Сакам да ја носам ќерка ми на улица,да си играат сите деца заедно.Па да дадете предлог како си играат вашите дечиња на улица,освен топка,клин-плочка,миженка некоја друга интересна игра што би можело да си играат,да размениме идеи.
Зависи колку се големи Мојата најомилена игра од времето - Ластик https://off.net.mk/video/zabava/kako-se-igrashe-lastik
Штркот носи боја ја игравме стално, имаше и уште една царе говедаре нешто пеевме ама воопшто не се сеќавам каква беше играта Поголемиот дел од времето сами си измислувавме игри, продавачки, мајки, со топка си измислувавме разни правила, исто знам кога се собиравме повеќе деца игравме и “народна” со топка. Воглавно миженка беше најзастапена
Виножито Мижи баба Жуга Брканица Граница Џамлии Продавачки ете како што кажа членката Штркот бара боја, исто Ластик исто ко што кажаа Рипање јаже Хулахоп Поеано во Џамбо имаше мали кугли и топче, имам и ја од памтивек. Практични се може да ги наместите сегде Крадци полицајци
Ние како деца игравме игра која се викаше Бриши план. Колку што ме држи меморија: Се делевме во две групи. Едната група на земја со стапче црташе нешто налик мапа-патоказ со крајна дестинација каде ќе се скријат а другата група задача беше да се води по мапата и да ја пронајде првата група. Откако ќе се сретневме трчавме сите до мапата и кој прв од групата ќе ја избрише тој е всушност победник
Ќерка ми си игра јаже со другарка и.Или скокаат сами или јас и др мајка вртиме ,а тие скокаат.Исто скокаат и во круг јаже.Играат исто тенис,пинк понг или трчаат и се гонат.Имаат исто и едно како рака и топче што го пукаат и ловат.Мали јаженца и погодуваат во едни како шилци.Исто прават балони од сапуница и ги гонат.
Ова ние го викавме мижитатара на планови. И најчесто го игравме. Од групата што мижи еден стои на планот кој го има нацртано групата што се крие, бидејќи ако некој од тие што се крие излезе без да го видат и го избрише некако планот повторно истата група има право да се крие. И се деревме по улици кога ќе ги пронајдевме „бришиии“ за тој што чува план да слушне и да избриши пред да дојди некој од другите. Други игри што сме ги играле често: ластик, народна, топката во дупката, војна меѓу банди (малце и не беше игра бидејќи бевме „скарани“ со децата од соседното маало ), многу игри со пеење и шлапкање раце во група кои сум ги заборавила.
Ние во маало секое лето правевме приредба за родителите, бабите и дедовците, комшиите... Учевме стихотворби, кратки драмски претстави, кореографии на песни, па дури и модни ревии имавме Наплаќавме влез 10-20 ден и после среќни се частевме од заработката. Не можам да објаснам каква организација беше тоа, спремање цело лето, па пишување покани, декорации... И водители имавме дури. Најубави спомени
Хаха имаш право така беше се сеќавам викавме Бришииии плааан Многу често ја игравме и многу ни беше забавно исто и газана, во круг сите наместени и со еден скок се газевме
Дали денешниве деца играат вака? Најсериозно прашувам зошто немам во околина секојдневно дечиња да знам дали ги играат игрите од наше детство. Овие од комшии ги слушам дека се бркаат чат пат ама воглавно се на телефони.
Горенка ние многу игравме. Многу ми е мило што на училиште мојата ќерка по физичко ја играле горенка и знае како се игра
Качување по дрвја, правење ручек од кал и лисја или копање по земја/кал/песок, цртање со креда. Малку поголеми џамлии, секакви игри со топка, ластик, долга магарица. Ако играат во парк наоѓање на најубав лист/дрво, камен, бубалка и слично. @Emotional123 кај нас во маало играат. Имаме парк меѓу згради и основното училиште нми е преку улица па или играат во паркот или во школски двор. Ги имаме од секоја возраст до тинејџерски години (е потоа се со телефони и/или кршат лулашки и реквизити). Е секогаш се чудам на родители што и на мали деца во парк им ги даваат телефоните и не ги учат да ги чуваат реквизитите и околината. Деца кинат цвеќиња удираат лулашки родители дремат без да ги искараат.
