Во едно мало место крај Егејскиот брег, започнува приказната за трите сестри. Срдечна и топла како што е и нивниот живот, како што е и нивното воспитување и безгрижните мигови минати по уличките во родниот крај, меѓу пријателите и соседите. Емотивна приказна за Туркан, Донуш и Дерја, три млади девојки кои живеат среќно со својата мајка Несрин и таткото Садик. Но, времето секогаш пишува своја историја, па така и годините кои доаѓаат носат ветришта кои засекогаш ќе ги променат судбините на овие сестри. Деновите кога трите сестри ги споделуваа своите радости, својата среќа и младешки тајни се чини дека завршуваат. И ништо повеќе нема да може да ги врати тие дни. Богатото семејство Корман ја бара раката на Туркан за нивниот син Сомер. Родителите прифаќаат, Туркан се мажи и заминува во замокот на Корманови, каде набрзо ќе сфати дека сонот кој го сонуваше одеднаш ќе стане вистински кошмар. Сомер не ја сака својата нова сопруга и не може да го прифати тоа што му е наметнато, а таа, невината Туркан ќе се соочи со болната вистина која воопшто нема да биде лесна. Нејзината свекрва по секоја цена ќе реши да го одржи тој брак, а презирот ќе стане мачен и неиздржлив за младата невеста. Таа ќе мора да ги промени нештата и само така да се избори за својата среќа. Среќата која ја имаше во својата родна куќа, покрај своите родители и саканите сестри. Но, тајната која долго време ја криеле родителите на трите сестри е на чекор да биде откриена. Сенките од минатото носат неочекувани пресврти во кои сестрите ќе бидат ставени пред нови искушенија, но и нови разочарувања. Семејната приказна за „Трите сестри“ е базирана на познат бестселер напишан од турската писателка и глумица која во серијата го толкува ликот на мајката на трите сестри. Серија која за кратко време привлече голем број на обожаватели и успеа да ги спои животните драми во една безвременска телевизиска бајкa.
Почнав да ја гледам, но ја снимам и мноогу сум назад. Искрено,Сомер ми е огавен лик, ниту ми е убав, ниту има став, се однесува кон сопругата како кон дух, млитав и неспособен. Мине, не знам од кои причини, сеуште не ја разобличиле до таму каде што сум стигнало, но ми е премногу антипатична и како лик и како појава, мислам има скриени намери, а и да беше љубов во прашање немаше да продолжи со таквото однесување веќе кога Сомер влезе во брак, па макар и на хартија. Туркан ми е прекрасна во секој поглед, делува ранливо, а сепак е цврста, вистински приврзаник за семејството, а сцената со папагалчето кога го зема, ќерка ми ме тераше неколку пати да го премотам. Последно видов како Ручган или како и да беше го грабна кафезот...
Ја гледам на Сител. Дерја ми е многу иритантна.Тинејџерка со памет на збеснат тодлер. Серијата ќе беше подобра без неа. Мине е одвратен лик. Забегана. Во серииве претераа со вакви лудачки. Сомер е премногу глупав што не гледа каква е болна во паметот. Туркан иритира оти е премногу глупава. Премногу! Нема саглам лик. Сите се со некоја откачена жичка.
Dali nekoj znae kolku vkupno epizodi ima serijava? Ja sledam redovno i interesna mi e ama mrazam serii bez kraj sto traat so godini...
da i ja ko so gledav taka bese ama ne e isto deka tocno kaj nas sekogas podolgo traat a moze i da ja prekinat pa od esen pak da ja davaat taka pravea porano nezz sea kako e znam letno vreme nemase serii.
Три сезони е. Веројатно ќе ја прекинат, па ќе даваат некоја пократка во летниот период. А, дали ќе ја продолжат не знам бидејќи од некои серии само првата сезона ја даваа.
Da,taka bese i so edna druga serija so ja gledav isto ja prekinaa i ne ja prodolzija,pogore procitav deka Turkan ke se omazi za drug,mislam deka toa ke go napravi logicki koga ke ja doznae vistinata deka bebeto e na Somer,inaku vo drug slucaj ne veruvam deka bi go ostavila.
Сомер ми е тоолку антипатичен лик, што не знам како мисли да тера со вонбрачно дете и да крие од Турќан. Детето ќе порасне, ако ништо друго самото ќе се појави во животот на Турќан и ќе каже кое е, многу веројатно да сака татко и да е нон стоп крај неа. Ги лаже сите околу Турќан, целото нејзино семејство. Мине не ја можам, како појава ми е. Интересен ми е концептот и замислата на серијата, ама како по обичај ја одвеле во глуп правец. Девојkата од прозорецот ми е далеку поквалитетна серија од ова.
Спојлер: Понатаму Туран ќе ги слушне на Мине и Сомер и така ќе дознае дека е негова ќерка. Мине ќе се фрли од високо па ќе каже дека Сомер ја турнал. За возврат да ја смене изјавата ќе живее во нивната ќука па ќе и става лекарства на Туркан и ќе го изгуби бебето па опет драми. Туркан ќе стане пријателка со мајката на Мустафа. Ќе се појави ќерката на чичкото братот на Садик. Ќе биде болна. Тој ќе се промени ќе се смири со Садик и другите. Ручхан од време на време ќе се подобрува. Туркан пак ќе забремени.