Што повеќе сакате, практикувате и зошто? Јас повеќе сакам да се туширам, па поради тоа дома кога го реновиравме тоалетот ставивме туш кабина. Немам многу време за да се опуштам во када , но и некако гадно ми е. Можеби дека порано бевме во заедница со баба ми и дедо ми, па не можев да си замислам да влезам во када после нив. Да се разбереме, ја чистев кадата кога тие се бањаа пред мене. Тушот ми е ем почиста работа, ем побрза.
Дефинитивно лежење во када. Ептен ми е убаво кога ќе си легнам и ќе си се опуштам во топла вода после долг напорен ден. Туш практикувам кога немам време за излежавање
И јас исто, сакам кога се туширам , а во када немам седнато пааа.... па откако сум почнала да се бањам сама Нема зашто да ти биде гадно, ќе си ја изгланцаш кадата пред да легнеш во неа, ама некако никогаш не сум имала време за такво капење. Иако секогаш и кога ќе влезам да се туширам се заборавам, па додека има топла вода не излегувам.
Meне лично повеќе ми се допаѓа да си легнам и да си се опуштам во када...онака спокојно да и лежам и да не размислувам за ништо.Но, исто така ми се допаѓаат и туш кабините бидејќи како што и самата спомна, побрза работа ти е тоа Ние немаме ни туш кабина, ни када, ама нешто со мама разгледувавме да си земете туш кабина со длабока када,па така ќе имаме две во едно
Порано обожавав да лежам па дури и по два саати во када, да пушам цигарче и да ставам маска на лицето па да дремам 15 минути, да слушам музика... Но во последно време се некако немам време, се набрзинка и гледам што побрзо да завршам, а немам ни нерви некако за такви долги капења. Моментално па каде што живеам еве скоро година не ми се десило иако има када да лежам во неа. Незнам дали потсвесно дека не сум дома можеби и секогаш стоечки се туширам. И тоа и тоа ми се допаѓа. Лежењето во када ми е најубаво зимно време, придружено со некоја купка со мирис на цимет... мњам, мњам, како да се бањам во моето омилено чајче... портокал и цимет
Када треба да ја светнам, па испопарам со врела вода, па да легнам = време. Туку така да се тупнам ми е гад. Ама кога ќе се решам, гасам светла, легнувам, пијачка и клуч на врата. А туш секогаш кога се брзам.
лезење во када порелаксирачки е, и секако свекички за романитка(по мозност виризливи) ако пробам дома, ке ми следува тузба од соседите под мене што се-ке предизвикам поплава
Кадата е голема, за да ја наполнам убаво, трошам цел бојлер вода. Ќе легнам да се опуштам и повторно го вклучувам бојлерот - да се згрее нова вода, за косата и туширањето накрај. Кога доаѓа сметката за струја, ситуацијата е жустра. Да не зборувам како претходно треба да е изгланцана и светната кадата, нормално. Значи лезетов ми одзема време и пари, а нормално, прекрасно е за опуштање, со некоја мирислива свеќа, музиче и чашка вино. Потполн хедонизам. Ама немам секогаш толку живци. Туш му е мајката. 10 минути и си како нов. Плус, заштедува ненормално многу - и време и вода и струја.
