Сега се сетив да проверам дали има тема за Троја и што да видам Срам да ни е на сите Мене ми е еден од омилените филмови. Хектор ми е прекрасен и Ахил секако. Секој ден да го гледам пак ќе си пуштам солзички на исти сцени. Дали и вас филмот ве допира толку или е само уште еден досаден историски филм ? Кој ви е омилен лик ?
Троја Meне ми е многу убав филм Ерик Бана е ептен секси во филмов, многу ми беше жал што умре А Брет се напумпал бајааѓи за улогава Но, пак не е мој тип Хектор, Хектор, уф ептен беше сексииии во филмоввв А јас сакам вакви филмови, од античко време, интересни ми се Така да мене овој филм ми се допадна, можеби пак треба да го видам, зашто само 1 го имам гледано, и тоа беше малце поодамна
Троја ми е еден од омилените историски филмови. Се согласувам со Лудото, Ерик Бана(Хектор) е ептен секси во филмот, го засени Бред Пит во секој поглед. Најтажен момент ми беше смртта на Хектор и кога татко му одеше да го бара телото од Ахил, е тогаш се исплакав ко кишна година.
Овој филм многупати гоимам гледано, и мислам дека уште 100 пати да го гладам пак ќе се расплачам. филмот мислам дека е еден од најдобрите историски филмови
Најубав филм. Ме потсеќа на детството. Кога бев мала го гледав секој ден и пак не ми стануваше здодевен. Иначе според мене е еден од најдобрите историски филмови, а ако не се лажам и еден од најскапите филмови. Секогаш допира до мене и ме тера да се расплачам. Омилен лик ми е Ерик Бана Спојлер штета што на крајот ќе умре И особено ми се допаѓа завршниот дел со говорот на Одисеј Спојлер "Ако некогаш ја раскажуваат мојата приказна, нека раскажат дека чекорев со џиновите. Луѓето се искреваат и паѓаат како зимска пченица, но овие имиња никогаш нема да умрат. Нека раскажат дека живеев во времето на Хектор, кротителот на коњи. Нека раскажат дека живеев во времето на Ахил."
Море како филм, филмиште! 100 пати го имам гледано, и 100 пати би го гледала, би плачела на истите места како и секогаш. Кога по грешка го убива Хектор братучедот на Ахил, кога Ахил дознава, кога умира Хектор, кога го бара татко му неговото тело. Море цел филм ќе плачам. Кај мене Бред Пит like it more that Ерик Бана, ама и вториов не е за бацање. Прекрасен филм. Се воодушевувам на глетките, на прекрасната сина боја на морето, на тие историски моменти, битките за Троја. Најдобриот историски филм што сум го гледала.
Мојот омилен филм. Го гледав уште од многу мала, така што кога учевме историја за Троја, вамте-тамте си знаев и си ги пеев лекциите на час Бред Пит е преубав во филмов, исто така и Орландо Блум... Филм кој има навистина убава и поучна содржина.
Уффф го сакам овој филм! Навистина е добар! ДА видиш и борба и љубов и почит и молење и бес и се! Можам уште 100 пати да го гледам 10ка му давам!
значи филмот е врв...може не сум плачел додека сум го глеал и несум приметил колку се секси Бред и Ерик ама затоа се восхитував на судбината на Ахил која што до ден денес посакувам да ми се случеше истото на мене :
Кога бев мала ги менував Троја и филмот за Александар Велики. Едниот, па другиот. И на двата се утепав плачејќи, се при срце земав. Смртта на Хектор..ај да не си се навраќам.
Лелее кога бев помала филмот секоја вечер си го гледав,ми беше преубав. Бред Пит одлично се снајде во улогата, а за Ерик Бана и Орландо Блум да не зборувам, омилени ми беа и многу си ги сакав.
Баш пред некој ден го гледав и тоа прв пат, не знам како досега не сум го изгледала и можам да кажам дека баш испадна таков како што се надевав, ме воодушеви, преубав...а ахил и хектор се преубави, совршени, единствено Парис ме нервираше во текот на цел филм, ми изгледаше како многу лекомислен и себичен
Баш денес го гледав повторно. Филмов е прекрасен .. Омилен лик ми е Ахил (Бред Пит) Уф кое тело го има A и улогата му прилега
Троја е еден од најдобрите историски филмови. Одлична актерска екипа + одлична глума + одлична приказна = целосно уживање -Омилен лик - Ахил поточно Бред Пит