Што мислите за темава !? Јас мислам дека ова чудо од дете заслужува тема Тука може да коментираме за неговите настапи,што мислите за неговата идна кариера. Гледам има огромна гледаност на Youtube.
Не го следам натпреварувањето ама слушнав неколку негови настапи и немам зборови детево има светски глас, ја ретко се импресионирам ама детево е чудo, ме запрепасти.. со ваков глас мислам дека треба да просперира некаде надвор..зошто овде не се цени квалитет..
Песнава од Лозаноски скоро и никој да не ја знаеше. Овде кога го слушнав мислам дека посакав да го извадам од екран и да го изнагушкам.
Баш е чудо од дете. Ептен е мил, да земеш да го изгњавиш. Се ежам секогаш кога ќе го слушам, не ми се верува колку добро пее.. Навистина се изненадив со Ѕвездичките, позитивно секако, колку преубави гласови имаат децава па некои веќе оформени пеачи со големи кариери не знаат така да пеат Секоја чест! Се надевам само дека не само Трајче,па и останатите деца нема да ги исфорсираат прерано и да им го одземат детството.
Super e Trajce.So kakva lesnotija pee tolku ubavo,bravo.Bojata na glasot mu e "stranska"sto bi rekla jas. Ama nekako nema nekoja ekspresija na liceto.Ili samo mene taka mi izgleda.Ima vreme mal e uste,mozda so prvata devojka ke dojdat poveke emocii niz pesnite.
Мислам дека не е дозволено да има тема за него се’ уште, исто беше и со Даниел додека беше во натпреварувањето. Инаку, нема што да се каже, се’ е кажано, прекрасен глас има. Тоа е... магија како пее, дури да не ти се верува. Има талент, и само напред, сцената е негова!
Тажно е што вакви таленти кај нас не успеваат и немаат никаква иднина. Трајче исто како и со случајот со Даниел никој не го приметуваше се додека не настапи и не го открија други каде што ќе му се цени трудот и талентот. Му ја посакувам цела среќа да успее во она што го сака, но надвор од државава. Ептен е мил, скромен и срамежлив и има прекрасен глас.
Redovno go gledam,ne samo nego tuku i ostanatite i slobodno mozam da kazam deka e eden od favoritite.Ima veke zrel,oformen glas,poveke mu lezat stranskite pesni.Malce mi e povlecen,sramezliv na scenata,deluva kako da ima trema celo vreme(ne veruvam deka e taka). Mu posakuvam mn.uspeh ponatamu vo zivotot i karierata.
Сите негови настапи што ги има на јутуб ги имам гледано и стварно преубаво пее, пресладок е, харизматичен...абе права душичка Се надевам ќе успее во животот да постигне нешто на музичко поле. Му посакувам среќа
Одличен 5 за него Го гледам детенцево на youtube постојано и стварно е супер. Намногу ми се допаѓа тоа што нема некоја трема и баш е опуштен во настапите. За дете на 13 години ова е голем залак ама супер се носи со него
Детево има голем талент и ќе биде многу голема штета доколку ја испушти шансата која му е пружена. Браво Трајче!Со тебе сме