Форумџика на годината

Турбо-диета: рамен стомак за 3 дена

Дискусија во 'Диети' започната од Mosquiita, 17 јули 2013.

  1. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    1 ден

    Појадок
    Земички со јајца (273 калории)
    состојки: 1 јајце, сирење, лажица сурутка, сол, бибер, земичка, 20гр. свежа шунка, лажица сецкан магдонос
    подготовка: помешајте ги сирењето, сурутката, биберот, солта и премачкајте ја земичката; преку неа ставете го вареното јајце, шунката и магдоносот.

    Ручек
    Ролат (293 калории)
    состојки: 50гр. зелена салата, три шампињони, четири ротквици, 2 лажици сурутка, лажица мед, 2 лажици сенф, 1 лажица масло, сол, бибер, 2 шницли
    подготовка: исечете ја салатата, шампињоните, ротквиците; изматете ја сурутката, медот, сенфот, солта, биберот, маслото; остатокот од сенфот премачкајте го на шницлите; завиткајте ги, прицврстете со чепкалка и послужете со салатата.

    Вечера
    Шпагети со пиперчиња (455 калории)
    состојки: 100гр. шпагети, сол, лути пиперчиња, лажица маслиново масло, чешне лук, бибер
    подготовка: сварете ги шпагетите, динстајте ја пиперката во масло па додајте го лукот; процедете ги шпагетите и додајте им ја смесата; забиберете и послужете.


    2 ден

    Појадок
    Шарен двопек (194 калории)
    состојки: 2 лажици шумско овошје, 3 лажици посно сирење, 1 лажица мед, 2 двопека, 1 лажица диетален маргарин, 1 лажица сенф, 20гр. тврдо сирење
    подготовка: помешајте ги овошјето, сирењето и медот и со нив премачкајте го едниот леб; другиот премачкајте го со сенф и ставете му тврдо сирење одозгора

    Ручек
    Зеленчук со ориз (326 калории)
    состојки: 50гр. ориз, сол, 100гр. шампињони, 100гр. тиквички, 150гр. морков, 1 домат, 40гр. грашок, 1 лажица масло, 40мл. супа, бибер.
    подготовка: сварете го оризот; шампињоните, тиквиците, морковот и доматот исецкајте ги и динстајте ги со грашокот; додајте им го оризот, супата и биберот.

    Вечера
    Пилешка салата (318 калории)
    состојки: 1 домат, 1/2 јаболко, 1/2 црвен кромид, 2 лажици масло, сол, 1 лажица балсамиран оцет, бибер, 70гр. пилешки филети, 40гр. зелена салата, 4 кикиритки
    подготовка: доматот, јаболкото и лукот исецкајте ги па динстајте ги на лажичка масло, сол, оцет и бибер; пилешките филети исецкајте ги и печете ги на масло, додајте им сол и бибер; салатата и кикиритките сервирајте ги со зеленчук.


    3 ден

    Појадок
    Овошни мусли (394 калории)
    состојки: 1/2 киви, 1 мандарина, 1 орев, 1 лажица суво грозје, 3 лажици сирење, 45гр. корнфлекс, 50мл. млеко
    подготовка: овошјето исецкајте го и промешајте го со сувото грозје, сирењето, корнфлексот и млекото.

    Ручек
    Лосос со спанаќ (402 калории)
    состојки: 150гр. лосос, лажица сок од лимон, сол, бибер, масло, 2 лажици супа, 2 домати, 250гр. свеж спанаќ, 1 лажица пармезан, 45гр. леб
    подготовка: рибата попрскајте ја со лимонов сок, посолете и забиберете и печете на масло; додајте ја супата, исецканиот домат и спанаќот и динстајте пет минути; посипете со сирење и јадете со леб.

    Вечера
    Компир со посно сирење (308 калории)
    состојки: 200гр. варен компир, сол, 150гр. посно сирење, 40гр. кисела павлака, бибер, лажица сецкан магдонос, домат
    подготовка: помешајте ги сирењето, павлаката, солта, биберот и магдоносот; компирот сервирајте го со исецкан домат и преливот од претходно.

    Ја има некој пробано диетава или ? ја најдов на нет па ме интересираат ваши мислења за диетава :)
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не би пробала вакви турбо диети...за мене ова е самоубиство.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    И за мене.Впрочем ако сакаш рамен стомак треба да ги јадеш топ 10-2-те храни за рамен стомак.Јас си ја имам листата на фрижидер,од некоја страна ја вадев,а знам дека меѓу најдобрите од листата се овесот,јогуртот,бадемите,емките,зелената салата,зелениот чај,бананата,лососот итн. :D
    Побарај на гугл топ храни за рамен стомак и ќе си најдеш. :) Оваа воопшто нечини.НИКАКО!
     
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    нема врска сум внесувала и мноогу помалку калории од ова па нема рамен стомак за 3 дена поточно нема никаков ефект за 3 дена
    сенф,шпагети,измешано се и сешто буквално(моето куче јаде подобро организирана храна(по вкусови) од ова)
    Не ја пробав диетава ради лошата организација на храната, па јас од ова веднаш би повратила :puke: :puke:
    Ако некој го јадел ова јас веднаш се поклонувам :!:

    сума сумарум не се залажувај со вакви глупости, ако сакаш рамен стомак прво помини во теретана па направи неколку стомачни и неколку склекови пред фрижидерот па потоа земи ги оние намерници за рамен стомак( зелен чај, ѓумбир... :talk: )
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.