Ајде и една ваква интересна темичка. Ако не е во ред, канта. Во што уживате? Кога уживате? Јас на пример уживам кога некој нежно ми ја гали косата. Исто така уживам кога некој ме лаже, а јас ја знам целата вистина.
Уживам кога... *ме галат нежно за косата ( исто како QweenSM ) *кога ме лажат,а ја знам вистината ( исто како QweenSM ) *сум на одмор *јадам сладолед *ме фалат ехе има уште многу ама нема да можам до утре да ги допишам инаку овие се најважните
Исто како и претходните две феминки,уживам кога ми ја галат косата. Уживам кога слушам музика сама дома по цел ден,кога навечер се шетам со другарките до касно,кога јадам чоколади.
Уживам кога немам никакви обрски и денот можам раат да си го испланирам уживам во викендите,шетање по дукани Уживам кога со маж ми заедно го пиеме утринското кафе И со керка ми што и да правам уживам
Уживам кога надвор врне, а јас читам некоја книга и пијам топол чај, седната на креветот покрај прозорецот и покриена со кебе.
За разлика од некои феминки, мразам кога ми чепкаат косата инаку уживам кога надвор е се бело под снег, јас дома читам некоја романтична книга и пијам топло какао, уживам кога се санкам на снег (ова како помала сеа не се санкам ја туку братучедми го санкам и во тоа уживам) уживам кога играм монопол со пријателите хаха уживам кога имам слободен час на училиште, уживам кога сум на плажа и пијам коктел, уживам кога јадам палачинки на овие ми текна, значи на овие најмногу уживам
Уживам кога сум на море, кога сум на плажа и ќе пирне од негде свежо ветренце, кога ги слушам брановите.. Уживам во долги прошетки (особено ноќни ) со некоја драга личност, уживам кога ми ја мијат косата на фризер , уживам кога на некој од семејството или блиски пријателки ќе им го разубавам денот... Уживам кога уживам..
Koга некој ми го масира/чеша грбот Кога читам Кога слушам музика Кога свирам на гитарата Кога гледам ТВ Кога јадам нешто убаво Кога спијам Кога некој можам да го расположам или направам среќен Е само овие ми текнуват засега
Уживам кога дишам чист воздух на планина. Уживам кога имам слободно време. Уживам кога сум на плажа. Уживам кога пливам. Уживам кога ќе го најдам совршениот подарок за некоја драга личност. Уживам кога се подготвувам за на одмор. Уживам кога слушам музика. Уживам кога ќе заврне многуу снег