Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    306
    Не има многу во ова тромесечие а не најдов ваква тема, ако има избришете ја :)
    Мамички колку често ве викаат докторите на преглед во ова тромесечие? Јас последно бев пред четири недели а ми рече следна контрола за 6, кој ќе издржи уште 2 недели едвај чекам да го видам бебчо :) на интернет прочитав дека на 2 недели се прегледите сега? |(
    За мене точно е дека пак почнуваат потешкотии, веќе сум многу тешка не можам да си ги заврзам патиките :lol: ме боли грб и тешко спиењето, ама затоа возбудата расте се подготвуваме за бебе купуваме и се радувам како мало дете, уште не ми се верува дека за мое бебе купувам:) после дома му раскажувам што сум му купила и некогаш ме игнорира а некогаш си мрда кога му зборувам :)
    Поздрав Мамички :*
     
    На ДомаСоЛеа и Mari* им се допаѓа ова.
  2. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    23.392
    Бас убаво сто ти текна да ја отворис темава chace, не има многу за во трето тромесеЧие. Мене докторот ми ги даде сите дати за прегледите од сега до крајот на бременоста и се на секои 4 недели, ваљда ако е се во ред нема потреба од поЧести контроли сепак они знаат :) И јас се осекам потеско иако не сум многу поправена сите ми велат дека стомакот ми е како за 4,5ти месец а јас сум во 7ми но тоа не ми е битно само синко да е добар. Досега имам купено само 2-3 работи не дека не сакам ама се си велам има време. Поздрав мамиЧки :* :*
     
  3. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    815
    И јас сакав да ја отворам, ама си ме претекнала :) Јас сум 30 недела и планирам оваа или наредната недела да одам на преглед. Последен пат бев во 26. Матичниот ми е пребукиран. Маж ми беше минатата недела да ми закаже и немало место, па сега мора да одам утре за нареднта да ми закажат. А и сакам да си земам упат за на клиника, бидејќи ми кажаа ако сакам таму да се породам сум требала да имам неколку прегледи.Бебуш мој е многу активен дење-ноќе клоца и тоа ме изместува скроз :D Баш се радувам...Купивме креветче, количка и на подарок добивме релаксатор. Рано е уште за купување алиштенца, тоа планирам наредниот месец. Инаку освен проблем со спиењето навечер немам други потешкотии. Одам на јога и пилатес за трудници и планирам да одам до крај и од вторник почнувам да одам на ГАК во школата за мајки. Поздравче
     
  4. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    306
    Луси вие сте почнале на големо да се спремате, сликни ги работите што сте ги купиле и стави ги во категоријата бебе, може ќе ни дадеш некоја идеја и нас :)
    Јас само облеки купувам, некако мислам дека ми е рано за друго, ама набрзо ќе почнам и со поголемите работи... :) Петок сум на брисеви, се надевам без проблеми ќе поминеме овој пат :tmi:
    Малку имам грижа на совест што не сум се пријавила за часовите за породување, Луси може да ми кажеш кога почнуваат и колку време траат? И дали ги има секој месец или?
     
  5. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    оди во темата вежби, таму го ставив бројчето...добро е да се пријавиш на време, велат доста корисни информации даваат. :?:

    Инаку и јас бев во 28 недела на ехо и незнам сега кога следно на контрола, ми рече дојди за брисеви во 32. Луси и јас помислив на тоа дека треба да се закажува на клиника бар некој доктор да се запознае, кој знае и тие дали почнале да пуштаат трудници, нели имаше застој. :(

    Паника ме фаќа за работите што треба да ги купам, облеката е многу скапа, 300 денари едно бенкиче,а такви 10 треба да земам. Количка незнам веќе која колку чини и каква сакам. Креветче имам, душек да купам...многу се распишував, очигледно има многу муабети во трето тромесечие :)

    Имајте убава недела трудници :inlove:
     
