1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тул, тантела, хартија и други материјали за декорација на свадби и други свечености

Дискусија во 'Свадба' започната од Nana19, 13 март 2015.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Луѓе тука може да коментираме каде можеме да си најдеме соодветни материјали кои што ке ни помогнат во украсување на нашите свечености и домови...
    Конкретно мене ме интересира каде има магацини што можам да си набавам на големо тулови , оние траки што се прават рајнери за маси и сл
     
    На bussines-woman му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    Лелее супер тема, и мене ова ме интересира
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    И јас разговарав со некои декоратори но не ми одговара ретеруваат со цените по 12.000 денари бараат а јас си израчуван и сега за сега ме кошта само 1300 денари да купамм материјал да си ја украсам салата ....само ме интересира каде има оние магацини на големо да си купам тул,оној материјал како салфетки што е, оние кристали каменчиња и сл...ако некој знае нека не испрати на право место
     
  4. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    да даа, и јас кога ќе правам свадба сама ќе си украсам се пошто не е некоја филозофија за украсување, многу е лесно и 100 пати поефтино, да ги украсиш столовите и салфетките да ги наместиш убаво. и да им платам на некои за џабе. јас се сама ќе си украсам, покани декорација на сала, китенки, бонбончиња па дури и бидермаерот сама ќе си го направам :D 10486037_10201559342425947_1916228039140122844_n.jpg
     
    На Cinderfakinrella и anina им се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    и јас сама ке деорирам веке време ми е ама нз кај има магацини што можам да земам на големоо
     
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.247
    Допаѓања:
    7.977
    Пол:
    Женски
    Јас повеќето материјали си ги купив од женски пазар. Има неколку продавнички, земав тул цела онаква ролна голема, онаа хартија како салфетка што е и сл. И многу други ситници. Све сама си направив, сите украси и китенки, освен салата во ресторанот ми беше подарок од самиот ресторан и бонбоните што се даваат со торта си ги нарачав. 100 пати поефтино е сам да си направиш.
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    како се викаат продавниците да не заеш ?
    и како одат цените ?
     
  8. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Veki4kaa, точно е дека не е никаква филозофија сама да си украсиш сала и е поефтино.

    Но, колку и добро да си организирана со време и подготовки, се сомневам дека утрото (на самиот ден на прославата) ќе имаш време да украсуваш и сала. Земи во предвид дека најверојатно и претходната вечер таму би имало друга свадба. Значи ти останува украсување на самиот ден. А, каде е времето за шминка, коса, облекување, фотосесии по дома, со родители, со сватови?! Ова под услов буквално да мислеше дека сама ќе украсуваш. Но, дури и да организираш твои блиски да го завршат тоа, зарем тие луѓе не треба да имаат време исто да се подготват за веселбата (шминка, фризура), зарем не би сакале да бидат со вас во матично и црква?!

    Декорациите што ги нудат рестораните најчесто се сведуаат на избор од три, четири бои: црвено, златно, виолетово и некаде боја на праска. Толку. Ако не сакам декорација по шаблон, секако дека ќе побарам услуги од некој што го работи тоа добро.

    Од друга страни, оние што работат декорација се цели тимови и се толку уиграни што работата ја завршуваат за неверојатно кратко време. Не правам никому реклама, муабетот ми е дека навистина сметам дека постои реална потреба од такви услуги од професионалци.

    Ова погоре се однесува на декорација на сала, додека китенки, бонбони и декорација дома без проблем можеш сама да си изработиш.:) И тоа би било некаква заштеда. :)
     
    На BunnyGirl, Kom.pot, НаталиЛили и 6 други им се допаѓа ова.
  9. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Во Пантер Мис има на големо. Од таму се снабдуваат цвеќарнициве по градов. :)
     
    На Nana19 и Avokado им се допаѓа ова.
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    А да пробате на алиекспрес. Пошто таму се има.
     
  11. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    363
    Kaj e ova?
     
  12. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Во Визбегово.
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi Јас си планирам иако сеуште не сум ни верена, матичното дефинитивно нема да ни биде во ист ден со свадбата , што со тоа ќе добијам повеќе време,а за декорацијата во сала мислев само на салфетките и тие на столовите што стојат, салфетките ќе ги направам друг ден треба само да се стават по масите, а тие украсите на столовите што се ќе направам едно во салата во која би била свадбата колку мерка да земам после дома ќе ги направам по таа мерка и само треба да се стават на масите, со неколку девојки ќе ги ставиме и готово се ќе е средено. не верувам дека ќе одземе многу време да се стават на столчињата тие де незнам како да ги наречам :D истото важи и за салфетките, па може и персоналот на ресторанот да помогнат :P а ако нуди салата декорирање, тогаш за мене уште подобро барем со тоа нема да се мачам, ако имаат избор на бои ќе биде супер, ако не сама ќе си ја украсам. ако се сака се се може :)
     
  14. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Во Пантер мис бев лани на крај на летото, зашто во октомври правев свадба и немаше многу избор споредено со крај на мај односно почеток јуни кога бев со другарка ми за да подразгледаме. Цените на тулот им беа повеќе од пристојни - зависно од квалитетот од 300 до 600 денари беа за ролна. Преуаво ештачко цвеќе имаат, иако не сум љубител на вештачко цвеќе, може да биде убаво дополнување на природното. Исто така имаше веќе готови украси за невестиски бонбони, венчиња за врата, свеќници за главна маса, позадини...

    Исто така бев и на битпазар, сигурно ја знаете уличката што поминува меѓу пазарот и женскиот пазар, има коцка па продолжува со асфалт. Штом го поминете влезот на женски пазар (не влегувате) и продолжите 50 метри право, од лева страна ќе видите има две продавници налик на трафики, едната е повнатре другата по на средина од ширинката доаѓа, на десната страна на улицата се продаваат ќебиња (висат) - се надевам добро објаснив. Во двете продавници нема што нема од материјали, камчиња, машнички, цвеќиња, земја на чудата ми беше. Само имајте слика за што сакате да правите, оти внатре се изгубив во сите луди идеи кои ми паднаа на ум.
     
    На bussines-woman, Nana19 и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  15. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Лелеее ова е лудница. Пантер мис имаат и веб страна, побарајте ги, ќе се изгубите уште од дома :) Дефинитивно ќе одам да си изнакупам се што ми треба за свадата од тука наместо да лутам по чаршии и пазари :) Фала ви на сите што го спомнавте ова и на @Nana19 за темава :*
     
    На lady.N и Nana19 им се допаѓа ова.
  16. annaa22

    annaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Здраво женски би сакала да прашам каде може да купам материјали за украсување онлине??
     
  17. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.130
    А дали се уште работи продавницава? Оти гледам не им е активна ни веб ни фб страната... :/
     
  18. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    38
    Имам разбрано дека само пола асортиман имаат,им се распаѓало,као брака го дрзат е муабетот па се скарале..бла бла,се надевам ке се среди зашо јако место беше
     
  19. Талкачка

    Талкачка Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    луѓее деновиве сакам да одам до пантер мис( до колку часот работи?) но ми кажаа дека има уште едно љуљиште спиром на пластичарска...друге слични дан знаете каде се наоѓаат? точна локација ми треба зашо сум од друг град 4ти ноември свадбица се друго спремноо уште ова ми остана
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Сакам да ми биде украсено со цвеќиња од хартија. Дали би ми било поисплатливо свежи цвеќиња на маса или хартиени? Не знам кој изработува, да прашам за цени...