Пошо не видов ваква тема да има си реков ај да отворам да видиме до кај сме Поттикнат од масовното бегање во странство на млади дури и на повозрасни лица(комшија мој на 50г замина Австрија) гледам по фирмиве со месеци се вртат огласи за работа посебно во ТИРЗ зони низ МК. И да вработат, не седат многу долго 1-2 плати и си одат. Дали сево ова ќе поттикне издавање дозволи/визи или што и да е и да има увоз на работна сила од земји од трет ред (Африка,Украина,Азиски делови).
Ова е глобално движење, капитализмот направи поредок на светот, капиталистот за да остани моќен и да го зачува профитот а воедно и да "натрупа" уште повеќе, подготвен е на секој чекор, а тоа на државите од запад па и нашава со вакво уредување им одговара бидејќи тука има увоз-извоз на стока и производи што е клучно за БДП. Но, што е проблемот? Што со обичнот народ? Државава ќе им изгради сместувачки центри, ќе им ги плаќа сите трошоци за тоа, а нивна работа ќе е само да работат за да се задоволсат капиталистичките газди, и платата ќе им остане чиста. А на домашниот народ ништо, загуба, уште повисоки сметки, трошоци, итн.. Што е клучно и опасно за кое јас сум против за населување на мигранти, она што повеќе загрижува. - Можеби ќе сум контрадикторен, но земајќи го предвид она што се случува во секојдневието, во секојдневниот "нормален" живот во земјите каде има мигранти особено западните (Германија, Австрија, Франција, Швајцарија итн..) е знак на прашање да се стави прст на чело и да се запрашаме што со безбедноста, националноста? Овие мигранти кои доаѓаат или би дошле, во голема бројка ќе бидат машки лица. Во Германија ќе ја земам за пример, во ноќните часови па и во текот на денот, на улиците често се случуваат страшни дејствија за кои секојдневно има пријави. Прво, земјите од третиот свет особено Африка и Блискиот Исток, не се на она социјално ниво и сфаќања на кое сме научени ние, прво и клучно, нивното однесување ќе дели, налик на "не социјално и диво" однесување на кое се навикнати тие, а навиките тешко се менуваат а тие одат и во групи. Тоа допринесува до насилства на улиците, криминал, раздор итн.. Во Германија најмногу случаи се пријавуваат поради: силување на женски лица, жени, девојки, злоставување на деца, второ е насилства, напад на цивилни лица, и трето криминал, кражби. Дали ние како држава и опшество сме подготвени да се соочиме со ова? Ова е само дел. Јас сум младо лице во држава, студент, но еве по неколку години пример, ќе треба со страв да ги пуштам децата на улица, до школо, до маркет да не им направи некој нешто, ги нападне, доколку би имал ќерка, сега имам сестра, мајка од женска линија, ние треба да бидеме загрижени дали некој ќе им направи некој, дали ќе бидат пресретнати од група, да не ги силуваат, посегнат по честа итн.. што секојдневно се случува во западните земји. Зошто да не може од мирно опшество, после 6 часот т.е зајдување на сонцето, човек да не може да отиде до маркет пешки, туку со автомобил, што го прават германците, после 8 часот на улица се забележуваат само овие мигрантски групи кои се насилни. Зборував со човек кој работи и живее во Минхен. За прославата на Нова Година, на Мариенплатц на главниот плоштад во Минхен, само мигранти во групи, се што било поставено се уништило од диво однесување, ѓубре башка расфрлано. Нашава земја колку што е безбедна, тешко ќе биде со овај предизвик.. Второ што е клучно, е националниот состав, културата, обичаите итн.. Ние знаеме каков народ сме, какви обичаи имаме, што славиме, итн.. Овие луѓе се различни по се, култура, етничка припадност, религија, океј е да си различен, не треба да има национализам, ама ние сме загрозени за се, пред се безбедноста. Се проценува дека до 2035, 45% од германците ќе имаат странско потекло. Штом е најавено, ќе се оствари. Во 2021 во Македонија се доселиле 2500 странци, а сега од Бангладеш, Непал, Пакистан, Индија, Алжир итн, ќе се донесат 10-20.000. Штипска фирма веќе преговарала со Агенција за да се донесат 3000 машки работници од Непал, почетно за сега Доколку се носат работници, тоа нека бидат еве од Украина, таму нема мир моментално, исто имаат низок стандард како овие африканскиве и арапскиве држави. Исти народ сме, словенски, иста ако не еве слична култура, иста религија, исти обичаи, јазикот и писменоста ние исто словенска, кирилица. Со другите, ќе биде голем "безбедносен" предизвик, а нашава безбедност што е.. Ама важно сме членка на НАТО ! Рамо до рамо со сојузниците, ќе не чуваат од Русија и Кина. Пропаст држава. Се што замислија, остварија. - Промена на име, тиранска платформа, губење на идентитетот и историјата со Бугарија, еве сега мигранти, уште поголеми долгови од кредите кон светските банки, инфлација, сиромаштија, безредие, важно им слугуваме на вазалите САД, Англија и ЕУ. Ванчо Михајлов пред 50 години рекол, Македонија ќе биде "Швајцарија на Балканите". Еве се оствари, станавме швајцарско сирење. Против.