  6. Najmili

    Najmili Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    46
    Ne se sekiraj tolku Domakica edno po edno se ke se kupi...imaj si nekolku raboti za pocetok a podocna se sto ke ti treba ke si dokupuvas....imaj na um deka bebusot brzo raste i ako kupis eden ton raboti mnogu malku ke ki iskoristis@!!!! Jas seuste ne sum pocnala da kupuvam planiram nekade pocetok na osmi mesec.....Krupnite raboti kako sto se krevetce i kolicka ke mi gi kupat babite i dedovcite ...a ostanatoto sama malku po malku!!!Pozz do site mesinja
     
  7. mama27

    mama27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    173
    32 недела и сме влезени во 8-ми месец немам уште ништо купено,се нешто излегува...зимници,родендени,слави...само за убаво да е :) има време,ако не за алишта од батковците ке земиме за дада :D :inlove: :inlove: :inlove: ...
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.389
    Допаѓања:
    241.599
    Пол:
    Женски
    Домакица купи го основното за почеток.Остави нешто и бабите да купат :)
    Не ме свакај грешно но ако финансиите ви се послаби зошто купуваш количка?ке фати зима снег кај ке го шеташ со неа?јас со првото тек март купив а се роди септември.Купи си со тие пари нешто облека,постелнина,коритце,шишенце-неппходни работи.
     
  9. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Јас не видов дека има веќе тема Трето тромесечие од бременоста, па ќе ми каже ли некој како да ја избришам бидејќи овде гледам повеќе коментари...
     
  10. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    815
    Да не сте ни помислиле на ново да ги купувате количките и креветчињата, освен ако нормално не ви е ќејф и имате одвишок пари. Јас се си земав на старо од некој што веќе не му треба, а ги користел 2 години повеќе не. Многу сум задоволна многу ми се убавки. Еве ѕирнете ги...Сликата на количката е од нет извадена, но како нова е, башка целосно ја исправ дел по дел и ми мириса на орнел :) Имате на реклама 5 или пазар 3 огаси побарајте си или преку форумиве. Количката на ново кошта 400 евра јас ка купив за 100, а креветчето со се душече некаде 10 000 јас за 4000 го земав. на али експрес има ефтини работи, нарачајте си со време, облеки, играчки што ви треба, башка ќе ви донесат сигурно бабите, тетките и др. по нешто. Што се однесува до облека од другарките дознав дека во Стружанка има поефтинки работи, а не ви треба којзнае што бенкички и пижамчиња најважно.
     

    Прикачени фајлови:

    На natalinati и Domakica им се допаѓа ова.
  11. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    9.382
    Труднички еве и јас да се приклучам кон ова тромесечие ;)Јас ќе одам на преглед следната недела кога ќе бидам 28 кај матичната,ќе испитувам д-димери и скриен шеќер исто,а во 32 недела ќе одам во Ремедика за да се провери протокот на крв така ми рекоа кога бев на скринингот во 20 недела и потоа знам дека се прават ехо прегледи на две недели,ама ќе видиме
    Домачица мила има евтинки бодиња и бенкици во Анжи по 150,00 ден а и по други места сретнав комплет 3 или 2 бодиња по 230,00 до 350,00 денари,ама ситно и се собира
    .Еве имате поздрав од мојата бебушка,се раскоца нешто а до сега беше мирна,и гушки за нашите другарчиња во мешињата :) :inlove: :*
     
  12. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    22.123
    Пол:
    Женски
    Мешиња ајде и ние да се пријавиме тука...Сеуште се убивам со сметањево на недели и месеци,од денес сме 31 недела,ама јас незз дали сум крај на 7-ми или го почнавме 8- ми месец.хехе
    Ако има некоја што знае нека ми каже.Иначе сеуште не чуствувам некоја голема мака си одам нормално на работа,деновиве ке одам на контрола па ке прашам од кога ќе ми го отворат боледувањето???Имам голем проблем со кичмата мн страшни болки и не можам да спијам незз на која страна да се свртам.А иначе откако е синко карлично свртен ми престанаа киселините воопшто немам....Ама најискрено би ги трпела секојдневно само синко да се сврти со главчето надоле.
    Сега засега позз од нас мешиња најубави.
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.389
    Допаѓања:
    241.599
    Пол:
    Женски
    Боледување можат да ти отварат 28 дена пред терминот за рагање.Ако имаш одмор за користење подобро прво него користи го за да ти остане што повеке за бебушот после :)
    Јас имав 25 дена одмор и прво нив ги користев.Требаше на раб да се јавам на 19 ти ама се породив на 13 и одма се прекина одморот а почна породилното со самото рагање на бебето :)
    Кај мене мн убаво се поклопија термините
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    И јас планирам во 35 недела да земам одмор, па дај Боже да се роди бебушот на време и да не ме мачи, нели нема проблем и одмор да ти прекинат, а денот на породување да го отворат породилното.

