1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трауми од детството

Дискусија во 'Психологија' започната од Lovely93, 30 септември 2013.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Тука пишувајте за вашите трауми од детството, се разбира ако ги имате. Не мислам на нешто многу сериозно, туку за нешто што ви останало во сеќавање како најголем страв од кога сте биле дечиња.
    Јас на пример, паднав од точак на грб и може 2 минутки не можев да мрднам и да прозборам, мислев така ќе си останам да лежам. :x Исто така, многу се плашев од возење во автобус бидејќи како малечка потрчав по папучата што ми падна низ вратата и за малку и јас ќе паднев да не ме спречеше мама. :lol:

    П.С. Ако има слична тема се извинувам, не сум ја видела. :*
     
  2. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Па како мала имаше во близина пожар огромен, гореа едни магацини и тоа ноќ беше и од тогаш имам голем страв од пожари.
     
  3. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.785
    Допаѓања:
    8.806
    Пол:
    Женски
    Па јас како мала мирничка си бев ама сакав некој фешти понекогаш да си правам скришум :tmi: :lol: . Еднаш сакав да излезам од дворот да не ја отворам вратата туку преку оградата да се пентерам и така кришум да не ме види татко ми набрзински да поминам, паднав на комшијата во дворот и си прегризав јазикот :$ :D , сега се смејам ама тогаш рикав :| имав дупка на јазикот па татко ми ме шеташе цел ден за да заборавам малце на јазикот, да не плачам :D , ама пусти болки не се забораваат, а плус тоа и треба да се јаде :| . Сега затоа ми фуфка од височини и секогаш излегувам од вратата веќе не рипам преку ограда :rofl:
     
  4. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Не бев баш мала. Имав околку 10тина години. Пишував нешто домашно на тераса и така пишувајќи ми падна пенкалото и се наведнав да го земам. Не можев да го стигнам и се напрегав. Кога конечно го дофатив ми се отпреврти столчето и по скали бам бум го скршив и стаклото од вратата и надвор излегов. Мајка ми многу се исплши, а јас само станав и влегов дома. :lol: Немав сериозно повреди. 8)
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Едно детенце во комшиите многу го тепаа, ама еднаш го тепаа надвор со каиш, со стап, низ цел двор го бркаа, го тепаа...и многу беше страшна глетката (ние другите дечиња си игравме на улица) и ми остана како траума, некое лошо чувство во мене.

    Исто, пред нас дечињата додека си игравме, полицајци фатија некој човек (тој им бегаше) и почнаа да го тепаат со пендреците, го пикнаа в кола и заминаа. Ама човекот не да викаше, туку рикаше. Цела улица ечеше, и многу се исплашивме, и ова остана како нешто неубаво во мене...
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^Ова ако се трауми од детство, сите сме истрауматизирани.
     
    На Istata od vcera, kikkki и Anne.B им се допаѓа ова.
  7. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Кога ќе отидат гостите ќе видиш ти..
    Само кога ќе отидеме дома,ќе ти покажам јас тебе...најголемите трауми :D
     
    На ohana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Замислете секој ден од 3то до 8мо да бидете исмевани, поттурнувани на страна, да ве нарекуваат со секакви погрдни имиња, професорка да ве исмева пред цел клас.. да плачете пред цел клас дури ви се потсмеваат од страна. Ете тоа се трауми за едно дете на таа возраст. Да си мислите дека сте биле помалку вредни оти на некој му било досадно на училиште па решил да се заебава.. незнам како не се уморија толку години да го прават едно те исто. Можеби изгледа како мала работа, ама кој не осетил на своја кожа незнае..
     
    На Istata od vcera, kikkki, Vanja38 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски

    Имам осетено на своја кожа и до ден денес и јас имам големи трауми.. :|
    И како резултат на тоа ја изгубив самодовербата :doh:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    А јас анксиозност.. пиев лекови за смирување пред неколку години,бидејки почнав да добивам панични напади. Ама сега средено е.. а и многу се имам сменето од тогаш. Нема човек кој може да ме сруши. Никој не е повреден од тебе. Кога ке го сфатиш тоа многу работи ке ти бидат полесни.

    Инаку пред неколку месеци се погодив во исто друштво со еден од "исмевачите", и годи што?
    -Господинот ме бендисал толку многу што кога дознал дека немам фб дури и се распрашувал за мојот број наоколу. И дури седевме вечерта се однесував баш ладно, а упорно се обидуваше муабет да направи со мене. Шо значи таквите ич два посто да не ги ебеш. (да ми извиниш на изразов,ама сеуште осекам горчина коа ке се присетам на сите гнасотии што ми се случиле) Некој ке збора вака, некој така. И што сеа? Да не треба вечер на иста маса да седиш со нив, да не ти го носи некој од нив лебот? Не. Што значи оттука им произлегува и важноста.(која ја немаат.)

