Туѓинка (Outlander) [2014]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Abeja, 18 јули 2015.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    16.135
    Пол:
    Женски
    Outlander (2014-) (Туѓинка)
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt3006802/


    Прекрасна британско-американска серија, базирана на романите на Diane Gabaldon.

    Спој на историска содржина, научна фантастика, романтика, која воодушевува.

    Првата сезона брои 16 епизоди, додека втората сезона сеуште не е излезена, но ќе брои 13 епизоди и ќе биде базирана на втората книга на Diane Gabaldon-Dragonfly in Amber.

    Сериите изобилуваат со прекрасни пејсажи од Шкотска, а со прекрасната филмска музика, серијалот е спој на старото и модерното.

    Приказната започнува на завршетокот на Втората светска војна, кога главната хероина во серијалот-Клер Бичамп Рандал Фрејзер, која работела како медицинска сестра и ги искусила ужасите и крвопролевањата на војната, притоа одвоена од својот сопруг со години, заедно со својот сопруг Френк Рандал оди на заедничко патување во Ивернес, Шкотска. Ова патување треба повторно да ги спои, притоа откривајќи нешто повеќе и за шкотските предци на Рандал, кој е историчар и е пред кариера како професор на Оксфорд. Но, нивниот однос мене лично ми делуваше како претежно физички, сексуален.
    [​IMG]

    [​IMG]

    Патувањето се одвиваше нормално и убаво, се додека една вечер не отидоа и тајно гледаа ритуал на друиди кај камењата на Craigh na Dun. Следното утро Клер доаѓа сама кај камењата барајќи ги билките кои ја заинтересираа за лекарства. Билките беа кај најголемиот камен, кој Клер го допре со двете раце. По некое време се најде како лежи пред каменот, за да потоа открие дека нешто не е како што треба, бидејќи нејзиниот автомобил не беше тука а и градчето Ивернес не беше истото. Избезумена се наоѓа помеѓу судир на Британците и Шкотите, тоа и изгледаше прво како снимање на филмска сцена, за да по некое време и стане јасно дека не е во нејзиното време. Таа преку каменот се врати низ времето скоро 200 години наназад, односно од 1945 во 1743 година.

    Бегајќи од пукотниците, здогледува човек како нејзниот сопруг Френк Рандал и го повикува по име. Но тоа не е тој, туку неговиот предок, кој ќе сака да ја силува и убие ама е спречен од шкотот Џејми Фрејзер. По ова таа е земена од шкотите, кои на почетокот мислеа дека таа е англиски шпион и однесена во дворот Leoch. Благодарејќи на своите познавања од медицината и билките, како и работите кои ги слушаше од својот сопруг за Шкотска од овој период, успева некако да се вклопи во тој период и е назначена за видар во просторијата во која со сопругот Френк имаше секс за време на прошетка до дворецот.

    И покрај симпатиите кои ги имаше кон Џејми а и неговите кон неа, таа се обидуваше да остане верна на својот сопруг Френк. Но околностите ја доведоа до договорен брак со Џејми, за да избегне судење. Иако договорен, бракот прерасна во љубов. Сега Клер веќе не е сигурна во своите чувства и не знае дали сеуште сака да се врати кај својот сопруг Рендал. Со два венчални прстени, секогаш ќе биде на работ на двете времиња. Но иако тоа и беше опасно време, небезбедно за нејзиниот живот, во еден момент го избира Џејми.

    Сакајќи да измени нешто во историјата, да предупреди или помогне, со Џејми заминува за Франција и му ја соопштува веста дека е бремена од него, вест која не верувам дека ќе ја убеди да се врати во своето време.