    Инаку ние сме наместени, главчето е веќе свртено и редовно имам киселини. Нели и една дланка јадење е многу, бидејќи ме клоца по желудникот. Се ми се јаде, ама неможе, ме држи на диета. Од киселините и витаминските апчиња престанав да ги пијам.

    Тинче, веќе си влезена мила, осми месец е со завршена 30 и почната 31. Сега ќе те стигнам и јас неделава.
    Благодарам за советите за трошоците, некако паника ме фати, а помош финансиска никој не нуди. Нека биде се во ред со бебуш и мене, па ќе купиме тоа што се мора. Претпоставувам мала паника ме фаќа од периодот што следува, мисли ми доаѓаат како и што се може да се дешава...мајчинството не е мала работа, да се разбереме...
     
  15. Najmili

    Najmili Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    46
    Трето тромесечие од бременоста

    Jas uste malku ke vlezam vo tretoto tromesecie...sega sum 27 nedela od bremenosta. Pocnav da go custvuvam bebusko i sekoe negovo dvizenje dosta cesto....smo da mi e zivo iz zdravo...ova e tromesecieto koga konecno ke se zapoznaeme so malata princeza edvaj cekam. Inaku do sega navisitna imam prekrasna bremenost bez nekoi poteskotii. Malovo dusice epten e umnicko .....daj boze taka da isterame do kraj. Edvaj cekam da mi pocnat vezbite....od 3 Oktomvri pa natamu 4 nedeli pored na GAK. Mislam deka sega e idealno vreme da gi posetam bidejki sum 7 mesec i ne se znae koga maleckata ke dojde na svet....vaka mama da si bide podgotvena!!!!
     
  16. mama2

    mama2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    10
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.389
    Допаѓања:
    241.599
    Пол:
    Женски
    Не мора! Кажав веке погоре дека јас го отворив на денот на рагање на бебето.А се породив една недела само порано од терминот.Работам во болница и кај нас до јуни месец годинава мораш да го искористиш ланскиот одмор.Инаку тие денови ти пропагјаат.
    Јас треба средината на мај да се вратам на работa.Но бидејки постојат повеке опции за продолжување на породилното имаше шанси да го испуштам одморот.Затоа прво него го користев.
     
  18. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Мамички идни, јас бев крв да проверам, железото слабо (не е ни чудо анемична сум од раѓање) но докторот го загрижува тоа што секое испитување на крвна слика ми покажува зголемени леукоцити. Ме прашува заб да немам расипан (немам ниту еден бев на преглед), настината, болна не сум бев кај матичната. Можно ли е од гадењето, повраќањето насабајле и главоболки често имам ужасни да ми се покачуваат леукоцитите? Докторот вика можно е, ама пак ми е сомнително и ништо не превзема, веќе седум месеци. :^)
     
  19. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    А зошто ехо прегледи на 2 недели? Јас во Систина бев на 21ва недела за втор скрининг, на 24та за срцето на бебчето специјален преглед прават таму кај специјалист педијатар кардиолог, и сега ќе одам дури за брисеви во 8ми месец, на месец дена крвна слика и толку... ама секаде е различно гледам.
     
  20. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    67
    Do pred 2 godini otprilika vazese praviloto deka mora najdocna 28 dena pred termin da se aktivira trudnickoto boleduvanje...poveke ne e taka, koga i da se porodis moze da se aktivira...sekako dokolku i odgovara na trudnicata moze da go otvori i 28 dena pred termin, no toa poveke ne e ogranicuvanje...sto e super :)