Тумор на мозок

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од majamace1, 25 декември 2011.

  1. majamace1

    majamace1 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    МОЈАТА МАЈКА ИМА ТУМОР НА МОЗОК ПОСЛЕ ДОЛГО ВРЕМЕ КОНЕЧНО МИ ПРИЗНА ДОДЕКА СЕ КАРАВМЕ........ ;( КЕ УМРАМ АКО НЕШТО И СЕ СЛУЦИ ЈА САКАМ НАЈВЕКЕ ОД СЕ НА СВЕТОВ НЕМОЖАМ ДА ПРОДОЛЖАМ ДА ЖИВЕАМ БЕЗ НЕА МНОГУ МИ Е СТРАВ ВЕ МОЛАМ КАЗЕТЕ МИ СВЕ СТО ЗНАЕТЕ СИМТОМИ ЛЕЦЕНЛЕ СТАДИУМИ ВЕЕ МОЛААААААААМ ;( ;( ;( ;( ;( СИГУРНО И ВИЕ ИМАТЕ НЕКОЈ ВО СВОЈОТ ЖИВОТ БЕЗ КОЈ НЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВЕ МОЛАААМ
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    ТУМОР НА МОЗОК

    Еве ти сајт кој ќе те запознае со некои поими, видови, лекување....
    http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=565
    Бараш одговори кои се достапни кај специјалист. Знам дека си под шок од таква вест ама нејзиниот живот зависи од рацете да докторите.
    Се надевам дека ќе најдете решение и мајка ти ќе биде добро (има случаеви каде што се и 100% излечат ако се утврдат на време)
     
  3. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    75
    ТУМОР НА МОЗОК

    Мајамаце многу ми е жал, се наежив додека те читав. Се надевам дека мајка ти била по лекари, бидејќи како што знам само со магнетна резонанца може да се открие. Имавме случај во семејството но мнооогу одамна кога немало МР и не знаеле што и е , бидејќи имала чудни симптоми од типот грчеви и напади, ги завлекувала нозете, а потоа почнала да го меша реалниот свет. Туморот го добила од сообраќајна несреќа со повереди на главата и тешки хематоми. Се надевам дека мајка ти била на испитување и доколку е мал туморот може да се отстрани со операција. И посакувам здравје на мајка ти.
     
  4. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски
    ТУМОР НА МОЗОК

    Ме растажи... И посакувам успешно лечење и уште доооооолго да си се гушкате со мамичка
     
  5. majamace1

    majamace1 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ти благодарам мојата мајка е одлично носеуште има тумор нема никакви симтоми освен еднаспред 10 месеци коага се онесвесни на некои 1минута две воопсто неизгледа како особа со тумор но зборев со неа и она вика дека зборела со докторите и дека секој 3 цовек има тумор кој не е активиран и само е таму не унистува нисто не се шири као да не постои само требало да се внимава да не се активира да не знаеш несто во врска со тоа или тоа го кажа само да ме утеши? ЈАС СЕУШТЕ НЕ ВЕРУВАМ КАКО ТОА ДА Е САМО ЕДНА ЛАГА НЕМОЗАМ ДА ВЕРУВАМ МАМА Е ТОЛКУ ПОЛНА СО ЖИВОТ
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Јас како што знам постојат такви бенигни, доброчудни тумори, кои си стојат, но не штетат. Ама треба да се прават редовно контроли за секој случај, да не настане некоја промена. Затоа не паничи, може и навистина е како што ти кажува :)
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    Од познајничка имаше мајка и` тумор на мозокот, ама со преголема воља за живот и оптимизам се излекува и сега е супер. Децата и` беа средношколци, навистина тешко поминуваа низ тој период, посебно девојчето се грижеше и за мајка си и за куќата, ама кога сте заедно сте посилни!!!

    Биди и ти силна за мајка ти!! Дај и` подршка, а не солзи. Верувај и навистина може да се излечи!!!
     
    На gjoker4e, I.love.your.lips и danniela5 им се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Има секакви тумори и тумори. Самиот збор тумор не значи дека е готово за некого. Зависат од тоа како прво какви се, дали се бенигни или малигни. Потоа зависи од тоа каде се наоѓаат, колкави се, и покрај тоа ако се бенингни дали расатат и со тоа создаваат притисок на мозокот, или си стојат кај што се со години и не се менуваат. Да, овие доколку се пронајдат, рутински се проверуваат за да се држи око на промени кај нив.
    Точно страшно е дека се во главата, и секој ќе се исплаши кога слушне. Но и едни и други можат да се извадат доколку се достапни за целосно да се извадат, или за само дел од нив без да се нанесуваат додатни штети на мозокот. Па затоа постојат и зрачења да го намалат тумурот. На денешнава медицина не и е многу незамисливо на што нема да се нафати и успее.