    [​IMG]
    [​IMG]
    outlander1.png
     
    Последна измена: 18 јули 2015
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    42.396
    Sing me a song of a lass that is gone... Една од најубавите насловни песни.
    Серијата е преубава, една од омилените ми е. Ја изгледав во еден здив и ептен ми е мака што толку време треба за нова сезона да се чека.
    Џејми и Клер имаат прекрасна хемија, апсолутно убедливи се како пар, ги обожавам. А Френк ми е најодвратен негативец ми се чини. Односно Капетан Рендал. Просто одвратен.
    Сцената со силувањето без зборови ме остави, најбрутална сцена.
    Серијава само за суперлативи е, штета што нема коментари. Ви ја препорачувам на сите, ако барате што да гледате право освежување е.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    16.135
    Пол:
    Женски
    Има втора сезона, ја изгледа?
    Ние ги симнавме ама јас вака при крај на бременост, за ништо немам нерви, цело време сум жива вода, ништо не ми се прави а маж ми само некои филмови симнува, во последно време се некои европски, претежно воени.
    Првата серија од втората сезона тешко ми започна, не како што очекував, да бидам искрена заспав. А ми треба време да се сконцетрирам за нешто што ми е интересно. Ќе почека изгледа по породување :wasntme:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    42.396
    Ја изгледав и втората. И ја по породување ја гледав, додека доев и не можев да мрднам.:D
    Ама супер ми дојде. Тешко иде концентрацијата тогаш(во бременост), ама и втората сезона е супер. Да ја изгледаш обавезно.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    42.396
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.684
    Допаѓања:
    154.736
    Пол:
    Женски
    @shz еве ни темааа! ^_^

    https://www.facebook.com/OutlanderTVSeries.starz/videos/1517433604982510/
    Баш е објаснето колку јак женски лик е Клер, омилена :l:
    А и прекрасен пар се со Џејми. Пред една година ги гледав двете сезони, сега гледам видеа да се потсетам и сфаќам колку ми фалеа :inlove:
    Уште 3 денааа :o: :party:
     
    На Nigredo Odor, shz и RainBow им се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    30.095
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial Ајде уште малку остана :party:
    И јас скоро пред една година ги гледав.
    Серијава ми е врв :l: посебно Клер и Џејми :inlove:
    Едвај чекам кога ќе се сретнат пак после толку години :inlove:
     
    На Nigredo Odor и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    42.396
    Аи ќе се има друштво за коментирање.:party:
    Едвај, едвај веќе чекам, ќе изгледам некоја постара епизода, немам време за цела да ја изгледам пак.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Каква харизма има.:inlove:
     
    На 1209, Nigredo Odor, moonlight-girl.55 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    42.396
    Кај сте, sassenachs?:lol:
    Ја изгледавте ли првата епизода?
    Прекратка беше. Ова ми е најомилена серија дефинитивно. Оваа, па Игра на тронови. Кај серијава нешто емотивно ме врзува, има една од најубавите љубовни приказни на сите времиња.
    Сцената со Џејми и Блек Џек Рендал беше епска, светлото додаде некоја романтична димензија, таман за нивната лав хејт врска. Како умре на Џејми, ах одвратен еден, ама глумата маестрална, нема збор.
    Едвај чекам да се сретнат, едвај.
    https://www.google.com/amp/ew.com/tv/outlander-gifts/amp/
    Го сакам прстенот, и те како би го носела. И обетките..:inlove:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.684
    Допаѓања:
    154.736
    Пол:
    Женски
    И јас моментално ги гледам ГОТ и оваа и сум опседната со двете, си се вратив скроз на историскиве :lol:
    Каква прејака глума на Џејми во епизодава, сета таа болка како ја долови :bow: Aлал да му е на Сем, не само што е лепота, туку и маестрално ја глуми улогава :D :inlove:
    Сцената со Блек Џек врв беше, заврши така мрачно и бизарно каков што и беше ликот, многу впечатлив негативец беше. Во коментари на фб некаде иначе прочитав од некој што ги читал книгите, дека понатаму се појавува нов уште поодвратен негативен лик 8-|
    Клер ич не се вклопува во Америка, белки побрзо ќе се вратат во Британија и да се сретне со Џејми... Оној газдата на Френк каков иритантен шовинист е, ама јака беше сцената како Клер му се спротистави, затоа и ја обожавам :clap:
    Уффф, кој ќе чека нова епизода сега :inlove: ... И јас да сум вака во тек со некоја серија, досега обично отпосле гледав целосно снимени :lol:

