Веќе неколку месеца сакам да и направам нешто на косава, а бидејќи ми е жал да ја ишишам (и онака не расте ) решив да ја виткам. Имам и природно виткана коса, ама со годините некако попуштија кадрициве... Може некој да ми каже каде имале некое добро искуство со ова, сепак се хемикалии, се гори косата, па со убаво да поминам И што точно прават, пошо баш не ми е најјасно тоа, и колку отприлика би чинело... па да се надеваме набрзо ќе имам нова фризура
(трајно) Виткање на косата мислиш да ја направис минивал??? хммм не би ти препорачала . подобро види по парфимерии има средства за извиткување . подарии малку нега на твојата коса - малку повеќе . една моја другарка ја направи минивал косата но потоа беше како запалена во косата ужасна а да не правиме муабет колку и беше изгорена сепак како сакаш но јас мислам да пробаш малку некои средства никако минивал позз
(трајно) Виткање на косата Порано ми беше ептен виткана косата, буквално пери-носи бев лесно за одржување, а секогаш имав топ фризура... сега еднаш во 2 месеца дали ќе ја погодам, а ја чувам колку што можам, дури и фен избегавам да користам секогаш кога можам. Затоа сега вака драстично терам
(трајно) Виткање на косата доколку сакаш да ја извиткаш косата немој да правиш минивал, тоа е само горење на косата и ништо повеке обиди се или со гел за извиткување(има по парфимериите) или пак со фигаро, ама стави малку лак за зацврстување, или спреј за дефинирање на кадрици
Јас пред пет години си направив минивал (имам права коса), но многу зажалаив и намерно ја фенирав пеглав, затоа што не бев задоволна како ми изгледаше. Можеби тоа беше заради тоа што и шишките си ги навиткав и ептен како пудлица изгледав. Плус тоа косата ми имаше еден многу непријатен мирис и на крајот ја скратив косата и често ја шишав за да ми се врати мојата природна права коса. Дефинитивно тоа ми беше најголемата грешка што сум ја направила за мојата коса. Но, сепак познавам многу другарки кои имаат направено минивал и се многу задоволни...така да не знам, пробај А за цената не се сеќавам колку ми зеде фризерката, само знам дека многу беше, зш многу ми беше долга косата...
Прв пат кога ставив минивал имав 13 години. Сега имам 16 и сеуште го користам затоа што сум многу задоволна. Имав права коса која ми беше здодевна и сакав да ја сменам. Сепак, зависи од фризерот и неговите способности за минивал. Секоја коса е различна и треба да се одржува на различен начин. Мене лично, ми требаше многу време за да научам како да ја третирам косата за да го има тој изглед што го сакав. По многу консултации со фризерот , се навикнав и немам гајле . Па, со среќа Се извинувам што заборавив да напоменам дека се користи млечна киселина, така да, косата не се оштетува Најверојатно не ви е објаснето убаво како се функционира со киселината, а миризбата се губи после 2-3 миења.
А дали тие гелови за извиткување дејствуваат и на целосно права коса или само на природно поднавиткана? Страшно сакам да ја навиткам,ама без горење ...
Не сум од Скопје, од Куманово сум и 700 денари плаќам. Може и помалку ако се обновуваат само корените (израснатите делови).
и јас имам виткана коса али некако кадриците ми попуштија па веке година ипол ја андулирам поточно 2 пати досега и супер ми е али пред се треба многу одржување јас си се бендисувам али ако не ја негуваш како потпрлен да си тоа е исто кога ја пеглаш, фенираш а да не и ставеш на косата капки, маска за коса и слично...
И јас сум од куманово и сакам да направам минивал ке сакаш да ми кажеш кај кој фризер одиш и ако сакаш стави слика од тебее за да видам каква ти е ...на колку време одиш на фризер ,и дали користиш некои средство потоа , малку ја оштетува со млечна киселина или воопшто не ја оштетува косата поззз
Срцекршачке, а како пак виткање со фигаро не е горење И јас се мислам да и го направам ова на косава... Веќе немам ниту кадрици, како подвижна грмушка сум, незнам зошто не ми се дефинираат повеќе Ај кој имал искуство со ова нека пише, да знам дали да се правам или не
Јас пишав претходно и пак ке пишам : Ако сакаш виткана коса и сакаш да се грижиш за неа, немој да размислуваш Само треба да најдеш добар фризер кој ке умее успешно да го направи минивалот И јас сум од куманово и сакам да направам минивал ке сакаш да ми кажеш кај кој фризер одиш и ако сакаш стави слика од тебее за да видам каква ти е ...на колку време одиш на фризер ,и дали користиш некои средство потоа , малку ја оштетува со млечна киселина или воопшто не ја оштетува косата поззз Одам на 5-6 месеци , може малку да ја оштети, но јас се грижам за неа и гледам што поретко да ја сушам со фен. Локните се подефинирани кога косата сама ке се исуши. Инаку одам кај Зизи
Може да е од фарби. Мене порано ми беше повиткана косата, и откако се фарбам, ок да виткана е, ама не како пред тоа. Пробај малку скрати ја, па може ќе ти живне.
Вака се решив да е правам минивал косаваа.. Ех сеа не сакам да ми биде онака федерчиња ситни туку сакам како на видеово http://www.youtube.com/watch?v=AXqZy3l6jAg на крај коа ке и ја напраи косава.. Знам со фолија ја имам правено исто ми е како на видеово , али сакам сеа да е направам со киселина на фризер .. Дали има и такви некој си начини да се направи така или само онака како федерчиња .. :/
Мислам дека може . Ке треба да се консултираш со фризерот. Има различна големина на витлери и различно време на држење на витлерите: од 30 минути до 2 часа Што подолго време се држи толку е повиткана
Преубаваа е косата на видеотао што го стави ЧД мојата коса е долга без волумен ако ти велиш дека ти излегла како на видеото и јас такаа ке пробам да ја направам ако ми излезе убава ке си ја правам така секогашЧД
Јас сакам да си ја правам минивал, само ме интересира колку месеца траат кадриците, оти имам слушнато додека не се потшишаш нема да ти се исправи косата?