    На моја школска во четврта година и вадија менингиома, голема беше како јајце од мисирка. Не знам зошто не можеа да ја користат нејзината коска од черепот, па има некоја пластика да покрие кај сечеле. Ама откако и порасна косата дека ја бричеа за операција, ако не ти даде да и чукнеш по глава, нема да знаеш.

    Не се плаши. Барем немој уште сега кога не знаеш доволно која е точно ситуацијата со мајка ти. И нејзе и е страв, макар зрно ориз големина нека е туморот, ама никој не сака такво нешто да чуе. А точно е тоа, дека има луѓе кои живееле со тумор на мозок долго време, дека си седел таму и не правил ништо, и доколку не би била направена рутинска снимка(пример поради повреда на главата чисто за проверка на крварење во мозок) личноста не би знаела ни дека го има.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    108
    Женски свет, ве молам помогнете ми..или барем утешете ме :( Дечко ми, ми призна дека не се чувствува добро. Пред околу 50 дена, се онесвестил бидејќи му се споиле притисоците. Оттогаш натаму, постојано му се јавуваат нови симптоми. Овде спаѓаат: не може да се испоти (изминативе 50 дена, а одеше на работа-физичка работа), чувствува вртоглавици, не може добро да ги гледа буквите на телевизор..му се измешуваат, чувствува како мозокот да му притиска на черепот т.е. челото и вели дека тоа му било многу грозно чувство, чувствува некаква отежнатост во левата нога (на цела нога, како кога сте се откриле навечер кога спиете и нозете ви замрзнале надвор од ќебето па мора да ги триете за да ви се врати циркулацијата), чувствувал ладни и жешки бранови, па треска, па тахикардија и веќе не паметам што друго. Еден симптом ќе заврши а друг ќе му се појави. Беше на ЕЕГ и не му пронашле ништо, еден ден во неделата оди на психолог за да можеби дефинира дали ова му се случува на нервна база (таму му рекле, дека си има некои неразрешени конфликти во себе и дека сите овие работи се од психата а не од некаква физичка болест), беше на испитување на крвта и се му било одлично, беше на очен лекар и таму поминал во најдобар ред. Сега планира да оди на СТ Скенирање т.е. томографија и магнетна резонанца. Тој ги пребарувал сите овие симптоми на интернет и заклучокот бил дека навистина може да е сето ова на нервна база или да се работи за тумор на мозокот или да му е слаба циркулацијата на крвта. Со ова негово пребарување, уште повеќе се исплашил и сега ми вели дека секој ден си легнува и станува со овие мисли..дека можеби има тумор на мозокот. А млад е , има 26 години. Ако се работело навистина за проблем на нервна база тогаш ке успеел да го надмине бидејќи ќе даде се од себе. Јас не знам како да му помогнам, многу ми е страв навистина дека има тумор.Сметате ли дека со овие симптоми може да има тумор ? Не мора да ми помогнете туку само утешете ме, за да можам јас да бидам силна и да не се скршам пред него...
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Eлена, не треба да кревате паника и безпотребно да се нервирате кога не се знае што е. Зарем на Гугл ќе се ослоните, таму се и сешто може да се најде, не е тоа доктор.
    Може причината да е и некоја десетта работа што не ви текнува, ниту ја пишува некаде. Нека отиде побрзо на доктор, ќе се прегледа, ќе му кажат. Од вакви неосновани нервози само полошо може да му биде и него и тебе.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Дај му подршка и натерај го да оди по лекари и да ја утврди причината. Многу е полесно потоа кога знаеш што лекуваш. Ако и со скенот излезат негативни резултати тогаш дефинитивно си има некој проблем со психата.
    Незнам колку време си со него али сигурно доволно за да процениш дали е тој хипохондер или не. Можеби од тоа што му се слошило па сега е исплашен да не му се случи нешто. Зборувај со него и кажувај му дека нема никаков тумор, бидејќи како го слушаш ти него како зборува дека има навистина ќе те увери дека има.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    ElenaRBD прво ти смири се малку. Ако он паничи, се нервира дека мисли оти има тумор, не јаде, не спие... многу јасно дека нема да му е добро, и без да има некоја друга неоткриена причина згора на тоа.

