
     
  14. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Секоја надворешна манифестација во нашиот изглед треба да биде во склад со нашето чувство.Изворот на таа трансформација се наоѓа во нас самите,најпрво треба да се познаваме доволно самите себеси, кои сме,што сакаме и таа внатрешна слика да ја проектираме во надворешниот свет.Чувството како сакаш да бидеш перцепиран од другите зависи од чувството како ти самата себе се перцепираш и доживуваш.На пр.ако си бунтовен карактер црвена боја на коса,тетоважа или пирс одлично би се вклопувале.Стилот на облекување па,дури и парфемот кој го користиме е одраз на нашиот карактер.
    Одвреме навреме сите сакаме да направиме некоја промена во стилот,да се освежиме и тоа е нормално но,потребата за драстична трансформација во надворешниот изглед е всушност потреба да се промени некоја празнина што длабоко ја чувствуваме во нас.Треба да се поработи и на внатрешните фактори за целосно и комплетно да бидеме задоволни од она што сме.Би ју..:)