1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Украдена лубов-Hırsız polis [АЛФА ТВ]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од BI-44, 6 јули 2014.

  1. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    484
    Содржина:
    Мави е млада и паметна девојка која живее во многу сиромашна населба во Истанбул заедно со нејзината сестра, нејзиниот брат коцкар и двете деца на нејзиниот брат. Животните околности ја натерале во еден извесен период да биде од другата страна на законот и да работи за еден крадец на автомобили. Со цел да го прехрани семејството, таа станува дел од една банда која краде и препродава. Главен на бандата е Аксак, бунтовен и груб човек кој е вљубен во Мави.
    Чинар е детектив кој е сосема посветен на работата и на семејството. Оженет е со жена која мечтаее да биде дел од високата класа, па поради тоа често се во расправии и нивниот брак полека се распаѓа. Откако ќе дознае дека она има љубовник, Чинар дефинитивно ја напушта.
    Додека истражува мистериозно украдени автомобили, тој се запознава со Мави и се вљубува во неа. За кратко време, тоа се претвора во голема љубов. Чинар не знае дека Мави е крадецот кој го бара, а пак Мави конечно се предава на љубовта и покрај нејзиниот темперамент и предрасудите кон мажите. Но на патот на нивната љубов нема да стои само тајната за "работата" која ја има Мави по истанбулските улица и предградија, туку и Аксак кој нема да дозволи да ја изгуби Мави.

    Улоги: Özlem Düvencioğlu (Мави), Uğur Yücel (Аксак), Timuçin Esen (Чинар), Erol Günaydın (Дурсун), Serkan Keskin (Бунајмин), Rasim Öztekin (Селахатин)

    http://i61.tinypic.com/wskbpu.jpg
    Од пон до пет во 18и15ч
    https://www.facebook.com/pages/Ukradena ... 26?fref=ts