    Без гајле и главата горе, НАЈГОРЕ, над сите тие невредни суштества кои се обидуваат да те турнат долу. Едноставно.. НЕ СЕ ЗАМАРАЈ. :) Ке ти треба некое време за да го постигниш ова размислување, ама верувај ке успееш. Јас успеав, можеш и ти. Како за почеток прекини да мислиш на луѓето кои ти рекле лоши работи затоа што тие сигурно не мислат на тебе воопшто.. почни да мислиш на луѓето кои се до тебе и кои те сакаат. Ова сигурно многупати го имаш слушнато..ама пробај примени го. :!: Стварно помага.

    ПС. Твојата самодоверба ке ги спречи таквите и воопшто да помислат да се заебаваат со тебе. Затоа што кукавици како нив напаѓаат само послаби, поповлечени, и понаивни.. Не биди ниедно од овие трите. Поздрав ;)
     
    На kikkki, elisabeta, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Но сега тоа е веќе зад тебе. Ако порасна и созреа, сфати дека тие луѓе, учителката, таквите ученици се за жалење и колку се нелуѓе.
    Сепак ти си поинаква и немаш такво срце како нив.
    Немој уште да патиш од тоа, биди своја личност, стој цврсто на нозе.
    Нема зошто уште да патиш од такви нелуѓе.
    Знам дека ти е тешко, ама не дозволувај уште да трае ова...
     
    На LittlePinky и Decapitated.Hanna им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    Kога ќе истурев сок,мајка ми ме караше многу :| .Mногу се изгорев еднаш од греалка и до ден денес се плашам од оган.A за исмевање и шегување од врсници што е честа појава,го прсват оние деца кои мислат дека се супериорни,и мене ми правеа така бидејќи бев мирна но кога потпораснавме се срамуваа,добро обични закачки беа не ми е траума :D
     
  13. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    Абе годините си врват и созреваш и ојачуваш и гледаш дека сите тие луѓе се небитни, ама лузната скоз не заздравува некогаш некоја ситуација или момент ќе те потсети на некоја случка со нив нажалост од искуство кажувам, и ден денес имам страв и ми е неугодно во друштво кога се наоѓам пред многу луѓе никогаш не го надминав стравот да не бидам осудувана од луѓето повторно
     
  14. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Беше тоа пред два месеци... се случи нешто сосема неочекувано...од член на семејството..нешто... нешто што не требаше да се случи...НЕ СМЕЕШЕ да се случи... но... се случи..нешто многу лошо...што никогаш нема да можам да го заборавам...се случи пред моите очи....за жал...не можам да раскажувам...болно е ,навистина е ...
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Хехихоптери. Имам фобија од хелихоптери ради нешто шо се деси во детството ... :(
     
  16. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    ^ Не се замарај. И ние имаме професор што се изживува со сите и само да те избрука сака, исто и такви „детишта“ имаме. Првин и јас се нервирав не можев да го прифатам тоа, затоа што не бев навикната, ама после со тек на време се навикнав и полесно е кога имаш поддршка(некој кој те охрабрува, за среќа јас имав такви луѓе). Да остануваат длабоки трами, губење на желба за живот.... Ама се еден ден поминува и ќе сфатиш дека сите тие не вредат и дека животот е тркало, се’ се враќа! Едноставно тури им пепел на таквите луѓе и таквите спомени.
     
  17. a.n.g.e.l.a.1.L.e

    a.n.g.e.l.a.1.L.e Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Го имам осетено на своја кожа... Бев исмевана во 7 одделение од соученик поради мојата тежина. Исто имав трауми поради тоа што еднаш одредени соученици ме маваа со снежни топки пред мојата куќа. Толку лошо се осетив во тој момент, а и периодот што следеше потоа. Заради оваа случка мразев снег. И откако отидов во средно целосно се сменив. Решив да не дозволам тоа да влијае на мене, и да не дозволам такви луѓе да влијаат врз она што ќе бидам во животот. Ослабнав, ми се смени телото и лицето. Целосно се променив. Ете јас ослабев, а одредени луѓе цел живот ќе си останат глупи ;)
     
    На LittlePinky, fighter и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  18. zezez

    zezez Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Бев исмевана од 6 до 8 одд бидејќи ми испаднаа премногу акни ме нарекуваа со секакви погрдни зборови ... :( и дури до ден денес лицето не ми е чисто... ама за разлика од претходно подобро ми е и имам надеж дека ќе ми се ичисти скрос е тогас ке имам поголема самодоверба..:/
     
  19. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Страшно... баш во мојот клас имам такви ученици кои не знам поради што и како не можат да им се спротистават на таквите „исмејувачи„ . Не разбирам како тие што уствари и не можат на 17, 18 год. да се наречат „деца„ можат да исмејуваат некого или пак буквално да се изживуваат врз било кој. Растени ли се бе тие деца со мајка и татко? Воспитувани ли се? Растени ли се со љубов?
    Од каде им е тоа право да омаложуваат и да набиваат трауми. Зошто? За да се прават јаки фаци као демек ништо никој не им може.
    Жално е што во денешно време многу малку се обрнува внимание на домашното воспитување, формирањето на личноста на детето, упатување што е исправно а што не е, родителите си мислат го пратиле детето во школо и завршиле работа... :fubar:
     
  20. bemmy

    bemmy Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Хахахахаха, исто исто!!!