ЛШ веќе има тема и тема за фудбалски натпревари за домашните натпреварувања, мислам дека потребна е тема и за Лига Европа и Конференциска Лига, втор и трет ранг на фудбалско натпреварување под УЕФА па и УЕФА Супер Куп во една тема. UEL - UEFA Europa League & UECL - UEFA Europa Conference League UEFA SuperCup
Вечер финале Лига Европа во Будимпешта. Севиља е доминантна во ова натпреварување по освоени титули, имаат и искуство, имаат посебен квалитет за Лига Европа. Во Ла Лига сезонава и не беа баш сјајни, меѓутоа во Лига Европа истуркаа во финале. Италијанските клубови годинава владеат во Европа. Интер во ЛШ финале, Рома во ЛЕ и Фиорентина во ЛК. Рома и Мурињо ќе паркираат автобус, тоа е сигурно ми се чини и единствено ќе гледаат да ја добијат со "катанаџо" Севиља. Мислам дека ќе заврши 1-0 и Севиља ќе ја освои и седмата титула. Ваши очекувања?
Не сакам Севиља да освои Лига Европа. Мурињо и Рома ја заслужуваат титулата. Баш штета што Манчини си даде автогол (Интер со автогол против овие ѓ*****а го изгубија финалето во 2020), се надевам нема пак истото сценарио да го гледаме.
Сосема незаслужена победа на Севиља. Не знам зошто му дадоа на Манчини да шутира пенал, ај што даде автогол, па и пеналот го промаши. Дибала оди си од клубов што поскоро, за џабе трчаш и го носиш на грб цел клуб. Bounou предобар голман, само заради него барем малце ми е мило што победија ѓубрињава.
Севиља по 7-ми пат ја освојува Лига Европа, најтрофеен клуб во ЛЕ, шпанска доминација. Цел натпревар одиграа како што треба, Рома ништо не покажа, со еден долг пас стигнаа до гол, имаа посед ама безврска, без идеја, класичен фудбал за Мурињо, чоеков не знае друго да смени. Се надевав дека Рома ќе освои, меѓутоа многу грешки дефинитивно, прво автогол си даваат, а на пенал рулетот и две промаршувања, особено ова е недозволиво ако сакаш титула, затоа Севиља го казни сето ова и мие мило за тоа. Титулата во Андулузија. Ова мие најјако
Да ја апдејтираме темава за крај на сезоната. Вест Хем е шампион во УЕФА Конференциската Лига. Второ финале по ред од ова натпреварување, првиот пехар отиде во Рим.
Вечерва нашиот јужен сосед е домаќин на Супер Купот на УЕФА, Сити-Севиља. Сити ја носи улогата на фаворит меѓутоа шпанците на вакви големи исклучителни важни натпревари од висок ранг и карактер знаат итоа како да бидат опасни, доволно искусни а и доста играчи кои ја носат Севиња на грб. Пеп и Манчестер останува без главниот поединец од минатата сезона, Де Брај ќе отсуствува долго поради повредата и вечерва ќе го нема, а тоа можеби е плус за Севиља . Сити ќе оди до крај да освои сшто можи, како се мотивирани тоа е чудо.. Мислам 2-1 ќе биде. Ваши очекувања? *пренос ќе има на МРТ 1 и 3 и на Арена Спорт
Комплетирани и групите за Лига Европа и Конференциска Лига. Доста интересни групи, од ЛЕ како фаворит би го издвоил Леверкузен и Ливерпул, а доста шанси ќе има и Ајакс и Рома. Ќе стани по не извесно кога и од ЛШ ќе се преселат и трето пласираните. Некогаш ЛЕ е поинтересна и од ЛШ. Во Конференциска давам предност на турските тимови Фенер и Бешикташ.