    Иначе еве за тие што уште не ја гледале и не се сеќаваат на сѐ од минатите две сезони, рекапитулација од Сем и Катрина, леле колку се симпатични :lol: :inlove:

     
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    42.396
    Ајде нека се видат веќе, не можам далечинава да ја поднесам, ме убива. :D
    Френк греота, ама не можам никало да го разберам зашто он остана, зашто е покрај неа, она кога се врати трудна и немаше некој избор.
    Колку ми беше жал за Ферг, дупа раката како му ја исекоа. Гот момент, right there.:lol:
    Бавно малку се одвива, посебно зашто знаеме дека Френк ќе умре, Бријана ќе порасне и че се вратат назад. Ама мораше да се види ова, да се пополнат годините измеѓу. Каков контраст имаше, Џејми без жена толку време, а Клер со Френк, иако пак беше со него...
    Многу споро и времето до наредна епизода ми минува.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    60
    Серијава ја изгледав за 5 дена , и морам да кажам дека се заљубив во Џејми :D
     
    На Someonespecial и shz им се допаѓа ова.
  13. k.a.j.a

    k.a.j.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    34
    Леле мислев дека само јас ја гледам. Многу ми е топ. Почнав да се заљубувам во џинџери од ко се заљубив прво во Џејми секако. Топ е и новава сезона, одвај чекам реунион на Џејми и Клер,а Френк ми е душиче, прежал ми е за него.
     
    На nice-girl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    11.897
    Пол:
    Женски
    Ја почнав серијава после долго одовлекување, се опседнав тотално. Една од подобрите серии што ги имам гледано во последно време.
    Се уште прва сезона сум, ме интересира дали има објаснување понатака за човекот што го виде Франк пред прозорот на Клер и дали е Џејми. Ај некој што ја изгледал нека ми даде мал спојлер, не можам да дочекам :D
     
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    30.095
    Пол:
    Женски
    Конечно наредната недела Џејми и Клер ќе се сретнат :inlove: видов постираа на инстаграм :dance:
    Џејми тотално се шокира, се онесвести, па и очигледно беше :lol:
    Не сум почнала уште да ја гледам 3 сезона чекам да ја преведат, па тогаш ќе ја гледам. :o:
     
    На Someonespecial и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    11.897
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да искочи новата епизода, фала богу се сретнаа веќе. :D
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.684
    Допаѓања:
    154.736
    Пол:
    Женски
    Леле колку беше најјака епизодава!!! Конечно, ко-неч-но :inlove:

    Зошто бе вака ни прават продуцентите, даваат ваков teaser и цели две недели чекање наместо една баш до нареднава епизода :doh: :lol:
    [​IMG] :inlove::inlove::inlove:
     
    На Nigredo Odor, Sanjichka007 и shz им се допаѓа ова.
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    30.095
    Пол:
    Женски
    Јас си чекам да ги преведат епизодите на српски превод, а они веќе почнале да ги преведуваат (facepalm) сега случајно ако не кликнев на една страна немаше да знам.
    Штета веќе почнав да гледам една серија и едвај чекам да ја завршам, па да почнам со Туѓинка.
    Ама важно се израдував кога видов дека почнале да преведуваат :dance: кога ќе ја завршам започнатата серија до тогаш ќе има доста преведно епизоди. :dance:
     
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    11.897
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова е новиот wallpaper на сите фанови на серијава, including me. :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    42.396
    Нема коментари?
    Мене лично малку предолго ми дојде сексот, океј, си ја задоволивме жедта, можеше некако поубрзана да биде епизодата. Сакам да видам како ќе се адаптира пак и како ќе го искористи знаењето, ќе има интересни ситуации.
    Читам коментари дека не биле остарени, па побогу, кој сака да гледа old people sex? Блјак.:D
    Ете наочари има Џејми и доста му е.8-|
    Конечно заедно, најубавата љубовна приказна ми е ова дефинитвно. Вредеше чекањето и покрај погорната забелешка.
     
    На 1209, Sanjichka007, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.