Македонците една култура и аристократија. Што да ти кажувам. Имаме едни од најпрљавите градови во Европа.Да не зборувам по други параметри. Ништо страшно со увозот на странска работна сила.Ако Македонците не сакаат да работат и живеат во Македонија ќе дојдат други што сакаат.И така. Не е првпат во историјата. Луѓето мигрирале и се преселувале.
Има веќе фирми кои ангажираат стручен кадар од други земји. Не е ништо ново. Секој си прави математика и ако му е исплатливо што да не?! Важно е работата да се заврши, а дали ќе ја одработи Авганистанец или Турчин не е важно.
Јас сум повеќе да се СПРЕЧИ ИЗВОЗ на работна сила, него да се напраи увоз. Шо ние од овде шо си идеме, глупи сме? Има зашо си идеме. е сеа ако дојде некој од Танзанија, Замбија, Зимбабве, супер ќе му е. Ќе речат ау овде било супер. Ко шо викаме ние за горе. Ама после некој месец и они ќе фатат кидавела. Кога имаше наплив на мигранти, им ги праќаа горе, не ги сакаа пошто се пацери. Е сеа кога го бушиме и претпоследното дно, аа не, сеа прифаќаме сѐ
Да не се занесувате многу многу, ќе сте барале минимална плата, штојазнам...одма ќе ве замениме за поефтини. И тие поефтините греота, робови, и тие ,,поскапите,,.
Кој ќе дое у оваа вукојенина да работи, мајке ти? И милион плата да даваат , пак ископлексираниот Балкањерос шеф ќе ја усере фирмата. Исто и тука странција се ќоро и сакато балканско шо му се упикало на шефот у гз, па станало и еден шеф на смена, усерува цел дуќан, нема везе шо даваат и по 3 до 4 евра над минималец почетно. Сите бегаат. Едино ние предавниците коа ќе зееме странски државјанства, па да доеме печалбари у Македонија, ако дигнат тоа платите - друг никој не ти доаѓа. Па ни ние искрено. Тука вие азилантите едвај глава спасија, се заебаа шо уствари уопште поминаа од тука, па уше ќе доаѓале да работат у Македонија. Оф леле мори мајко. И Косоварине земаат Македонско државјанство само у печалба да одат, не па да работат тука...
Низок и евтин удар за заплшаување на народот демек има поевтина работна сила, за да се богатат некои капиталисти што во времето на Југославија имале среќа и можност да си ја земат фабриката во своја сопственост. Хрк пу, да му ебам гнасите.
Влезете во групата Expats Macedonia- Skopje и ќе ви биде јасно каква работна сила има во нашата држава, кој е спремен да работи за минималец и какви станови плаќаат. Ова е само хајка за да не навлечат да се вратиме, ништо не функционира за нас ама за странска рака е идеално. Инаку, не сум ни за ни против, државата одамна е дно, ја водат прости луѓе. Од уста им тече простатлук така да ништо ново, веќе секојдневие.
Слушнав за конфекција од Св.Николе дека ќе увезувала работници. Првин нека си ги плати постоечките работници кои работат па нека увезува. Бирото за вработување е преполно луѓе, кој од мрза нејке да работи, кој нејке за 300 евра ама има некои кои не ги вработуваат. Нека се внесат некои мерки за вработување на тие луѓе.
