1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трудниците зад воланот

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 3 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    До кога возевте/дали возите?
    Дали од самиот старт се откажавте, или пак до крај возевте?
    Имавте ли некои потешкотии при возењето?
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  2. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Јас возев до последен ден,немав потешкотии дури подобро ми беше кога сама си се возев си ги одбегнував дупките :lol: само седиштето ми беше поназат ама па воланот може да се подеси во позиција која ти одговара па така да супер си возев,уживам да возам па и во бременост нема пречка но да напоменам за оние кои се стресуваат при возење да не возат да не се напнат низ градов е хаосно.
    Сепак доколку сте во можност други да ве возат одберете ја таа опција после 6 месец.
    Поздрав и пријатно возење.
     
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    јас си возам ама тука низ населба и на помирни места, не можам низ гужвиве низ град ем се нервирам јас ем и бебушко се нервира, а и преку ден само возам , навечер многу ама многу ми сметаат светлата и никако неможам а и така после 11 не смеам да возам...
     
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас возам секојдневно и планирам да возам додека одам на работа. Ужасно ме нервираат таксисти, за да се откажам од колата, со тоа што излегувам сабајле порано за да избегнам гужви и возам повнимателно од претходно.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    И јас сеуште сум зад волан, иако гледам и практикувам тоа да е поретко, само кога е маж ми на работа, кога морам сама да отидам некаде.
    Инаку се потешко ми станува возењето, мачно ми е за на назад, мака ми е за појасот, ми смета воланот, бебето мрда ме буни :lol:
    Од друга страна пак, како што кажа Лео-н-тина ми е подобро ради дупките, си прилагодувам мене како ми одговара.
    Но, осеќам дека рефлексите и концентрацијата не се исти во бременост.
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.400
    Јас при двете бремености престанав да возам во 7-ми месец.
    Првиот пат затоа што имав многу големи отоци на нозете, па рефлексите ми беа многу послаби, и решив дека е доста :)
    Вториот пат од седми имав патолошка, па ич не возев, лежев.
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Планирав, иако е се во ред, 9ти месец да го уживам и да паузирам со возење. Ама тешко дека издржав, па еве ме уште возам. Се откажав од непотребно возење, на пр до град или до некој супермаркет, па или одам пеш, или златен автобус. А за кола кога има потреба да го земам или однесам мојот драги на работа тоа само неколку пати во месецот. Ја завршив таа тура за овој месец, па се надевам ќе ме возат само мене од неделава натака.
     
  8. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Јас пак, баш сега најдов да земам часови за возење.. Сум решила да си го возам бебчево па макар и седиштето го тргала скроз назад :lol: :lol:
     
  9. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Јас имам земено часови, ама ете некако не дојде ред да полагам.
    Е сега сакам пред да дојде бебчето да положам, ама не знам дали може да се полага во 7-8 месец бременост. :^)
    Да не ме вратат? :o
    Има некој искуство?
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Седи мадро мирна и уживкај си. Има време за полагање, а сега баш во тој период никакви нервози и стресови не ти се потребни, дека да бидеме реални, на секој почеток на возење, гужви, стрес, меше смета
    пораздразливи сме, најдобро почекај си на раат да си положиш, отколку со нервози и стрес баш тој период. Јас го возам мм само неколку пати во месецот 3 или 4, ама сега 38 недела за некој ден, не ни помислувам и да има потреба да се нафатам.
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас мислам обратно, подобро сега заврши си ја таа работа додека немаш обврски и додека е убаво времето, отколку да треба да го оставиш бебето за да земаш часови за возење во период кога ќе ти фали време за себе, бидејќи ќе ти треба возачка дозвола за да си ги завршиш сите обрски што можеш сама, без да зависиш и чекаш во секоја прилика некој да треба да има обврска да те носи, зема, пренесува..
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ^ И јас баш поради тие причини сакам да положам пред да се роди бебчето, инаку часовите ги имам извозено, останува уште возачкиот испит.
    Муабетот ми беше дали можам да полагам со толкав стомак, да не не дозволуваат. :)
    Ама еве сега се јавив на инструкторот, ми рече дека немало проблем, дури може сега и да не ме враќаат како што знаат, ќе ми прогледаат низ прсти.
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    ;) Сигурно ќе ти прогледаат низ прсти и ќе гледаат што побрзо да те поминат, не се толкави бездушници да малтретираат трудна жена :)
    Што побрзо зи завршиш, тоа подобро, бидејќи сега за тазе возачи нели има и некои ограничувања кога може да возат, да ги придружува искусен возач...бла бла бла. Порано немаше, ама сега ќе треба и на тоа да се внимава.
     
