1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето полувреме (2011)

Дискусија во 'Филмови' започната од ocila, 23 септември 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    [​IMG]
    Не видов ваква тема па решив да отворам.Трето полувреме е македонски филм кандиниран за оскар.Едвај чекам да излезе за да го гледам.во режија на Дарко Митревски и сценариот на Гргур Струјиќ. Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во втората светска војна. Филмот започнал да се снима на 24 август 2011 година и завршил снимањето на 27 октомври 2011
    Својата премиера ја имал на 15 септември 2012 година на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
    „Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот - фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот - Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК Македонија и нивниот Германско-Еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. Ова е приказна за основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу својата љубов кон неговиот тим и неговата лојалност кон Новиот Поредок. Ова е приказна за неговиот најдобар напаѓач Коста, познат шверцер кој се вљубува со една убава богата девојка. Ова е приказната за Ребека, Еврејска принцеза на зрно грашок, која прифаќа со неа, во нејзината мала соба, да живее фудбалер (со тоа се измолкнува од горчливата судбина на нејзиниот народ). И најпосле - ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!
     
    На Katerinceee, I.love.your.lips, d.i.n.a и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Трето полувреме 2011

    И јас едвај чекам, да не знае некој кога ќе го даваат во Охрид? и колку се влезниците?
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Искрено со оглед на фактот дека во глобала не ги сакам македонските филмови и сметам дека не се нешто добри (сакате наречете непатриотизам или како и да е, ама така е генерално, не важи за сите :!: не дека многу ги има, ама пак) ич не ме интересираше филмов, нит па се замарав, нит па едвај чекав да почнат да го даваат во кино салите, онака ми беше гајле. Ама како поминуваше време, сите во еуфорија, па ај ме заинтригира што толку е филмот, а и плус дознав од близок што бил вчера дека е предобар, и си викам ај да земам карта да отидам да го погледнам ако ништо друго, за тоа вреди. Инаку за брзо време го снимиле, има филмови мноооогу подолго што се снимаат. И ме интересира што испаднало од тоа. Па, купувам карта за најблискиот можен термин и се сместувам на столче да го изгледам и потоа оценам. И ја за промена очекувам нешто подобро од другиве наши филмови, ако не и најдобро.
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Луѓе филмов е ИЗВОНРЕДЕН. Ги надмина моите очекувања :o :clap: значи стваааарно она нетипичен македонски филм, предобро и нешто најдобро досега. Од содржина, до ефекти, до глума абе се се се. Презадоволна сум, и нема да раскажувам зошто мора да се гледа ова ремек дело, само ќе дадам една забелешка што ми падна во очи - почетниот дел од сцената на Катарина и Сашко кај езерото, голата предница не ми се допадна воопшто, мислам дека тој дел можеле и подобро да го осмислат и обработат, и да го прикажат поинаку. Сеа може на повеќето не им смета, ама мене лично ептен ми падна грдо во очи и невкусно ми е, па филмов едвај чекаат да го гледаат луѓе од сите генерации вклучувајќи ги и постарите, а и помалите деца и треба да е прилагодлив за секоја возраст. И коа дојде таа сцена си реков ете ти, таман си реков совршен филм го посраа со сценава. Ама отпосле кога видов што се следува, си реков ајде нема врска, не е толку голема работа. Само тоа не им требало, и затоа се мислам помеѓу 9/10 и 10/10, ќе одлучам ко ќе го гледам уште неколку пати.
     
    На Arianna, Name и ocila им се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас на филмов се наежив 1000 пати додека го гледав.
    Нетипичен македонски филм со одлично осмислено сценарио и добра глума!

    Освен гласот на Катерина од кого ми се креваше коса :D, сето останато добива 10+ од мене.
    Пријатно сум изненадена, во секој случај.
     
