Бидејќи денес ова ми се случи, т.е бев вербално нападната од контролор, а знам дека и на други им се случило, сакав да ја направам темава. Имено, само што стигнав во Скопје од автобуска, бусот ми каснеше и од лични причини морав што побрзо да фатам градски за да стигнам до местото кај што треба. Во автобусов беше преголема гужва а јас имав 3 преполни торби намирници. Не можев ни телефонот да го извадам, ни да дојдам до тоа за плаќање што е од луѓе. Затоа решив да причекам минутка две да се тргне некој за да можам да дојдам поблизу. Во тој момент на наредната станица се качи еден контролор кој прв МЕНЕ му текна да ме замара. Му кажав дека чекам некој да се потргне ама не ми веруваше. Почна да се дере на мене дека сум лажела и му реков дека не сум ни од скопје и дека со 3 торби чекам ред да платам. Почна да ми збори како ние провинцијалците не сме за во Скопје дека сме биле преголеми сељаци и ме знам што друго. Кога се подзачисти и тргнав да платам ми рече "џабе сеа" и ме натера да се симнам ))
Нормален ли е? За вакво нешто може да се пријави. Ако кажам дека е идиот, ќе ги навредам идиотите со овој. Се однесуваат како богови, а не се свесни дека ако не беа вработени како контролори, ќе дремеа дома и бараа пари од родителите за кафе. ДЕБИЛИ.
Лично никогаш не сум ги сретнала затоа што ретко се возам но често слушам дека се однесуваат ко уличари кон патниците, вреѓаат, се дерат итн.. наместо да си ја извршат работата ко шо треба.
mene mi se sluci ova:cekam bus od karpos nakaj centar . avtobus cekav 45min deka samo 1 mi odgovarase a natakka gledam nakaj karpos idat 3 avtobusi od toj broj ama nazad go nema nigde se iznervirav i zvonam u jsp i znaete so dobiv odgovor od nenormalen vraboten tamu ?/? deka pijat kafe vo citi moll ama sum mozela i ja ako sakam da im napravam koa ke dosle retardiran bese toj a ja mu odgovoriv deka ja nema da im napravam ke gi ostavam zena mu negova da im napravi .... posle toa se javiv pak i prasav kaj moze da prijavam vakvo odnesuvanje normalno na drug broj.. koa im kazav za koj stanuva zbor mi rekoa deka ne sum bila prva sto go ima ova iskustvo (ama na zalost nikoj ne prezemal merki sprema nego )uzasss
Кај нас не е ништо поарно Контролори ретко,ама турканици колку сакаш. Ако треба ќе те изгазат само да се качат.
Било каков коментар е излишен за овие луѓе. Биди среќна шо не ти пиша казна, во јануари пред да издејствуваат од студентското собрание за продолжување на рокот за обновување на слободните картички хараа по автобусите нон-стоп. Сум бил сведок на неколку инциденти каде одбиле да дадат лична карта и веднаш викаат полиција и се стопира автобусот, гајле им е дали доцниш за некаде.
Со чест на исклучоци, по некултурни фаци од контролорите во ЈСП не постојат. Често користам јавен превоз и сум била повеќе пати сведок како уличарски се однесуваат према патниците благодарение на кои го печалат лебот.
Јас немам лошо искуство.Додуша и еднаш дури, една станица пред да се симнам се качија, а немав слободна изгубена ми беше тогаш.И ме извадија од автобусот, и као ми ја земаа личната да ми пишат казна, и не ми пишаа. Од тогаш се куцам обавезно.Порано цело време се шлепав.Нонстоп ги губев слободните и не вадев нови..и ко за среќа ме одминуваше контрола цело време.Си имав некоја среќа.
Пријави го случајот до ЈСП а ако имаш енергија поднеси и тужба. Јас би тужел по цена на сѐ и би одел до тоа да си го извлече нај дебелиот крај. Со добрите треба да сме добри ама со кретените треба да сме безмилосни.
