1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УЈП ќе ги следи сметките на невработените

Дискусија во 'Политика и настани' започната од nesa, 30 јуни 2011.

  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    ОД УТРЕ ПОЧНУВА ПРЕРЕГИСТРИРАЊЕТО ВО БИРОАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА ПРАВОТО НА СИНИ КАРТОНИ

    УЈП ќе ги следи сметките на невработените

    Да­ли невработените од септември сами ќе си го плаќаат здравственото оси­гу­ру­ва­ње, ќе зависи од висината на парите кои претходната година легнале на транс­ак­цис­ки­те сметки на сите членови во семејството

    Си­те невработени од утре, па во наредните два месеца ќе треба да пополнат из­ја­ва за тоа колку приходи имале минатата година во бироата за вра­бо­ту­ва­ње каде што привремено ќе бидат поставени шалтери на Фондот за здравствено оси­гу­ру­ва­ње. Од септември државата нема да им дава здравствени картони са­мо затоа што се невработени. За да добијат право на бесплатно ле­ку­ва­ње, тие ќе треба да му докажат на Фондот за здравствено осигурување и де­ка жи­ве­ат сиромашно.
    Да­ли невработените од септември сами ќе си го плаќаат здравственото оси­гу­ру­ва­ње, ќе зависи од висината на парите кои претходната година легнале на транс­ак­цис­ки­те сметки на сите членови во семејството. Ова ќе важи само за се­мејс­тва­та каде што нема ниту еден вработен. Семејствата кои имаат барем еден вра­бо­тен член, нема дополнително да плаќаат за сини картони, зашто тие и по­на­та­му ќе бидат осигурани преку тој што работи.
    "Ова е проект на Светска банка за намалување на бројот на фиктивни нев­ра­бо­те­ни што остваруваат приходи по разни основи, на пример, ав­тор­ски хо­но­ра­ри", вели Бранко Аџигогов, пор­тпа­рол на Фондот за здравствено оси­гу­ру­ва­ње. "Целиот систем е така осмислен да биде доволно да има еден носител на осигурувањето за целото семејство да добива сини картони. Нев­ра­бо­те­ни­те што сами ќе почнат да си плаќаат во септември, ќе добијат здравствени кар­то­ни за октомври/ноември", вели Аџигогов.
    Ос­вен Фон­дот и Агенцијата за вработување, клучна улога во новиот систем на здравс­тве­но осигурување ќе има Управата за јавни приходи. Таа ќе ги сле­ди финансиските приходи на невработените во текот на годината и, врз ос­но­ва на тоа, тие ќе бидат групирани во три категории.
    Се­мејс­тва­та со невработени што имаат годишни приходи од 132.000 до 182.000 де­на­ри, за сини картони ќе плаќаат по 1.100 денари месечно. Оние, пак, со по­го­ле­ми приходи ќе плаќаат околу 2.200 денари. Сту­ден­ти­те, сe додека се школуваат, ќе добиваат сини картони преку ро­ди­те­ли­те, без да се уплатува дополнително за нив.
    Спо­ред статистичките податоци на Агенцијата за вработување за 2009 го­ди­на, објавени на нејзината веб страница, во Македонија има 248. 277 лица што до­би­ва­ат здравствено осигурување по основа на невработеност.
    Р. Фотиновска

    Кои приходи не треба да се пријават:

    -наг­ра­ди, стипендии и кредити на ученици и на студенти
    -при­хо­ди од волонтерска работа
    -дет­ски додаток, еднократна помош за новороденче и родителски додаток
    -на­до­мес­ток во случај на смрт
    -со­ци­јал­на помош
    -на­до­мес­ток по основ на невработеност
    -али­мен­та­ции
    -на­до­мес­ток за телесно оштетување
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    почнаа промените како што и било планирано, т.е. како што казаа на Скај радио :worried:
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.495
    Мизерија...
    http://www.crnobelo.com/zabava/evergrin ... ata-mravka
    Ко дополнителна поука,може нешто друго плус да се извади...
    Мизерија,немам зборови.Ова само генијален ум може да го смисли.
     