    Гледај да го убедиш да не гугла повеќе. Ќе прочита некој друг симптом што досега не го осетил, па ќе се расчита секаде каде тој симптом се појавува и утре ништо чудно да почне да го осеќа и тој симптом, оти е во ваква фаза на страв и паника. Доволно е човек и само да се уплаши и готово, почне мозокот да си игра игри, па ти оди убеди некого во спротивното.
    Дијагнозата е работа на докторите. Ти бодри го и теши го, не офкај и не сожалувај со него, и пред него, додека ништо му немаат најдено. А кога веќе се решил на СТ скан, тој скан ќе каже најдобро, па колку побрзо го направи подобро и за него и за тебе. Оти вака кога е веќе сам се има убедено дека има тумор, на него секој ден се потешко а и тебе нервозата ќе те изеде.
     
  13. blairwaldrof

    blairwaldrof Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Како што прочитав дечко ти нема направено кт (компјутерска томографија). Ако има нешто кт ке покаже најсигурни резултати , само што е многу штетно тоа испитување. Како што прочитав покрај останатите испитувања што ги направил и ништо патолошко не е откриено, биди спокојна, ако е тумор магнетна резонанца ке покаже ама туморот не ги дава твоите наведени симптоми така да 99 % не е. Јас студирам медицина и моја најсигурна претпоставка е дека се соочува со состојба на хипохондрија. Значи да на нервна база е ама самиот он не е свесен за типичниот психолошки проблем кој се одразува на физичкиот статус. Сум сретнала доста голем број на пациенти кои страадат од хипохондрија , а најдобар лек е психотерапија односно приложување на негативните наоди од испитувањата, доколку продолжат симптомите моја препотака е јавување на психијатар.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    108
    Здраво девојќи.. Еве речиси цела година откога прв и последен пат пишував во оваа тема и сега конечно можам да ја отворам темава, а да не ми надоаѓаат солзи на очите. Причината поради која долго време на одговорив ништо и си пишував во различни и полесни теми на фемина, е бидејќи не можав и не сакав да размислувам за она што му се случуваше на дечко ми. Сакам да знаете дека тој е добро. Сите тие симптоми му поминаа до крајот на месец април-мај, но дека остана само еден-ВИДОТ. Тој направи, магнетна резонанца, ком. томографија и уште една работа која одеше со томографијата (некое ново испитување било тоа-на буквата А почнува ама ич не ми текнува) и секаде се покажа дека е здрав како дрен. Ни тумор ни ништо. Но сега проблемот е друг. Само тој симптом му остана. Видот. Еве за што се работи: сите предмети и луѓе кои се на 1 до 2 метра подалеку од него, ги гледа дупло т.е. им ја гледа сенката, или онаа аура која ја имаат луѓето и предметите. Преку ден кога има сонце, многу му е полесно да гледа бидејќи вели дека сонцето се простира рамно на земјата и сенката е светла, речиси невидла и гледа нормално. Но луѓе, преку вечер..Сите работи ги гледа со сенка (оваа сенка понекогаш е потенка а некогаш подебела) а посебно светлечките реклами и семафорите.. семафорите вели дека ги гледа како звезди па понекогаш тоа му пречи додека вози, бидејќи не може точно да види дали е семафорот на 1 или 50 секунди. Оваа ситуација е чудна, многу чудна. Ја знаете онаа Душица од Кавадарци? Епа и кај неа бевме. Таа му рече дека овој проблем мора тој самиот да си го реши и дека не може никој да му помогне. Што мислеше под сето ова ни јас ни тој не знаеме (а он беше убеден дека ова што му се случува е нешто медицинско). Тој е психички многу постабилен. Толку се навикна што сега живее со сенките. Но девојќи, тоа не е живот. Понекогаш го гледам и гледам колку е тажен, и се нервирам што јас никако не можам да му помогнам. Веќе не сум сигурна дека молитвите помагаат..полека губам надеж во тоа дека Бог можеби ме слуша кога му зборувам и му се молам, а тоа е најопасно. Свесна сум дека е најопасно да се изгуби верата во подобро утре.
    И така е секој ден. Како да живее од ден за ден, а со него заедно и јас се навикнувам, бидејќи не правиме муабет за ова. Ептен ретко, само ако го прашам, а повеќе не сакам да го прашувам оти ако еднаш се отвори таа тема, цело време ќе мисли на тоа, но и мене ме боли. Ненормално ме боли ова што му се случува, па затоа не сакам да зборувам, а понекогаш ни да слушам.. Еден ден е подобро, друг ден видот му се влошува. Не ни останува ништо друго освен да чекаме да ни се случи откритието на животот или божјо чудо. П.С. ви благодарам на вашите одговори и на одвоеното време што ви го побарав во првичниот пост. Останете добро, поздрав :hai:
     
  15. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    270
    Многу пати започнав да пишувам, но се плашам од одговорите и искуствата кои ќе ги добијам. Но сепак се решив овој пат...