  6. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Само ќе кажам wow!
    Филмско остварување најдобро од нашава држава без конкуренција засега.
    Значи сум фасцинирана.
    И да не беше македонски филм јас ќе бев фасцинирана. Тоа е она што е најбитно, ама уште поубаво е што е наше филмче.
    Првo одлична слика и фотографија има филмот, секоја чест за изборот на места за снимање, секоја чест на режисерот.
    Актерската екипа е супер. Дури и Катарина е супер, одглично го говори тој ладино јазикот, јес да нејзиното гласче не е милозвучно, ама па надворешно беше совршена Ребека и соодвејствуваше на дама од 40сети години на 20тиот век. Не е девојката глумица се гледа, но реално не изглуми ни лошо. Се на се нека остане на ова, нека се занимава со мода, бидејки во филмов воодушевува со нејзиниот став и убавина, среќа немаше многу говор од нејзина страна :)
    Сашко си е супер, Тони не засмејуваше, голманот звани Африка беше одличен, Шербеџија исто е без утка одлично говореше дури и македонски, Димитрија како сопственик на тимот беше супер во улога на Митко Апостоловски. АМА врвот е тренерот Шпиц кој го глумеше Richard Sammel, предобар избор за тренер, Ричард мислам дека попрофесионално неможеше да си ја одигра улогата, јас сум фасцинирана од него, чиста 10ка.
    А за еротиката, за сцената со голите гради со Катарина беше се само не вулгарна. Тоа е блага еротика, во другиве наши филмови гледаме класичен секс, секаде има голотија, ова беше одлично направено. Што ако го гледаат децата? Па во секој филм тоа го има. Аман па ние не сме толку конзервативни, ме потсетувате со овие забелешки на Саудиска Арабија :^)
    Ми се допадна и полиглотски што е филмот од македонски, англиски, германски, француски, ладино, бугарски, спрски, хрватски ...
    Ми се допадна и приказната, составена од толку подприказни од една забранета љубов во тоа време, од меѓуетнички и меѓусоседски врски, од војна, па се тоа зачинето со нешто што денес е најважната споредна работа во светот, фудбалот, а тогаш било ништо, но ги веселел луѓето дури и во најтешките мигови, дури и при закани и секакви други потешкотии тие не потклекнувале, се бореле. Во цел филм има една насока, борба дал за љубов, дал за гол, дал за докажување на личното јас. Борба!
    Филм кој секој треба да го погледне и посакувам да има рекордна македонска гледаност.
    Оскари, глобуси и други тракатанци е многу тешко, не ретко сме потценувани ние, па мислам дека и академиите тука не се она што беа. НО гледајки го филмов се потсетив на низа филмови кои ги имам гледано од продукции кои се во неанглиското говорно подрачје, драми номинирани за оскари, токму на нив ме потсетува филмов.
    Секоја чест Дарко, филм кој ме задржа без да трепнам 120 минути.
    Ах и не памтам од кога не сум била во кино каде сум купила карти ден порано, бидејки нема карти, каде што нема едно слободно столче во сала и каде што на крајот сите аплаудираат ;)
     
    На ku4ence, Scar.Tissue, Stoimenovska и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.519
    Ако одите да гледате љубовен филм или филм за фудбалот, тогаш погрешна ви е потрагата. Изберете нешто друго.
    Не ниту националистички филм, туку ровко претставување на нашата реалност, ама ровко само во нашите очи, а вулгарно, тврдокорно можеби за оние кои и не им одговара.
    Да се разбереме, ова е се поинаку од снобовската смисла за уметност на Манчевски. Ама е типичен филм, укалапен, направен со цел навистина и да го освои Холивуд.
    Една поинаква приказна од елегичните кои сме навикнати да ги чуеме и видиме. Некако низ сета таа трагика се вовлекува и една секојдневност, вообичаеност на луѓето и нивните навики, а не само ужаснатост на човечковата пакосност заради свој мотив или сервилен мотив за ситни придобивки.
    Ако очекувате да ја видите Катарина и дека ќе ве остави занемени од воодушевување,нема да ја видите нешто особено. И не од инает и како што очекував, ужасна глумица е, во текот на целиот филм имав впечаток како да е на некој фотошутинг, а тоа особено дојде до израз веројатно по принцип на Павлов рефлекс во бикини во езеро. Плавуша е згадена од сцената, читав коментари на твитер од твитерџики кои се расфрлаа со своите знаења кои нивните 91 годишни дедовци им ги кажале дека такво нешто, жена во тоа време некому да покаже така гради,било незамисливо. Целосно погрешно и смешно. Освен по корзото во чаршија, кој знае што се случувало зад аголчињата длабоко во ноќта...Посекако таа не се прошета така во чаршија,ами се соблече од љубов и водеше љубов од љубов. Мене не ми пречеше воопшто, беше чекор нанапред од цела онаа наша као отвореност,а таква загушеност во некои стереотип,просто вчудоневидувачки. Значи, Катарина беше благоочајна како глумица, но ми стана јасно зошто е избрана. Затоа што има типичен еврејски изглед. Ковчата, со истакнати јаболчници, типичен нос и усни, толку, а улогата не беше издашна. Јасно ми стана зошто не е избрана глумица,која умее,затоа што и да немаме таква,со автентичен изглед. Ама морам да признаам, Катарина жено...жено...ти си една огромна жена... Хјуџ раменици, со Сашко можете да се лактате комотно.