    На zhap4e и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да не ќе дојдат да ме контролираат и колку пати вдишувам-издишувам ? Господе помогни ни :x Зарем треба во пештера да се преселиме за да поверуваат кои се сиромашни? Леле не ми се верува :x
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.495
    Извини и пештерите се луксуз,имаш нешто над глава!
    Под оревот у парк ќе те молам!

    Јас малце у нејасна категорија спаѓам! :D Треба да одам да прашам у кои сум,нешто не ми е јасно,ама у секој случај,шо и да ми речат,губам!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Пази наоѓаат начин да ти ги пресметаат сите приходи што ги имаш :) и на база на тоа да ти го сецнат здравственото што ти го дава државата, ама не им текнува и ова да го искористат во борбата против сивата економија во државава, експлоатацијата, непријавените вработени кои работат со полно работно време, а добиваат приходи на база на авторски права, какви од кога знам за себе земам :D а работам повеќе одошто оние во администрација, пријавените. И кој испаѓа заштитен... газдите бе се разбира, тие ја ранат државата, кои сме ние побогу.
    Комедии!
     
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ај ако не и кров на глава нека им зимаат на тие што имаат по еден вработен :!:
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Биг Брадр упс УЈП ис вочинг ју смалји со најнамќор поглед и вперен прст во тебе!!!
    Туку мене не ми оди никако оваа логикава а прилично добра сум била по логика и математика и се‘ од таа сфера - значи ако семејствово имало некаков приход МИНАТАТА година нема да има право на здравствено од септември ОВАА година. Ако некој остварил приход од неколку стотина евра лани треба да се лекува со тие пари годинава и тоа ќе му се рачуна како приватно лекувањето бидејќи нема ни за 1.100 ден. доплата да одвои пр. бидејќи сега зема социјална помош од 1.600 од кои ќе му останат 500 ден. да се прехрани но и натаму треба да докажува дека е сиромашен?! Или некој добил отказ во јануари минатата година и бил единствениот вработен но во трагата стои дека има приход минатата година.
    Истрагата на местото на злосторството утврди приходи од цели 5.000 den кај семејството и од тие пари има да се хранат и лекуваат во наредната петтолетка, а не да паразитираат на сметка на фондот кој е наменет токму за тоа да ги задоволува потребите за лекување на граѓаните.
    Сите би да си играат детективи и УЈП и ФЗО, некои фрустрации од детство ќе да е кај креатори на вакви брилијантни „реформи„.
    Квиз прашање за крај кој е овде (умо)болен осигуреникот или осигурувачот на ФЗО, :?: ?!
     
    На DivineChaos, lolyta777, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.228
    Пол:
    Женски
    Реформите победија. !!! УЖАС!!!
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Им наоѓаат работа на тие што таму цел ден крстат нозе во УЈП и пијат кафе. А и ако е невработен од кај ќе плаќа 1000 ден пр. месечно. Само едно заборавил, дека тој што е невработен а работи неосигуран зема плата на рака, ок можда ќе има нов прилив на инспектори на терен. Ок, на запад е нормално да сам си плаќаш итд итд ама кој е стандард таму а кој е овде...
    Овде е јасно и гласно , земај повеќе данок -пари од сиромашните а богатите ( само 2 класи има кај нас нема средна класа) остави ги на страна, тие си имаат 8) ...........
    Нека дојде дома да ми ги брои цигарите што ќе ги испушам.
    Реформи!
     
  11. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Овие уште малце ќе почнат да не селат.....
    Ќе ти дојдат дома ...Колку души зивеете во кукјава?
    - Тројца.
    - А голема Ви е ...ајде пола куќа Ви се одзема доста ви е една дневна со кујна едно купатило и една спална....другото го зема државата..за сиромашните демек. И така ќе не оголат еден по еден и на народов пак ќе му е супер....Браво за реформите...... Толку ни се реформите успешни што не ДЕФОРМИРАА и нас а и цела држава.
    Браво за ДЕФОРМИРАЊЕТО!
     