Бившиот дечко ми е контролор во јсп, срце човек е.. Знам дека има и дебили, ама има и супер типови, што на шега ќе ти рече и сега што правиме, и ќе ти рече оди купи си карта од кај шоферот, а ако немаш пари симни се, не се сите контролори говеда..
Пред некое време бев сведок на ситуација која долго ќе ја паметам. Девојче, 14-15 години веројатно прва средно, си ја изгубила слободната. И се ставија тројца возрасни контролори и почнаа да ја навредуваат како младината е неспособна, у памет им се врти само шетање и што уште не. Едниот и вели згора на се си се нашминкала и средила ко за у дискотека а нема врска, баш пристојно изгледаше. Сето ова се случуваше во седум часот наутро, девојчево со ранец, почна да плаче и им вели не ме казнувајте дома ќе ме убијат. Еден од патниците им рече еве јас ќе и купам карта од кај шоферот, не ја малтретирајте дете е. Овие не, се запнаа да искочела со нив да се разбереле. Тука веќе и други патници се вмешаа бидејќи очигледно беше дека е средношколка која оди на училиште. У нормална држава не сум баш сигурна дека вака би смееле да се однесуваат со дете. Незнам што се случи, морав да се симнам. Ама поголеми идиоти неможеше да испаднат. Се е на ниво во вукојебинава, само девојчево со изгубена слободна испадна голем криминалец.
Реално едвај чекаат да пишат казна јас мислам дека поради таа причина е тоа дрско однесување или тешки комплекси имаат. И ја сакав тоа да прашам, јас лично сум немала проб бидејќи без карта не влегувам страв ми е, ама од тоа што имам видено се однесуваат како стока да сме а не луѓе, кај па ги најдоа се такви слични да вработат, ретко до сега саглам контролор.
Нема што тој да те тера да се симнуваш ( нема законско право ) да ти го ограничува правото на слободно движење без судски налог. Можеш слободно да го тужиш за навреда, ограничување на слобода на движење и ТН. Јас да бев на твое место ниту ќе се обидев да платам само ќе си седнев во автобус и ќе му кажев, може да ме легитимира само полициски службеник, да ме исфрли од автобус не смее со такво дејство ми го скратува правото на слободно движење, ако му се вика полиција нека вика и дури да дојди нека ми се мавни од глава. Исто така не смеат да го запрат автобусот додека не дојде полиција туку полицијата да го чека автобусот на некоја постојка и да влезе без автобусот да стои додека се чека полиција. Исто така и сите патници во автобусот што е запрен поради патник што нема карта може да го тужат ЈСП бидејќи застанувањето на автобусот не е од виша сила и имаат право на обесштетување доколку поради застанувањето му е нанесена штета. Доколку ви е потребна правна помош можете да ми се обратите во ЛП за постапка пред државни органи, институции тужба и сл.
Бркаат надвор ако немаш карта. Секој ден се дешава. Сигурна си дека немаат право за да го направат тоа? Зошто би си ја ставале компанијата во ризик ако не е законски, но продолжуваат да го прават тоа?
Го прават тоа бидејќи граѓаните не си ги знаат своите права. Сите да си ги знаат своите права и народот да има доволно пари за тужби и да се тужи сликата вендаш ќе се промени. Но за жал во нашата држава никој не си ги знае своите права и го е*****т на секое поле и на секој можен начин а тој си ќути и вели, а тој мал дел што си ги знае ќе рече да си молчам ќе се замерам со некој и ќе си сносам последици.
Подобро да ти рече симни се наместо казна од 1500 денари да ти пише, затоа што ако дојде работата до полиција 50€ казна ќе си платиш тогаш не е 1500 денари, вака дај лична карта, 1500 денари казна, ќе си платиш за една недела, 750 денари, и чиста работа, за друг пат ќе си знаеш без карта да не се возиш.