    Приказната не е за една голема љубов или барем не како главен мотив,онаа романтична љубов помеѓу двајца, впрочем таквата е како заднински мотив кој предизвикува воздишки, како едноставна вистина, не морам да сум во Париз, не морам да сум во Ница, не морам да сум во твојата прекрасна мермерна палата за да ми е убаво. Ако те сакам,убаво ми ете баш тука, во овој прав, во овој момент, помеѓу овие летви,ајде да имаме љубов и да правиме љубов во облик на наши деца. Ако е тој кој те засмева, ако е тој поразличниот на кој можеш да му речеш - Прост си! (јас си го доживеав лично,зошто имав буквално иста врска како оваа,со дечко кој прави рими од се и не го интересира многу јавниот углед,туку неговото буквално - животиште,а и заедно го гледавме,па се буцкавме цело време,зошто ни беа прирдни сите тие нивни сцени) и пак да го сакаш бескрајно многу. И како конечно, по тек на случајностите, тука љубовта е и спас од сигурна смрт.

    Животот нема правила, да речеме дека треба секогаш да ги растегнуваш, па дури и да стоздадеш трето полувреме кое може да биде решавачко, нефер, апсурдно, незамисливо, тажно. Животот не е" секоја птица со своето јато", не е колективната мисла смисла, нема универзалност за да успееш и бидеш среќен, универзална е само љубовта кон него, неа, татковината, она кое го работиш и толку, се друго е пластична маса која мора да биде обликувана од твојата индивидуална мисла и желба.

    Од историска гледна точка (како не многу голем фан на историјата,ама дел што прочитав, дел што сум учела, што ми раскажувале дедовците итн итн), е реална претстава на нештата. Од секогаш сме биле аморфна маса, добродушни и едноставни кои пак и не поседуваат особена агресија за да ја истераат својата правда,ами суптилно или да се измолкнат или да им помогнат. Колку и да не навредува... Прво беа србите, се збореше српски, српски бан, српски весници, српски натписи по дуќаните, но се живеело... со ситни зајадувања и сепак оставен простор за да диши македонската душа, но подоцна следи бугарското кое е ситничаво, грдо, измачувачки, како сојузник на голем окупатор, бездушник, каде му се одврзани рацете да прави што сака се додека да се постигне целта,односно,целта ги оправдува средствата колку и да се болноумни. Но по теорија и по пракса, не можеш да кажеш дека тоа е така само затоа што е бугар, грк, американец или веќе не знам, тоа е типично човечко однесување кога нема поставено пишан закон, правило или внатрешни скрупули.Но, нејсе...ситничавоста и малодушноста зазимаат размери и да се удави и малку она кое луѓето ги прави среќни. Ако кога беа србите можеше да се загуши Боже правда,со Море сокол пие, тука не можат ни да истераат една сосема заслужена победа која ја стекнуваат од очаен тим составен од обични луѓе, до тим кој Шпиц го истера во секоја смисла да бидат добри. Една сосема наивна игра, има веќе политички размери каде се мери нечија супериорност и се крева моралот на една нација.

    Да не забегувам, а имам уште нешто да нашкрабам,но ќе навлезам во детаљи кои ќе ви го расипат филмот ако го немате гледано. Убав филм, со маааааали пропусти. Типично холивудски. Многу пати ќе ве натера да подзаплачете, па да се насмеете,згадите и огорчите.
    Ќе одам да го гледам пак,само да се расчисти гужвата. Ќе напишам уште нешто тогаш,ако сега сум пропуштила,а и претпоставувам до тогаш повеќето ќе го имаат гледано филмот,па ќе шкрабаме и за конкретни сцени.
    Но,прво, беше претопло, а второ, секогаш во таа гужва се наоѓа некој убер некултурен што дроби од еден крај на кино салата до друг. Ах и нашата некултура, 5 минути пред започнување на филмот салата е полупразна, ги пуштаат рекламите пред филмот, нив ги фаќа колективна паника и се пикаат набрзина, филмот започнат, *некоја птица си го бара своето јато* и станува цел еден ред за да седне на крајот...Луѓе,научете се,општа култура,аман веќе. Ми се правите културни,отишле на филм, а к од култура да се немало.
     
