Тридневна диета со хемиско дејство

Discussion in 'Диети' started by lepa.milena, Jul 16, 2012.

  1. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2011
    Messages:
    346
    Likes Received:
    161
    Еве диета што ја најдов на google, па пишете мислење. :D


    Ова е исхраната на Бирмингем болницата во Алабама, САД, што се дава на болни од срцето за брзо намалување на телесната тежина пред операција. Диетата е составена така, да доаѓа до комбинирано дејство од внесената храна, кои заедно дејствуваат хемиски на масните клетки во телото. Исхраната е безбедна и сигурна, но сепак, препорачуваме консултација со лекар.
    ПРВ ДЕН
    Појадок: црно кафе или чај, половина грејпфрут, 1 тост, 1 лажица путер од кикирики.
    Ручек: 1/2 чаша туна (мала конзерва) 1 парче тост, црно кафе или чај
    Вечера: 2 парчиња месо (90 гр), 1 чаша мешунка, 1 чаша цвекло, 1 мало јаболко, 1 чаша сладолед од ванила
    ВТОР ДЕН
    Појадок: 1 јајце, половина банана, 1 парче тост, црно кафе или чај
    Ручек: 1 чаша свежо сирење, 5 солени крекери
    Вечера: 2 виршли, 1 чаша брокула, половина чаша моркови, половина банана, половина чаша сладолед од ванила
    ТРЕТ ДЕН
    Појадок: 5 солени крекери, 1 парче сирење Гауда (помалку масти), мало јаболко, црно кафе или чај Ручек: 1 тврдо варено јајце, 1 тост
    Вечера: 1 чаша туна (голема конзерва), 1 чаша репка, 1 чаша карфиол, половина диња (од помналите дињи), половина чаша сладолед од ванила

    Исхраната е потребно строго да се почитува. Ако ги следите правилата, во три дена ќе може да изгубите до 5 килограми, а во 30 дена до 20 кг. Ако оваа диета ја држите повеќе од 3 дена, ви препорачуваме четвртиот ден да не држите диета, туку да јадете нормално (и во умерени количини!), Потоа, од петттиот ден повторно почнете со првиот ден од диетата. Да не се мешааат продуктите и да не се заменуваат. Можете да ги користите само сол и бибер и ниеден друг зачин. Таму, каде што износот не е одреден, нема граници, но сепак ние препорачуваме да не се претерува. Јадење или грицкање после оброците не е дозволено.
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2011
    Messages:
    3,333
    Likes Received:
    15,499
    ТРИДНЕВНА ДИЕТА СО ХЕМИСКО ДЕЈСТВО

    Многу ме потсеќа на таа Медицинската Диета или уште позната како диета на Жан Митрев, од која што јас имав страшно лоши резултати. Не ја препорачувам диетава. И самата викаш дека е наменета за оние со срцеви проблеми, па мораат да тргнат одредена килажа пред операција. Мислам, не ја гледам поентата да држиш ваква диета здрава - права, при толкав голем избор на други поздрави диети. Добро, ниту една диета со пропишан редослед и комбинации на храна не е здрава, ама за разлика од ова има доста поздрави и поефикасни. Плус никој не ти гарантира дека откако ќе симнеш 20 кила за месец, нема да ги вратиш истите во рекордно брзо време. Јас со таа на Жан Митрев, вратив 6 кила за 5 дена. Знаџи џабе се'.

    Од мене режимов добива едно категорично Не.
     
  3. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Joined:
    Mar 10, 2012
    Messages:
    145
    Likes Received:
    56
    ТРИДНЕВНА ДИЕТА СО ХЕМИСКО ДЕЈСТВО

    Мене ми изгледа ок, не гледам ништо страшно во неа и нездраво за разлика од аткинсовата на пример што е толку широко прифатена.
    Ќе ја пробам, се надевам ќе има резултати како што пишува :D

    едно прашање... се јадат едно по едно без да се мешаат или тоа не важи за оваа диета?
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,428
    Likes Received:
    17,803
    Gender:
    Female
    ТРИДНЕВНА ДИЕТА СО ХЕМИСКО ДЕЈСТВО

    Мене ваквите диети со храна мерена во грамови и милилитри ми се бул шит.
    Путер од кикиритки, сладолед од ванила, диња дрн дрн, ќе ми каже некој мене што да јадам.
    Секој организам и различен и различно реагира.
    Треба да држиме диета психички, самите да сме свесни што јадеме и колку јадеме, дали сме физички активни.
    Никаква диета нема да ни помогне ако самите не си помогнеме.
     
  5. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2011
    Messages:
    346
    Likes Received:
    161

    да, се се јаде едно по едно без да се меша.

    и јас не сум сигурна дали да ја држам... ама во секој случај и да ја држам, после ќе продолжам со режимот кој го применувам веќе месец дена (симнав околу 8 кг). И од оваа диета не ми се верува баш 5 кг за 3 дена, оти сепак како што пресметав, бројот на калории за еден ден од оваа диета изнесува од 1000-1200. 1200 се минимум потребни калории за женското тело. Ако ја држам оваа диета, тие денови што не го применувам овој режим, ќе форсирам овошје и зеленчук, ако консумирам масло тоа е маслиново, со месото секогаш салата за ручек, во денот до 2 парчиња црн леб, за појадок лимон, и до ручек јаболка итн :D :D :D