Можете да си живеете во илузија дека нема никој да дојде да живее во Мкд. Ќе дојдат и те како. Веќе доаѓаат во помали бројки. Па и капиталистите го заплашувале народот. Што нема да прочиташ. Во многу земји од Африка и Азија серење на вц школка е луксуз а да не зборуваме андроид телефони, телевизор, кола, одмор. Ќе дојдат за пола бурек со сирење ќе работат без одмор. Во Македонија се продава една тешка магла дека луѓе се отепуваат од работа а реалноста е дека едвај 2-3 часа работат ефективно дневно. Освен тие гревчиња по текстилни фабрики и месарници што ги цедат по цел ден на машина. Другите зеваат по цел ден на кафиња и се врткаат на работа. Зашо реално да работат по 8-9 сата турбо на крај на ден и Taylor Swift да им ја донесеш пред очи у купаќи нема да им се дигне а не пак да тераат кафе шема у 10 сат навечер. И пак покрај толку малку работа секој има телефон андроид, кола, нов телевизор дома, нов мебел, интернет и на пар месеци менуваат конфекциски број зашто не ги собира у стара гардероба. Сиромашни сме и утепани сме многу споредено со овие богати земји од Европа, али таму пак и квалитетот на еден работник е неколку класи подобар отколку во Македонија.Зборувам за тоа домородно населние таму што живее.Ориџинал Швеѓани,Данци,Холанѓани.Не овие што работат на бауштели,мкдоналдс,магационери,берачи на малини и јагоди или на оние што пола живот им поминува у камион и расправии со молдавски проститутки што ги собираат по бензиски пумпи. Така да, во Мкд ќе има многу странци од разни пропали земји што ќе дојдат да живеат.И ќе ги намалат платите и дневниците.Нешо што се случува и на Запад.Ориџинал Швеѓаните,Швабите,Холанѓаните им е гајле.Нив тоа не ги афектира.Они те донеле таму да им бришеш задник а не газда да те прават.Али овие сироти гревчиња ќе почуствуваат и те како кога ќе стигне нов бран на имигранти.Рушат цени,сатнина,работат по цели денови.На крајот на денот сите сме заменливи.Нешто што многу луѓе не го приметуваат а тоа е дигитализација на работните места.Развивање на вештачка интелегенција,роботизација,машини што поголем дел од работата сами ја обавуваат.Така да ако порано за некоја работа им требало 10 работника со новите машини ќе им требаат 2.Единствено ако не сте некоја од која сите препишувале во основно и средно и имате motherfucker професија и мора да ве титлаат пошто сте паметни.За другите гајле им е.
@Monofonik навистина кај нас од 8 часа, многу работници ефективно работат по 3 часа, дали државно или приватно. Шлепање, правдање, изговори, па тоа е национален спорт. Пола работно време поминува со растрзање локуми за небитни теми. Твоето сценарио е можно. Значи допрва ќе се трпи за леб.
Одете од аспект на тоа колкави се платите и што се со нив можиш да напрајш или поточно ПРЕЖИВЕЈШ во месецот па после продавајте овде магла. Јас уште од прва ќе ве етикетирам или сте сопстевници на некој ваков погон/логор или па сте братучеди и изгравате шефој таму.
Не сум газда, работник сум, но коса ми се крева кога на двапати во работно време слушам „ајде на цигара“, и тоа трае најмалку пола час. Искрено да сум газда, не би плаќала такви работници. А поарни искрено и нема на пазарот на труд. А како што рече @Monofonik сите дома си имаат нов мебел, одат по одмори, облечени, средени, секој втор ден на кафиња по кафичи. Ништо чудно некој измачен од некоја сиромашна земја да запне сериозно да работи за леб на маса, нова облека, телефон, одмор. Ако веќе ги носат овде, ќе им најдат сместување веројатно. Ако не пуши и не пие кафе во работното време во старт тој работник ќе биде поефективен од Македонецот.
Istiov muabet go slushav od gazda-despot razmisluval i pauzata da mu ja skrsti da bidi 20 min max vo denot i duri se na rab da ne pusele ich. Ti so ovaj oamet ne odis nikade, jas sum obicen smrtnik so se i seshto sum rabktel i znam kako odat rabotite. Gi plakjate za 8 saati rabota, ama realno i so 4 saati ste na kjar, ako se efektivni.
Ама не сум газда јас. Јас ти кажувам дека имам колешки кои пушат, пијат кафиња, па приватни муабети итн. Јас сум за тоа да се седне, работи, муабети на минимум. Пари не давам јас, нека си мислат газдите. Кога ќе почнат газдите да мудруваат во себе си мислам „абе мутав еден, пола работно време некои цигари си пушат, ги плаќаш, и ваму паметен ми се правиш“. Јас не пушам и ми пречи да работам додека друг прави пауза за цигара. Тоест би сакала да имам поголема плата од нив, затоа што јас не дремам на пуш пауза, туку сум ефектива од прва го последна минута, како да сум на Запад, а добивам македонска плата.
Не знам само кој будала би дошол тука. Покварените газди со лакоми газиња се радуваат и мислат дека ќе им работат за 200-300 евра. Нека сонуваат само дека така ќе биде. Можда доаѓаат од посиромашни земји ама дека ќе дојдат тука за со таа бедна плата да плаќаат и кирии и сметки мало сутра. Баш ми е ќеф што времето кога плачеше работникот полека умира. Сега ќе поплачат малку газдите. Нема веќе цел профит у џеб, ќе молите сега за работници кои ем ќе треба добро да ги платите ем ќе ве зезаат и ќе си прават што сакаат. Нека не отвара секое секое го*но фирма со пет денари у џеб.