Феминки здраво неможев да најдам некоја соодветна тема ако има слободно избришете ја. Во топливе денови ми е голем проблем облакањето на фустан или кратки шорцеви нозете ми се тријат се потат и буквално боли ми се прават ранички.. Некој совет нешто како се снаоѓате со истиов проблем
И јас сум со мидерите на Помпеа . И талк-че се мачкам Баш имам проблем со вакво триење Затоа на плажа ретко фустанчиња, претежно бермуди си носам
На плажа не е проблем, и онака или си на лежалка, или си во вода. Проблем е низ град кога треба да шетам, без мидер не ја бива работата. Небитно дали носам тесен или лелеав фустан, проблемот е ист. Мене ни талк, ни лосион ми помагаат. За 15 минути ко ништо да немам ставено.
И јас имам ваква мака, затоа поретко носам сукњи или фустани. Ама кога носам се мачкам со помрсна крема или облекувам сечени хулахопки.
Имам слушнато за талк/пудра дека помага но лично немам ставано ради тоа што претежно носам црна облека и мислам дека ќе остава траги. Јас сум plus size што значи имам големи "бутчиња" И многу ми помогнува стикче што е за под пазуви, мачкаш и немаш гајле.
Баш сега ќе пробам со стикче . Т.е се намачкав веќе . Убаво ми дојде . Да видам како ќе ја поминам вечерта Намерно ќе излегувам со фустан вечерва , да го видам ефектот
Пиши искуство Стик исто помага и на девојки со големи циц.. ова сиСки мачкаш испод и тераш. И ова е испробано #шодапрамкосиимамсенавелико
Мене само тоа ме вади веќе години. Талкот е откако ќе се створи триење додека дезадорансот спречува. Е сега да не се штеди едно 20 секунди прскајте слободно и кога и да се осети триење пак се прска и нема гајле.
Да ти кажам искрено,задоволна сум Два часа бев излезена,нит ме зачеша,нит се вцрвенив,нит брунчиња ми излегоа Фала ти,мислам дека го најдов спасот. Со гради проблем немам фала богу
И ја имам ваква мака. Цела вечер на матурата ја издржав исто така со Dove стикче меѓу нозе, спас е ептен. И сега за лето, омилен трик ми е.
И јас сум со ваков проблем. Затоа никогаш немам облечено летно фустанче, а многу сакам. Сукна не иди во предвид. И шорцеви ми е страв да носам баш заради истово. Баш ќе пробам со стикче од Dove ако имам прилика да видам дали ќе успее и за моиве големи бутови.
Знам јас шо кажувам Мене ова нај многу ми врши работа. @Marina*F јас од стиковите како сапунчиња на вртење што се користам, пробај и со ролон може да може да сврши работа.
Баш ќе пробам и јас со стикче.Ставав крема по мрсна ама како се движиш таа упива во кожата и пак ништо.Ова за стиков прв пат слушам,баш ќе пробам.Ако делува ептен ќе ме спасиш летово