Ја видов темата за пешачење од @ALISA0000 и мислев би било добра идеја да имаме и за трчање. Овде може да споделиме колку често трчаме, колку километри трчаме, совети и мотивација за поголема кондиција, апликации за следење на рута за трчање и километри и слично. Имам идеја секоја недела да си правиме како Social club running каде ќе имаме зацртано цел од одредено време или одредени километри кои треба да се истрчаат. Но, прво да видеме колку кандидати ќе има? Секако може индивидуално секоја цел да си ја постирате, а постовите кои ќе бидат дел од предизвикот Social running club ќе ги означуваме со hashtag или некоја посебна ознака доколку ви се свиѓа идејата.
Епа еве јас како човек без кондиција да си искоментирам прва на темава. на апликацијата (healthy Huawei) целта ми е поставена на 30 мин трчање дневно и бидејќи 8 сати ги поминувам на работа а останатото со домашни обврски во денот трчање ми се фаќа околу 10 мин Е сега малку и оф Топик ама мислам дека може ваква тема да се отвори и за возење велосипед.
Сакам да почнам да трчам летово, до сега само пешачам. Кога и да сум пробала да трчам сум немала воопшто кондиција, срцето ќе ми летне и ме сече во долниот дел од стокомакот од страна Има ли running clubs во Скопје?
Дефинитивно може, идејата ти е супер се придружувам и таму искрено мислам дека не ти треба running clubs, на почеток трчаш 1 минута потоа пешачење 2-3, па пак 1 минута и повторно пешачење. Факт е дека кондиција не се стекнува преку ноќ, но и не треба телото нагло да го умориш. 1-2 недели трчај по некоја минута и потоа продолжуваш со пешачење. Мене ми е подобро кога го правам тоа сама бидејќи кога одам со некој и кога правиме муабет се задишувам многу... Исто е важно да вежбаш со дишењето да вдишуваш низ нос длабоко и да издишиш низ уста, барем мене ова ми помага и кога се фокусирам на дишењето не ни приметувам дека сум поминала одредена дистанца..
Дали некој знае кој модел точно се Најк патиките за трчање од сликата, и овие десно што марка се? Може и предлог други патики за трчање
Nike zoomX 3 се овие лево Овие десно се Hoka Странство ако ги нарачуваш околу 150 евра а кај нас се 14-15 илјади. Ако си почетник нема потреба од толку скапи, имаш голем избор на порекреативна класа патики (2-3 илјади), Adidas Duramo, Nike Revolution... И слично
@Seli20 Според мене, дај му време на телото да стекне кондиција. Пример, за почеток започни да трчаш по 5 или 10 минути (зависи колку можеш). Една недела така, да се навикне телото. Потоа зголеми за 5-10 минути и ќе биде, ќе ја стекнеш потребната кондиција. Само не се откажувај. Совет за мотивација би ти рекла додека трчаш, да слушаш музика која ти е омилена, веднаш те развеселува, ти дава самодоверба
Сум пробала пар пати во животов да се научам да трчам, ама секогаш многу ме болат зглобовите на нозете. Буквално после 2-3 минути почнуваат да ме болат, максимум имам издржано 10 минути. На сите им е така, треба да се навикнат зглобовите на редовно трчање? Или ја трчам лошо?
Па зависи... Телесна тежина, истегнување пред трчање, состојба на мускулатура и слично. Ама најчесто нормално е.
Одлични се Adidas Duramo веќе ги користам некое време Дали постои апликација која мери дистанца и време во затворен простор, т.е на справа за трчање? Страва не ми работи без локација
Трчам два пати неделно по 3200 метри, никогаш не сум трчал повеќе од ова, не гледам ни потреба истото е барање за влез во мвр во било која единица значи ако го исполнуваш како стандард имаш супер перформанси, гледам да се движи времето до околу 15:30 но денеска жешкото време и алергијата од липа си го направи своето.
Неколку типс вака - Секогаш почнуваш полека, почнуваш трчање кратко и зголемуваш време, не дистанца и измеѓу правиш паузи со одење. Кога ќе напреднеш, ќе мериш и дистанца. - Загревање обавезно со бавно трчање. Мора да се осеќаш како блаааго изморено за да знаеш дека си загреана па да се пуштиш на подолго трчање. - Најди си брзина за трчање при која нозете ќе ти се изморат пред да изгубиш здив. Ако прво се задишуваш, значи пребрза си за моменталната кондиција и треба да успориш. Со тек на време ќе осеќаш дека можеш побрзо. - Кога трчам гледам торзото да се движи само напред, со самата насока на трчање. Не да рипам премногу горе-доле, не да го вртам лево-десно. Ова ми помогна за таа болка во стомак што се јавува. - Исто и општо полека да стекнуваш кондиција и да правиш паузи кога осеќаш веќе многу умор. Оти во спротивно се форсираш, патернот на дишење го форсираш, формата ја расипуваш и пак добиваш таква болка.