  14. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Јас си возев и пред тоа, а и одма штом дознав дека сум трудна бев решена дека ќе возам.
    Еве веќе сум 5 месец, и сега за сега немам проблеми со возењето (да чукнам во дрво), и не се согласувам со тоа дека трудниците се расеани за време на возењето. Можеби за др работи, но концентрацијата за време на возењето е максимална, зашто возиш 2-ца не е еден.
    Според мене не треба да се избегнува возењето, туку да се избегнуваат подолгите релации.
     
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Муабет ќе скршиме кога ќе бидете 9ти месец, или крај на 8ми. Па да видите кога на сред возење бебе јако мава, турка, или па не дај Боже лажни контракции да те фатат, да не знаеш која педала е кочница, а која гас и каде возиш. Тукву заради ова прекинав со возење при крај на 9ти оти не сакам да ризиквам. Додека се чувствував сигурна и спремна да, ама сега е се неизвесно и подобро да почекам него да се каам цел живот. А дали ќе одиш и ќе положиш сега, бидејќки само за полагање ете било, или после 2-3 месеци од кога бебуш ќе се роди некој час работа не игра улога. Ако си доволно самуверена и се чувствуваш ок тогаш пробај, ако не почекај уште малку ништо нема да те чини, туку порелаксирана ќе си и не со големо меше да ти смета кога возиш и се пресегнуваш лево-десно да процениш ситација при возење.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Мој совет би бил, ако немаш трема, страв тогаш полагај, а ако имаш да знаеш дека ќе ти биде помачно со оглед на тоа дека си бремена.
    Јас сеуште возам, немам избор, кога одиме на лекар посебно, го оставам маж ми на работа и морам да си дојдам дома , па до дома си возам јас. Мачно ми е , ќе излажам ако кажам не, посебно за паркирање, зошто неможам комотно да се вртам, да гледам, па среќа трите ретровизори се тука.
    Сега нешто зеза сервото, па се тепам со воланот :envy: ама добро некако се излегува на крај.
    А за тоа дека рефлексите се поинакви , тврдам со глава. Пред бременост на крај на светот да ме пуштиш ќе отидам сама со кола, додека сега, дали и потсвесно доаѓа грижата, ама не се осеќам така самоуверено зад воланот, затоа 50-60км/ч се доволни, и со нив секаде се стасува.
     
  17. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Јас возам сега и мислам дека ќе возам и понатаму... сакам да сум независна... не сакам да сум врзана за некој. Ако сакам да одам да пазарам ќе одам сама не сакам да сум товар на некого...
    Нормално многу пазам... гледам да не ме преплаши некој, да не ме удри некој... не возам брзо.. многу внимавам.. ама некогаш колку и да внимаваш... некој друг може да те удри.
    Па затоа и не знам колку е исправно да се вози во тек на бременост... заради некоја будала не дај Боже може да ти се искомплицира цела бременост.
     
    На Miss-HeLL, Forko и SimonaTino им се допаѓа ова.
  18. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Што е со службено возење? Дали некој од вас има потреба да патува со кола преку работа? Моето искуство сега на почеток е дека немаат баш многу емпатија...им пожелувам на тие што ме малтретираат да ги возам, да го доживуваат истото за нив!
     
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ооооохохохохох, кога ќе замолам некој да ми заврши работа уз пат пази молим те, ми вика грбава да не си да си земеш колата и да се завршиш работа? Уште како да не е доволно, ќе ме натрупаат со уште толку обврски по жештиниве да неможам да се смирам со саати после. Истото и јас им го посакав, идиоти бесчуствителни. Ај сега за сега не ми е незнамколку проблем, ама ко ќе ми порасне уште малку стомакот, ќе се прашаме. :@
     
  20. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    и јас сум скоро 5 месец и сум шумахер :devil: