Убиства на Партизанска

Дискусија во 'Канта' започната од TammiB5, 31 јануари 2025.

  1. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
    :u::u:Дваесет и двегодишната Фросина Кулакова од Неготино загина во средата откако во неа, на булеварот „Партизански одреди“, со возило „пежо207“ удрил 20-годишниот Васил Јованов. Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина возел пијан и без возачка дозвола, со огромна брзина и поминал на црвено светло додека девојката го поминувала булеварот на пешачки премин.


    Имал обвинение затоа што полицијата во стан што тој го користел му пронашла 14 кесички со марихуана со вкупна тежина околу 24 грама и едно пакување кокаин од 0,24 грама. Во друг стан, кој го користеле заедно со друга обвинета, полицијата нашла 279 грама марихуана и 16,4 кокаин. Бил и во притвор, но судот му го укинал.
    Од она што е официјално соопштено од Обвинителството, Министерството за внатрешни работи на 30 март минатата година поднело кривична пријава против него за дрога, односно за неовластено производство и пуштање во промет накркотични дроги. Уште истиот ден јавниот обвинител донел наредба за поведување на истражна постапка против осомничениот, кој на 2 април веќе бил однесен во притвор во Шутка.

    – Истрагата е завршена за помалку од два месеци и на 21.05.2024 година јавниот обвинител поднесе обвинителен акт, при што побарал и продолжување на мерката притвор. И тој предлог е прифатен и на лицето му е продолжен притворот до 31.07.2024 година, кога Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда – решение со кое го огласи за виновен и му изрече воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом во согласност со Законот за правда на децата при што ја укина притворската мерка – соопшти Јавното обвинителство.

    Тоа значи дека Јованов бил во притвор до 31 јули, кога Кривичниот донел пресуда – решение со кое го огласил за виновен и му изрекол воспитна мерка која требало да ја издржува во Воспитно поправниот дом во Тетово, третирајќи го како помлад полнолетник, па на Јованов му го укинал притворот. Фактички, Јованов бил на слобода, не отишол ниту во воспитно поправниот дом во Тетово и ја чекал правосилноста на пресудата.

    – На 30.09.2024 година јавниот обвинител, незадоволен од пресудата, вложи жалба и предметот уште е во жалбена постапка. Жалбата е во однос на воспитната мерка, бидејќи во однос на притворот жалба не е дозволена, со оглед на тоа дека не е изречена казна туку воспитна мерка – велат од Обвинителството.

    Но, во неговото досие не е само кривичната пријава за дрога. Во 2023 година заработил кривична пријава и за сообраќајка што ја направил на 4 ноември 2022 година, кога била повредена жена – сопатник во возило.

    Според нашите информации, пред две години, кога Јованов најверојатно имал 18 години, удрил во паркирано возило и повредил сопатничка во автомобилот. Но и тогаш се извлекол со плаќање казна од 18 илјади денари.

    Граѓани денеска во 13 часот го блокираа булеварот, во знак на револт против дивеењето на возачите и небезбедноста на улиците.

    Смртта на 22-годишната Фросина Кулакова потсетува и на две други сообраќајни несреќи кои се случија на булеварот „Партизански одреди“.

    На 3 март, 2015 година, пред Универзалната сала животот го загуби тогаш 20-годишната Фросина Цековска од Крива Паланка која поради студиите се преселила во главниот град. Цековска минувајќи го булеварот била удрена од 26-годишниот Љубиша Видојковиќ, по што починала на лице место.

    Според направеното вештачење, Љубиша возел во алкохолизирана состојба со 1.23 промили алкохол во крвта и со брзина од 85 километри на час ја удрил Фросина со предниот дел од возилото. Тој веднаш после ударот побегнал од местото на несреќата, но дваесетина минути подоцна сам се пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров.

    Во 2022 година, 24-годишната Викторија Николова од Радовиш која заедно со своето момче минувајќи на пешачки премин кај трговскиот центар „Скопје сити мол“ беа удрени од „цитроен“ управуван од 23-годишниот Јордан Ѓоргиев. Од удрарот Викторија почина на лице место, а нејзиното момче се здоби со тешки телесни повреди.

    Возачот Јордан Ѓорѓиев, кој ја усмрти Викторија Николова, доби затворска казна од три години. Олеснителна околност за него е дека го признал делото, изразил каење и бил млад, имал 23 години, како и дека не бил осудуван досега и дека сè уште е студент.
    По загинувањето на Викторија Николова, граѓаните излегоа на протест и бараа побезбеден сообраќај.

    Секојдневното дивеење на улиците не е никаква новост на патиштата ширум државата. Иако низ главниот град се поставени илјадници сообраќајни камери, тие сè уште не функционираат и нивната употреба зависи од законските измени кои треба да ги изгласаат пратениците. Доколку се користеа камерите и функционираше системот „Сејф сити“, можеби ќе беа избегнати и намалени незгодите, а возачите ќе возат со помала брзина знаејќи дека несовесното возење се снима и за тоа може да бидат казнети.

    Според статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи, во 2024 година житотот го загубиле 24 пешаци, а 214 завршиле со тешки телесни повреди.

    Официјалните податоци на МВР покажуваат дека секоја година, од 2010 наваму, на македонските патишта гинат помеѓу 116 и 198 луѓе.

    Засега сите се институции најдоа оправдување и си го тргнаа товарот од вина. За помалку од десет години ова е трета жртва на истото место. Жртви се три девојки дојдени во Скопје од други градови. Загинаа Фросина од Крива Паланка, Викторија од Радовиш и повторно Фросина, овој пат од Неготино.

    До кога системот ќе убива наши деца???!

    соништа што згаснаа на улица

    Почивајте во мир!
     
    На sj *O* и DS10 им се допаѓа ова.
  2. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
  3. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
    Скоро на секој семафор на партизанска кај што има пешачки има и цвекиња и слика на некој настрадан!
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
    IMG_8913.jpeg
     
    На sj *O* и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.393
    Пол:
    Машки
    Мислам дека нема потреба да се отвора иста тема, кога за ова се збори во темата ,,црна хроника".
     
    На Cutiepie123, daylight и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Женски
    Темава у корпа
    Спам е
     
    На Cutiepie123, eliesaab и daylight им се допаѓа ова.