И јас да се пријавам на темава. Почнав да трчам на рамно редовно од април оваа година, предходно секој пат кога ќе пробав, ја напуштав идејава по 1-2 недели. За да не се повтори истото овој пат, почнав да се пријавувам на трки, до сега имам учествувано на неколку од 10км и уште неколку помали. А најголемата мотивација ми е полумаратонот за кој што се спремам во октомври. Чувството кога ќе стигнеш до целта е толку пријатно, толку сум среќна и еуфорична цел ден после тоа, што барам да го искусам одново и одново. За мене еуфоријата настапува од 8миот километар, натака, барем за сега. Ако постои позитивна зависност од нешто, можеби ова е тоа. Е сега, на почетокот и јас имав воспалени на торзото, рацете дури, нозете ми беа во ред воглавно бидејќи вежбам редовно долго време, а и планинарам многу често. Планот за вежбање сега ми е малку сменет за да го има во предвид трчањето. Секоја сесија правам неколку разни вежби за стомачните и грбните мускули, како и вежби за горниот дел од телото, а и аеробен тренинг во сала. Веќе немам проблеми со воспаление на страничните стомачни или рацете. Мојот најголем проблем е што се водам по нови гаџети и опрема некогаш, па така сменив патики за планинско трчање и преминав од La sportiva на Hoka и веќе трета недела ме боли hip flexor-от. Разликата помеѓу двата пара е огромна, телото мене ми е навикнато на рамна патика во која ја чувствувам земјата под мене, а Hoka-та се ептен удобни, совршени дури на почетокот, ама првото планинско трчање со нив надолу, ми се случи повредата. Така да, експерименти со нови модели веќе нема да правам. За на рамно користам најобични Адидас патики, не се ни сеќавам на моделот. За сега ме служат. Од искуства на блиски луѓе до мене, некои врвни тркачи кај нас користат Nike pegasus модели. Кога станува збор за следење на трчањето, си купив Xiaomi S1 Active саат. Сосема солиден, мери многу активности доста точно и е третина од цената на Garmin. Планот за трчање е по препорака на личниот тренер, но исто така постојат апликации кои можат да ви создадат план за трчање основан на вашата моментална подготовка. Една од тие апликации е Runna. (Не е бесплатна, ама добиваш free trial од две недели) Кај мене тренингот кој го има во фокус полумаратонот за сега оди вака: Понеделник - трчам полека (минатата недела беа 6км, ова се зголемува како напредуваш) Среда - слична должина поделена на споро и побрзо трчање Петок - трчање на долга дистанца (се зголемува постепено) Во вторник и четврток вежбам во сала, а недела на планина.
Браво и среќно на полумаратонот За патики.. до сега трчав со Adidas Galaxy 4 и едни други Адидас што немам појма кој модел се... вчера бев да пробам Hoka и Nike zoomX 3, чувството и во двете беше исто но ниту една не ми "легна" на ногата како што очекував. Имам слаба нога и се чувствував дека и со стегнати врвки не ми беше тоа-тоа. Кој модел на Hoka ги имаш? Јас пробав clifton 9 За следење на вежби користам Strava, единствен проблем ми е кога вежбам во сала не ми мери но ќе пробам со апликацијата од Викор се надевам ќе биде оккк
Ги имам Rincon 3. Ептен импулсивно ги купив да бидам искрена, тргнав по други тогаш, завршив со овие. Слушнав добри критики за Hoka генерално, а и многу ги носат на планина, трчаат на стаза или треил со нив исто. Нареден пар за асфалт најверојатно ќе ми бидат некои од Asics, и тие се фалени доста, а и нешто поефтини се. За треил ќе се држам до La Sportiva Bushido 2.
ако некој отворил ваква тема нека каже Јас сум во план утре да посветам малку повеќе време на трчање. Инаку не можам да трчам повеќе од 40 сек па затоа комбинирам 30 сек трчање 30 сек брзо одење.
Сите што почнувате од нула, за да имате план, симнете апликација со планче. 1. Start running - бесплатна е, поделена е по нивоа и за секоја наредна недела зголемува по минута до две. 2. Runna - оваа можеш да бираш план зависи кое ниво си само некои се плаќаат. Ама тој што е за почетници - My first 5k, не се плаќа и повеќе ми се свиѓа лично од претходната апликација зашто освен временски, повремено вметнува и спринтови за да вежбаш и брзо трчање. Али сепак на почеток ептен побитно е на време да накачувате. 3. Just run (Zero to 5k) - слична ко првата, исто бесплатна.
Нормално е да болат мускули од замор, но зглобови не е нормално да болат. Штом ја болат зглобови има 2 варијанти, или има прекумерна телесна тежина па трчањето е контра индицирано за неа, или има некој инфламаторен процес во зглобовите па при напор се воспалуваат. Не давајте такви паушални совети, со иневизирање на болката може сериозни последици на здравјето да си направи. Најдобро да се обрати на ортопед, физијата или трауматолог за по детален совет.