„УКРАДЕНИ СНИШТА“ епизоди 200+ грчка теленовела од понеделник во 20:30 часот на Канал 5 „Украдени сништа“ е грчка теленовела која сеуште се снима и прикажува во Грција, а зборува за тајните, богатството, љубовта, омразата и ривалството во едно модерно грчко семејство. Димитрис Малтецос е богат бизнисмен кој живее со сопругата Александра и своето семејство во богата вила. Но аферата со друга жена која останала бремена, за Димитрис е опасна пречка во неговата кариера и живот. Во иста болница во ист ден се породуваат и неговата сопруга и неговата љубовница, но кога докторот му кажува на Димитрис дека детето на неговата сопруга е болно и може да не преживее, тогаш тој донесува една тешка одлука - да ги замени децата. Така сопругата го добива здравото дете од љубовницата, а љубовницата болното. Но ни една од двете жени не може да претпостави за оваа измама на човекот што го сакаат. Сепак и двете деца преживуваат. По 18 години, децата растат во убави момчиња, Арис и Ставрос. Арис пораснал во богатство и луксуз, тој е разгален, студира на најелитниот универзитет во Атина и е обожуван од сите девојки и покрај неговата површност и нестабилност. Ставрос пораснал во сиромаштија и беда, постојано прашувајќи ја мајка му кој е неговиот вистински татко. Тој е паметен, талентиран и успева да влезе со стипендија на истиот факултет каде учи Арис. Популарноста на Арис меѓу учениците е загрозена од доаѓањето на Ставрос, па така двајцата браќа стануваат најголеми ривали дури и во љубовта. Тоа што тие не го знаат е дека постојат скриени тајни од минатото кои им ги измениле животите и им ги украле соништата. Тие тајни ќе почнат постепено да се откриваат, а Димитрис и Арис ќе почнат преку злодела да ја покриваат вистината. Улоги: Αλέξανδρος Σταύρου, Ελισάβετ Μουτάφη, Αθηνά Οικονομάκου, Βάσω Λασκαράκη, Ορφέας Παπαδόπουλος, Κωνσταντίνος Λάγγος, Λίλη Τσεσματζόγλου, Αλέξανδρος Μπουρδούμης превземено
Wait...what? Грчка!? Се мислев дали е турска, италијанска, шпанска (индиска сфатив дека не е - според најавата ), ама ни на крај памет не претпоставував дека ќе им текне грчка да дадат Кај им текна бе
Не можев да ја догледам првана епизода вчера. Сафра ме фати, ептен глупа серија, ептен сакале западњачки ефект да постигнат, али тешко со шпанска-серија сценарио. И глумците бе, поубави да ги најдеа, не верувам дека сите таму се вакви. Ни шминка, ни еден тон фотошоп не ги вади.
Уште од најавата кога видов дека е грчка серијава, ми се створи некаква одбивност. Нема да ја гледам. Од толку прекрасни серии мораат ли да не трујат со секаков шљам ?
Компјутер + интернет и никогаш нема да морате да чекате било што од македонските телевизии. За тие што чекаат, еве и што дочекале. И нивни серии да гледаме, мајко моја. Е еве ти ФИРОМ!!!
И грчки серии даваат Синхронизарана да не е ? Мајко моја, абе дај нека дадат некој квалитетен филм, квалитетна серија досадија со овие синхрознизрани срања. Мислам и јас гледам турски серии не велам не, ама на турски на нет,( зашто знам да зборувам и разбирам) ама ова кај нас е претеризам бе. Од јутра до сутра.
е ова е докажано дека сме глупи македноци и глупи ќе си останеме бесна сум човече ,грциве не газат не плукаат ние им емитуваме грчки серии WTF?????? не ја гледам серијава тоа е сигурно
Ajде сите да ја бојкотираме серијава Озбилно, не само оти е грчка, туку стварно си е многу глупа. Ниту има добра содржина, ниту убави глумци, досадна... Спојлер Иначе потполно се согласувам со Теси и Елементал...вака значи им враќаме на Грците за „прекрасниот“ однос, со откупување нивни серии... Браво, браво...
Не можам да ве сфатам луѓе ,шо ви е на вас? што ве газат грциве ?? Не барајте проблеми и маани во другите ,кај нас погледнете. Погледнете каква држава сме ,пропаѓаме!!и што и фали на серијава ?? секуј си има свој вкус и си има право да си гледа што сака ,ако не ти се допаѓа серијата , не ја гледај . Они бар имаат свои серии да се емитуваат низ светот ,а ние ни тоа го немаме . Какви сте ич не можам да ве сфатам !!