    Брат ми има 17 години. На 12 јануари му беше дијагностициран тумор на мозокот од десната страна над увото. За среќа не зафаќаше битна функција ниедна, и по 4 дена беше опериран и очистен 100%... Верувавме МНОГУ дека е бенигно, но не, резултатот не разочара, му беше дијагностицирана Gliobastoma, 4. Најмногу 2-3 месеци бил присутен тој ГАД во неговото главче. Сега здравје, да ни помага господ, почнуваме од 11 со радиотерапија, која најверојатно ќе биде пропратена и со хемотерапија. Одредено беше од онколог Кралева, да биде 6 недели секој работен ден. Тој е многу позитивен и весел до сега, полн со енергија, силен и цврст. Докторот Мирчевски кој ја направи операцијата и Кралева онкологот се сигурни дека се ќе биде во ред, поради што е дијагностициран многу рано и што е 100% очистен, ама никој неможе да гарантира, она проклето, секоја индивидуа е различна. Лошо е што никој не ти кажува што да јадеш, а што не, сите се исто. Абе неможе да е се исто. Гледаме да ја средиме исхраната, од сабајле пие коњско опавче, па ленено семе, па овошен сок од Power Jucer, па доручкува, па сирулина, па витамин Ц, мед со ѓумбир, и приквечер истиот ритуал, само место овошен пие зеленлуков сок... Во јадењето ставаме куркума која била добра за да не се размножуваат лошите клетки. МНОГУ СЕ ПЛАШАМ! Тој е мојот помал брат, цел мој свет. ВЕ МОЛАМ, ако некој близок во семејството го преживеал ова да ме исконтактирате, немора во групава, во порака, само за исхраната, или витамини или што и да примал. Парите не ни се проблем никаков, само да има лек.

    Ви благодарам на вниманието на тие што го прочитавте мојот долг пост... ;(
     
  16. ikica86

    ikica86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    56
    Не се секирај се ќе се среде, само со позитивни мисли и се најдобто, посакувам се да излезе најдобро и јас имам блиска личност што е само 9 години а има тумор на малиот мозок и треба да се оперира, докторите викат дека е бенигно. Многу ми е жал за брат ти, али продолжите си со здрава исхрана и контроли и се ќе биде во ред, позитивно е и тоа што докторите ви кажуват дека 100% е исчистено и дека рано е дијагностициран. Извини а кој симптоми ги имаше брат ти ако не ти е тешко пиши. поздрав
     
  17. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    270
    Брат ми имаше страшна главоболка, во саботата, дури се губеше, не не слушаше, не ни одговараше, раката и ногата му се губеа( десни) и висок притисок 160/90. Мислевме дека е некој вирус, ама "многу стручна докторка" ни рече на токсикологија, пушел сканк или марихуана, но испитувањата на крв и мокрача не покажа ништо, отидовме на хитно снимање на глава и хоророт од прочитаната слика започна... Многу му беше тешко, плачеше од што го болеше глава, а тој е многу силна личност... Мозокот се подул поради тоа што имал страно тело во него и почнал да притиска на черепот и затоа имаше СТРАШНИ главоболки, му ги смируваа со инфузии, се додека не го оперираа... Господ нека му помага и на тоа мало дете што го имате, на сите... И нас после самата операција докторот рече ми личи на бенигно, дај боже да е така, ама не беше :( Кој доктор е на детето? Нашиот беше Мирчевски, многу малку збори, неподнослив е за разговор, ама голем стручњак е... Тој е единствен што има специјализирано во Франција... И е предобар за млади деца...
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    37.722
    Пол:
    Женски
    http://forum.zanovidan.hr/viewtopic.php?f=36&t=37

    Прочитајте ги малку искуствата од овој хрватски форум за болни од рак,конкретно глиобластом.Сега форумот мислам не е активен ,но има некои адреси на болници,начини на лечење,искуства.
    Можеби ќе помогне.

    ВИ посакувам успешна борба.
     
  19. Syzane

    Syzane Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    14
    Te molam mozes li da mi kazes koi se simptomite za meningioma? Kako otkri drugarka ti deka ja ima? Fala ti mnogu odnapred

    Duri sega te citam...mnogu mi e zal zaradi toa sto mu se slucuvalo na bratceto :( istiot pekol go pominavme i nie doma so brat mi koj ima 25 god :( Dobar li e brat ti sega? Se oporavi li?
     
    Последна измена од модератор: 20 септември 2017
  20. Afrodita bella

    Afrodita bella Нов член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, сакам да прашам дали некој имал искуство , да се има оперерано кај неврохирург Илија Панговски од тумур на мозок ?
    Ви благодарам