    На silvice, nesa, kankus и 6 други им се допаѓа ова.
  12. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    абе бог да чува ама знаеш како кога на политичарите ке им дојде некоја идеја таа како по обичај е секогаш лоша :@ :@ :@
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    И значи лекцијата за денеска ви е, ако имаш 11 илјадарки плата, ти си сосема доволно богат да ти одбијат илјадарка или нешто помалку од плата за да се лечиш.. а како тргнала работата, ти секако во најмала рака ќе се поболиш од умот, па ако не мислиш да ги дадеш ќе се зезнеш... нема да имаш како да се лечиш. Што се илјадарка плус минус од 11 илјади во земјава. Ништо! Место за глупости да ги трошиш, ете ти.. инвестираш во здравје, а владата нема да троши на тебе... треба нови проекти, нови споменици, нов мандат бе. Каса да се пуни.

    И да одиш да пријавиш лани колку ти легнале на сметка човеку!
    Бидејќи иако ова е проект чисто на Министерство за финансии како што изјави она оќезеното момче, УЈП не ти е тебе надлежно да ги префрли документите што ти во февруари си ги дал кај нив на шалтер! Да си знаеш. Трансфер на податоци не бива, кошта тоа!
    А, во здраво тело, здрав дух. Пат под нозе и да си потпишеш изјава дека толку и толку си примил лани, ако не ќе го кркаш. А пошто од здравство ќе го кркаш ради изјавава, можда после по автоматизам и од УЈП исто ќе го кркаш... паралелно две оброчиња.

    И ова ти се приходи ко што реков. Расходи да не рачунате колкави имате за живеачка, пошто ви се таман. Кој си живее дома со родители да си остане за навека и да се моли да му ги поживее Господ, оти ако без нив остане, без нивна плата или пензија ќе му оставите долг на братот, сестрата или кој и да друг што живурка во вашата куќа, пошто за погреб најмногу ќе ви треба.. цел кредит. Па мислете на оние што го немаат ни тоа. Нели сте сепак у супер ситуација.
    ТОП!

    Реформи, реформи, реформи (ова беше отпеано во стилот на мотори, мотори, мотори)
    Живела Влада - поцркал народ!
     
    На orinoco, Masnoli01, SunFlower94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Значи сепак било вистина ова за новиот Закон за здравствено осигурување што се збореше пред избори, што не снајде, јас дома со еден вработен и еден пензионер чија пензија е блокирана, односно под опсада, ќе плаќам 1.100 денари за плави картони, а лекови, а услуги? дали се овие нормални? од каде пари за ова?
     
  15. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Не планирам да потпишам никакви изјави и нема да им давам 1100 денари месечно за да им ги полнам буџетите. Едноставно не ми требаат сини картони. Фала му на Бога, со добро здравје сме сите, не одиме на лекар секој месец. Ако ми притреба да одам на лекар, со тие 1000-2000 денари ке отидам на преглед во Систина или Ремедика па ке добијам услуга на ниво. Кога и да ми притребало сирупче за децата, не сум нашла со картон туку купувам приватно; витамините или сирупите на приридна база во секој случај се купуваат; на стоматолог СЕКОГАШ плаќам приватно, па кажете ми зешто да ги давам тие 1100 денари месечно?
    Со извинување до феминките, да ми се фатат за таквото :ninja:
     
    На nesa, Masnoli01, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Абе ти немора ништо да потпишуваш и прифаќаш, само ќе ти дојде дома Решение и ако до 15-ти (лупам) не го платиш ќе ти ја блокираат сметката. Исто како што прават за радиодифузна такса.
    Немаат пари во каса, го трошат кредитот од ММФ и еве сега смислуваат како да ги плаќаат ратите, па нормално тие ќе трошат а народот ќе плаќа.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Добро а правото на избор? Јас можеби сакам приватно да се лечам? Зошто да поднесам данок кон државата? :^)
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.166
    Допаѓања:
    234.954
    Правото на избор Оффи кај нас одамна го нема. Државата мора да си ја полни касата, овој закон е само почеток. Чекај, уште што нема да смислат. Долгот мора да се плати!
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Дали е некој подетално информиран со оваа информација.Кои документи треба да се носат во ФЗО?ај нека пише некој што бил.поззз
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Можеби до сега си завршила работа али ај за тие што не се.
    -копија лична карта, Извод на родени, Државјанство
    -Потврда од Биро, УЈП за остварени приходи (обична бланко ја даваат само да се потполни)
    -Барање од ФЗО и уште едно барање даваат за електронска здр. книшка
    Застанеш машки во ред пред ФЗО и се убиеш од чекање додека ти дојде редот