Леле Марамке ептен ме погоди со темата - конечно да си ги кажам моите ритуали на капење Јас кога би имала време дефинитивно бирам лежење во када- посебно на зима нема ништо порелаксирачко од тоа да ставиш од твојата омилена купка во кадата, да пуштиш силен млаз вода од чешмата, не од тушот за да се направи богата пена, да си пуштиш некое музиче во позадина, да земеш списание и да се се препуштиш на моментот се додека не ти се излади водата ( за да имаш после пак топла вода, пред да влезеш во када треба пак да си го пуштиш бојлерот ) Јас вака сум знаела да лежам и по 1-2 саати, еднаш и Војна и мир ја читав во када, абе уживанции, а после излегуваш онака со набрчкани стапала и дланки, влегуваш во топла соба во која има миризливи свеќи и убава музика и си седиш така цела вечер по бањарка. И како после да не се самозаљуби човек? А туширањето е побрзо, дава енергија и е подобро во лето, бидејќи кој сака да лежи 2 саати во топла када кога надвор е 40 степени? Меѓутоа јас бидејќи веќе не живеам сама, за жал немам веќе време толку често да го применувам мојот омилен зимски ритуал па мојот избор во периодот е туширањето, и се разбира не излегувам се додека не ја потрошам топлата вода. Исто така убаво е да се лежи во када со партнерот- се разбира доколку е поголема кадата, имате повеќе варијации, дали тој да ве гушка или вие него, или пак да се гледате во очи, а околу вас да има пареа од водата, па онака ви е отвараат сите пори од кожата, некако делувате секси и вие и тој, си играте во водата, се галите и бакнувате и одеднаш се буди страста во вас, која продолжува во спалната соба. Да престанам да пишувам оти моево излезе елегија за една када
Искрено незнам кога последен пат сум лежела во када со топла вода и омилената купка од ванила. Најчесто немам време, се нешто во последен момент ќе излезе . Порано кога си лежев така обично читав некоја книга или зборував на телефон Колку пати сум рекла : E денеска е ден посветен на сама себе , ќе си ја наполнам кадата ..и список на други работи .. И мора да се изремети нешто . Затоа најчесто туш.
Повеќе сакам/преферирам туш, така правам веќе неколку години наназад, па поради ова што го спомена: Веќе и навика ми стана Јас имам слушнато дека не било добро да се лежи во када, заради здравствени причини кај женското, мислам дека и докторите укажуваат на вакво нешто, без разлика колку е исчистено, сега колку е вистина во тоа незнам.
^Па еднаш, два пати во месецот не е толку страшно ваљда. Инаку во када сум лежела само кај дечко ми и со него секако и е преубаво.Топличко, пенливо, за мерак Би лежела и дома, ама имам еден глупав проблем-немам такво(не знам како се вика ) да ставам за да ми се задржува водата Барем штедам на струја и вода, како што кажа Трендафилка
Туш му е мајката, влези излези неееее сега ќе се збрчкувам немам друга работа. Инаку имам само едно традиционално новогодишно капење во када и тоа ми е за нова година со купка од цимет.
Најчесто се туширам затоа што немам време за излежавање во када. Ама одвреме-навреме знам да си се почастам со убава миризлива купка. Ухх уживанција!
Само што се избањав, си лежев саат време во када во жешка вода. Се би направила да се вратам пак, али имам за учење многу Тоа ми е најрелаксирачко во зима и редовно го практикувам А и во лето си уживам во када али со млака вода
Топла купа, прајслес, обожавам, ќе си ја наполнам кадата, цигарче, или музика(многу ретко) и уживам. Ако сум лута ме опушта многу. Летно време не го правам тоа зошто ми е топло и сакам набрзинка, а зимно време си сакам. Имам и јас слушнато дека не чини за женски, ама многу ствари не чинат, а ги правиме. Поретко ама си го пружам тоа задоволство.
Леле ама исцрпни постови! Баш елегии за една када и сметка за струја! Па почесто се туширам,ама долго додека не ми дојде ладното од тушот! Иако,еднаш у две недели морам да си направам една *закуска* за духот и телото,со се сите салтанати. И двете ми се убави,ма да лежењето во када со се сите тие миризливи нешта и вода која е прилично тврда и хлорирана,не е препорачлива за жени,а и за мажи,влијае на плодност и обата случаи.Ама шта ќеш,кад прија! А више кога се фативте за со партнерот.Ни паше све! Само изборот е обратно-пропорционален од другите желби.
ТушЧЕ. Баш прееска пцуев се по список затоа што не можам на раат да се избањам. Немаме клуч од купатилото Значи мора некој да влезе, ја не знам како не слушаат дека внатре нешто тече, туш, чешма! Додека имавме клуч обавезно си полнев када, си правев купка па затоа што болјерот беше прилично стар обично со млака вода се бањав на крај ама не ми беше битно. А најубаво нешто ми е со миризлива морска сол, само после тоа едвај стигнував до соба, мускулите ми беа до даска опуштени И после тоа единствено можеш да спиеш додека не се вратиш у форма! Ама простото ете... клучот никој не знае каде е, за нив треба бравар да се вика и комплицирано е итн итн. А ич не ми е филинг да се туширам стоечки во када