Еве јас сум идеалист и сум многу против тоа во уметноста да се меша политиката. И затоа и пробав да ја изгледам првата епизода. Ама бре брате гледај, гледај, сафра те фаќа. Никој не ве брани вас шо ви се свиѓа серијата да ја гледате. Ама секој си има право да си даде мислење. Си кажавме прв впечаток, не спамираме на секој дванаесетти коментар со ствари у стил „лее многу е глупа серијава/кое с**ње/како може да ја гледате“ и тн. како што си има случаи низ темиве, особено низ темиве за не-американски серии. Барем убави глумци да имаше, да имаш на што очи да плакнеш. Не бре! Барем во другиве серии секогаш имало барем 5-6 убави глумци во серија. И да не се класика убави, си имале некоја харизма, нешто што те тера да не одвоиш очи од нив.
Toчно, секој си има свој вкус. Никому не сум рекла дека му се чудам што ја гледа серијата, ако на некој му е интересна нека си ја гледа. А за Грците, морам искрено да си признаам дека ме нервираат и тоа е тоа. Правам мали исклучоци само со музиката , ама серијава (барем мене) ми потврдува дека за серии не ги бива. Тоа си е мое мислење, никому не наметнувам (тоа што во едно мислење реков да ја бојкотираме серијата на зафрканција беше ).
Инаку серијата во Грција е снимена од по одамна ( нз точно од кога ) но сеуште игра во Грција за тоа сум сигурна, и е тотален хит таму. Знам само дека понатака била многу интересна. Мене многу ми смета синхронизацијата, на сите серии не само на оваа. Многу е поубаво кога ќе се слушне јазикот, има смисла нештото. Јас искрено мноогу ги сакам и Грчкиот и Турскиот милозвучни ми се, со синхронизација немаме шанса да научиме ништо. А знаеме дека преку филмови и песни најдобро се учи
Лелее, уште грчка теленовела стигнаа да даваат... Не ми се верува, до каде стигна нашава држава, не ми се верува, навистина не ми се верува..
Абе се е во ред да давате коментари , ваше право е да кажете дали ви се допаѓа или не ,али не можам кога гледам како се форсираме демек сме многу добра држава , а уопште не сме . Како што реков они бар имаат серии кои ги промовираат низ светот (без разлика каква и да е ) а ние , кај сме ние,што имаме ние да покажеме. А и да ,може глумиците не се убави ,али драга моја тоа не е секогаш најбитно . Може серијата е добра, може се работи за мн добра содржина . А и ете мене ми се допаѓа ,содрижината е интересна, а и не гледај само од твоја гледна страна, сиг си некоја млада девојка па сакаш да си ги оплакенш очите.Али ,телевизија гледаат и млади и стари.Еве пак размисли ,старите не гледаат какви личности глумат ,они гледаат дали е добра серијава или не. А вас ако не ви се свига има серии за вас . И немој погрешно да ме сфатиш не сакам да мислиш дека се карам ...
Малку ви се турски, сега и грчки серии почнавте да гледате. Толку од патриотизмот на нашето Македонче.
Нејсе. Имаш право на мислење, но не можеш да ми го менуваш моето или да викаш дека не чини. Видов шо е содржината и стварно не е некој квалитет за да се контрираме по форуми. Извини молим те шо не ми задржа внимание серијата...НОТ. Изглед на актери е и те како битен. И харизма, држење, став. Tие се срцебиењето на еден филм. Глумциве ми се као шоу на пластични кукли. Да. Не ми се свиѓа и има серии за мене и тие ќе си ги гледам, ама не знаев јас од одма дека нема да ми се свиѓа па ја погледнав. Дадов мислење, ништо страшно не направив. Не ми го задржа вниманието и не затоа што е некоја висока уметност која не можам да ја разберам, едноставно досадна ми е. Мое мислење. Без расправање молам.
Е луѓе да ви кажам првата епизода ми беше се измешано и не ни знаев дека е грчка почнав да ја гледам и ептен ми е јака. Арис го обожавам!! Иначе баш денес дознав дека е грчка не обрнав многу внимание на тоа АТИНА,АТИНА што ја спомнуваат цело време и се разочарав кога слушнав онака по внимателно али сепак ќе ја гледам серијата зашо ми е онака ок а од овие турскиве и индискиве преку таквото више (извинете на понашање ама така е) се едно то те исто овој и е бивши ќе се вработи кај неа коа ќе стане богата или има многу строги родители па бега од дома па ќе ја фатат оххх а и сите се ужасни или со жолти заби или со искривен рбет па искрено грциве и не се некои убави алии бољи се и ако грујо се расправа таму со незнам кој претседател и ако он не не признава кои сме и шо сме шо ни се глумциве и режисериве криви??
И јас се чудев на почеток какви имиња се пак сега овие? Пола македонски пола странски Била грчкааа WTF!? Ама Арис е мнооогуу убаааввввв. Уффф