Јас со децата ко мали најмногу спортови теравме, пред сè фубдал, па ракомет. Понекогаш кошарка, серва, и "тенис" со дрвените рекети и топче ко за на плажа. Ако сме се собрале многу, пример 30ина деца, обавезно игравме граница. Тоа ми беше омилено. Исто многу сакав асоцијација со цртање и пантомима. И тук-таму игравме народна, џамблии, жмурка, расипан телефон. Пред некој ден гледав едни 12-13 годишни деца, на лулашки играа со фудбал топка: 4 деца седнати на земја, секој од нив бранеше "голче" (рамките од лулашките, лизгалката и влезот, баш таман им беа за квадрат со 4 еднакви голчиња), пробуваа да си дадат гол еден на друг, и смееа само со нозе да играат, седнати. Интересни беа за гледање, играа 2 машки, 2 девојчиња. Не дека кој знае што им беше играта, ама барем си смислиле нешто, боље него ли да седат на мобилен. Зависи колкави ви се децата, еве пар предлози: Може со креди да исцртате на бетон полиња или кругови, како нивоа, секое со различни поени. Играта е од далеку да фрлате вреќички полнети со песок, со цел да се соберат повеќе поени. Може дополнително за потешко да биде, играта да е поврзана и со бои. Зелени вреќички мора на зелено поле да слетаат, инаку не важат поените. А пред да фрлаш, бираш која боја сакаш, односно за колку поени ќе се обидеш да гаѓаш. Нешто слично може и со прстени. Се фрлаат кон вертикални стапови, да се нанижат. Или врз шишиња. Има да се купат пластични голф палки, дупки и топчиња за играње голф. И пластични пинови и топки за куглање. А и не мора да се купат, може да се наредат празни лименки и да се кугла со било каква топка. Може цел настан да си организирате околу ова, со музиче, грицки. Или со board games, макар и да е "не лути се човече" или монопол. Поготово ако во близина имате летниковец или клупи со масичка, ова е супер изводливо. Ако е погодено времето, може да летате "змејови". Може да си подавате фризби.
Покрај играње со топка, точаци и тротинети, моите надвор најчесто цртаат со креди, готват манџи со треви, криенка играат, штркот бара боја. Мали се уште, до тука сме стигнати
Јас сум играла многу игри од многу мала па се до некаде 5то одделение кога бев . Дел од нив : Ластик Народна Ени мени сени ( ова со ластикот го престапнуваат двајца , останатите играчи се провлекуваат низ дупките и не смее да се допираат на ластикот во ниеден случај , ќе биле " спржени " ) ние ја измисливме и крстивме по нашки играва Џамлии Натпреварување со хулахоп Штркот бара боја Криенка Си правевме квизови во кои секој даваше по 10-20 денари , и потоа три дечиња беа жири и водители , а ние останатите публика и учесници . На крајот кој и да победеше ги собиравме парите на купче и купувавме за секој по нешто, кој смоки кој чоколадо Монопол Оксан Карти ( кент , магаре и класичната табла ) Не лути се човече Домаќинки ( кога се шлакавме со вода и земја , па на мајките им се креваше косата кога ќе дојдевме дома ) Игравме и докторки , фризерки ма све живо од професии ги испробувавме Имавме една друштвена игра што сами ја цртавме на корица од блок бр5 - спаси ја принцезата , инспирирана од легендарната Марио . Па цртавме скали , разни препреки и принцеза која личеше на плашило повеќе одколку на принцеза . Убаво детство сме имале , сега носталгија ме фаќа , и жал ми е за денешниве деца . Во толку убави години се , а толку замлатени со технологија .