    На ku4ence, sadangel, Trendafilka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Го видов сега видеото, можам да кажам, алал да и е на женава, премногу храбра , успеала да избега.Ме растажи, кога и самата говори за нејзиното семејство, кое било однесено во концентрационите логори.Страшно и тажно е кога говорат за тие логори, што се не преживеале тие луѓе :( која енормна тага и болка ја носеле во себе си :x Не можам да се изначудам што човек бил тој Хитлер.
    Инаку, филмов сакам да го погледнам, од тоа што видов инсерти, сметам дека е совршен.Баш би сакала истиот да биде награден за оскар, иако малку тешко изводливо би им било тоа на странците, со оглед на тоа што не потценуваат, ама мислам дека вреди истиот да биде виден од странците, па и некоја награда да добие.
    А сметам и дека би било добро, да имаме уште многу вакви филмови, кои ќе доминираат и ќе бидат славни.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Филм за народ, приказна- просечна, фотографија- феноменална, глумци- квалитетни, музика –одлична. Сашко беше допадлив и на ниво, но имал и подобри улоги. Катерина изгледа прекрасно и не и замерувам премногу на глумењето бидејќи присуството на нејзиниот лик во кадар е магично. Добар маркетиншки момент е учеството на Катерина во филмот бидејќи доби големо медиумско внимание. Омилени ликови, бугарот, претседателот на клубот и германскиот тренер, брилијанти изведби, автентични до коска, секоја чест на актерите. Без здив ме оставија и прекрасните пејзажи и звуците на Баклава. Во фокус на рекламирањето на филмот се ставени љубовната приказна и фашизмот, но тој аспект на филмот ме разочара. И двата сегменти ми беа неуверливи. Сум гледала многу посилно филмови за егзодусот на евреите. Она што ме трогна и изненади во овој филм беше солидарноста, пожртвуваноста, несебичноста, пријателството, чувството за национален идентитет. Карактеристики што денес се на маргините. 7/10
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Отидов во кино и мислев ме чека примитивен, прост филм, како сите македонски до сега и бев препрепрепријатно изненадена. Не памтам филм да сум гледала а да не трепнам :lol:

    Целото снимање, фотографијата, кадрите се феноменални, се наежував кога ќе прозбореа македонски, ме маваше патриотизам дека и ние имаме нешто на филмско платно што вреди :D Катарина да ти е мерак да ја гледаш, тренерот совршена глума, фудбалот и доловувањето на моменти од утакмиците идеални.

    Дури ми доаѓаше да почнам да навивам одредени моменти и да аплаудирам, особено кога пенал изведуваа :D Сега чекам само момент на утакмици на Македонија да се пее "Море сокол пие" , па и пред утакмица на нашиве дрва да им го пуштат филмов мислам дека најдобар мотив ќе добијат :D

    Ќе идам пак да го гледам обавезно! 9/10 оценка, сега стискам палци некоја битна награда да добие, зошто стварно вреди.

    И ми се допадна последниот дел..." Тато сакав да ти кажам дека и жената знае да даде гол, играта трае две полувремиња и јас го добив натпреварот"
    и Људи су као кондури, идат у пар :D
     
    На pamelche, Adi888 и rossonerka им се допаѓа ова.
  12. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Од 4-7 овој месец е т.е. од утре го даваат во 19:00 и 21:00 а картите незнам колку се.Има табли по градов ке ги видиш сигурно :)
    Јас обавезно одам да го гледам макар и сама затоа што никој не ми е загреан за идање па ке пишам мое впечатоци :)
     
  13. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    Јас од понеделникот секој ден одам и никако да отидам...прашање: карти може да се најдат непосредно пред почетокот да речеме 9:30 - 10 ? или треба порано да се отиде :lol:
     
  14. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    ПРЕДОБАР ! :clap:
    На моменти комичен, на моменти се расплакав, ама сепак ги надмина мојте очекувања, глумата е одлична.
    Секоја чест :clap:
    Луѓето се како кондури, секогаш идат во пар :rofl: , се изнасмеав и врвот беше со поезијата погоре беше ичкртана :D
     
  16. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Прекрасен филм Долго време немам гледано ваква добра проекција Ги надмина сите очекувања.Музиката феноменална Дефинитивно ви препорачувам на сите да одите и да го погледнете А јас сигурно ќе одам повторно да го гледам ;)
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.759
    Уште нема од каде да се симне?
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Мислам дека нема, ама и да има препорачувам во кино да го гледаш :)

    Пријатно сум изненадена од филмов, конечно нешто наше нормално и убаво спакувано :) Посебно ми се допаѓа што има се во него, љубов, спорт, историја, секојдневие. На Кате глумата и беше очајна, но и не се приметува толку зашто беше единствен убав женски лик на кој се обрнува внимание во филмов, а и не се врти се околу неа.


    И после не било изводливо секс во вода, пфф..На Ребека веројатно и првпат и беше :D
     
  19. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Добро бе женски не бидете толку мрзливи, испочитувајте еден македонски филм со одење во кино.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас не планирам да го гледам, бидејќи многу ретко сакам да гледам филмови со оваа тематика, најчесто ги избегнувам, ме депримираат :) .
    Cе гледа дека е добар, од треилерот, баш филм, а не ко сниман со маалска камера.
    плус и глумците се супер, поготово Pаде, него го почитувам многу :)