Турската актерска супер звезда Џан Јаман го прави својот актерски камбек во „Ел Турко“ . Шестепизодна серија која ја истражува животната приказна на легендарна историска личност. „Ел Турко“ е целосно меѓународна продукција, со актери од девет различни земји. Серијата има премиера во повеќе од 30 земји, станувајќи првата турска серија што е снимена на англиски јазик. Џан Јаман помина три години подалеку од светлата на јавноста и се враќа на малите екрани во првата сезона на оваа серија. За сега е одобрена и во пред продукција е и втората сезона. Серијата го следи Јаман во улогата на османлискиот војник Хасан Балабан од 17 век, кој бил ранет и заглавен во италијанското алпско село Моена за време на турската кампања за освојување на Виена во 1683 година. Неговиот престој во селото му го донел прекарот „Ел Турко“. Престојувајќи таму се споил со необична група ликови, меѓу кои вештерка која работи како исцелителка, младо сираче и металуршки мајстор. Оваа улога е значајна за Јаман, бидејќи го прави првиот главен протагонист на турска серија снимена на англиски јазик. Од трејлерите и фотографиите што се објавени, серијата се фокусира на историја, акција и романса, а една од главните приказни се врти околу ликот на Јаман и ликот што го толкува Грета Феро. Првите 6 епизоди на „Ел Турко“ се достапни за стриминг во 30 земји од светот (меѓу првите се Русија, Италија, Бразил, Романија) почнувајќи од 21 март. Датумот на премиерата во САД сè уште не е објавен. Во Турција ќе биде прикажана на платформата Gain. Во „Ел Турко“, требаше да биде продуциран од Дизни + но продукцијата ја превзема турската продукциска куќа Ay Yapim, Покрај Џан Јаман во главната улога, актерската екипа на „Ел Турко“ ја сочинуваат и Вил Кемп („The Christmas Waltz“), Грета Феро („Io e mio fratello“), Дејвид Никл („Sleepers“), Киран О’Рајли („Vikings“), Вероника Ферес („Berlin, I Love You“) и Мадалена Арагао („Strawberries With Sugar“). Во Фб групата Turske serije-Alba tim ја има преведено првата епизода.
Не ја почнав уште серијава, можеби ќе ја почнам поради убавецот Џан Јаман. Инаку интересно е што Џан е адвокат по професија, и не само што во оваа серија глуми зборувајќи англиски, тој веќе има снимено една италијанска серија, и сега во подготовки е втората, исто ќе биде снимана на италијански јазик.