Улогите кои се наметнуваат на децата според полот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Purplelilac, 20 мај 2019.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    28.678
    Пол:
    Женски
    Пред некое време чекајќи на каса во маркет забележав Киндер јајце во розова и сина паковка.

    Ме „заинтригира“ таквото пакување затоа што колку што се сеќавав Киндер отсекогаш беа бели со портокалово и сите исти.

    Кога ја прашав касиерката што е разликата помеѓу овие новиве и тие старите „логично“ ми одговори дека овие сините биле за машки, а розовите за женски.

    Не ја обвинувам неа, но ми се згади од самата помисла дека ваква поделба им се сервира на деца уште од најмали нозе.

    Претпоставував дека има разлика и во играчките внатре па прочепкав на нет and of course беше токму така како што претпоставив.

    Во Киндер јајцето за машки има змееви, суперхерои и играчки за чие склопување треба да искористиш барем 1% од мозочните ќелии.

    Од друга страна на девојчињата им се подаруваат срциња со принцови и принцези (значи уше одма да им се бара маженце), лавица и лавченце (следува улогата на мајки која мора секоја да ја има, нема тука сакам - не сакам) и секако многу мал број на играчки кои бараат мозочни ќелии за нивно составување затоа што некој мора да биде и глуп нели?!

    И ова се сервира на деца од 2, 3, 5 итн. години.

    Сексизам?!
    Не бе.


    *Преместена дискусија од СДК
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На Avery, Gosh, Leviosa2503 и 37 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам нешто уште потрагично. На велосипедите за девојчиња позади ставаат седиште како што има за возрасни за да се вози детето. Да си ја вози куклата или бебето. Уште од мали да се научат на одговорност, да пазат да не им испадне. Ама само на женските. На машките има шише за вода позади. Да се знае од деца уште кој е одговорен понатаму за потомството. Се враќаме сѐ поназад.
     
    На Avery, Gosh, Leviosa2503 и 34 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    110.474
    На работа кога ќе му нудат другите киндер јајце му нудат од бојата на полот на бебето. Или кога имаме гратис со памперси, шишиња или ќебиња, прашват дали е машко или женско за соодветна боја. Јас им кажвам на право кои бои имаме да си одберат. Кои ликови на шишињата, да си одберат. Оти кога би била мајка меѓу Мики и Мини би обрала шишето со Мики оти е полично, макар и ќерка да имам. Можи син ми Мини ќе сака, нема машкоста да му се намали ако пие од Мини шише. Па и да му се намали.

    А, @Purplelilac @RainBow не сме ние криви шо мора да кажиме "машко" и "женско". Тие шо ги прат се. Кога ни донесоја со Минионс се прерадвав оти конечно не мора да делам децата кога си бараат. Не знам дали се свестија со тоа шо има и Минионс киндер, или само увидоа можен профит, ама сите ги сакаат Минионс. :')
     
    На Gosh, dunika, cresa-jagoda и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    28.678
    Пол:
    Женски
    Уште една „ситница“ за која верувам не се обрнува ни внимание на значењето на истата.
    Инаку ова само кај велосипедите за девојчиња кај нас или општо секаде е така?
     
    На dunika, cresa-jagoda, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Не знам, ова сега ново го видов. Баш едно до друго беа точачињата и ептен ми падна во очи разликата. И ич не е ситница, не е боја, баш за одговорност се работи. Никогаш не би и купила таков точак, никогаш. Ама од ситестрани сме бомбардирани со поделби, од сите, играчки, бои, облека, тоа е машко, тоа женско, пренападно. А толку се трудам да го избегнам тоа.
     
    На dayla, dunika, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    28.678
    Пол:
    Женски
    @RainBow Баш како што кажа, се враќаме назад.
    Уште многу има додека се сфати неопходноста и борбата на феминизмот.
     
    На cresa-jagoda, smooch, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    4.786
    Допаѓања:
    41.663
    Пол:
    Женски
    Се се наметнува со сила. |(
    Упорно се препишуваат карактеристики и улоги.Се е поради стереотипите.
    Мене ме гледате со разни аватари,почесто маж на фотографија,од мој омилен актер или пејач,поретко од актерка или пејачка.
    Пред некое време еден машки член ме праша дали сум женско оти за себе пишувам во женски род,а има маж на слика.Му реков дека нели гледа дека пишува женски пол под сликата.Он ми вели зошто тогаш има маж аватар?
    Па,има маж аватар на фотографија јер ставам фотографија од човек кој ме импресионирал со својата глума и/или пеење.
    Тоа си е мое право.
    Плус,не сум единствено женско на форумов со маж аватар.
    Очигледно некои личности заглавиле во 15 век. :rofl:
     
    На candy.cane, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    А да ве прашам, кога купувате гардероба кај одите, кај штандовите за машка гардероба, бутици за мажи...па што не носите тогаш и машки гаќи со шлиц напред!?
    Изгледа дека само на вас неколку жени ви пречи поделбата на машко и женско...на машкиот пол никад не би им текнало за оваа работа да расправаат!
    И да, на женско бебе сакам разни бои, но плавата ќе ја прескокнам едно време...и што!?
     
    На oblace1, friendy, malerozna и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.965
    Допаѓања:
    12.845
    Пол:
    Женски
    И не е фер зошто само жените да носат фустани, нека носат и мажите како ние носиме панталони? :rofl:
     
    На oblace1, friendy, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.452
    Допаѓања:
    92.460
    Пoлa oд тие не знaaт кoлa кaкo се пaли и штрaфцигер штo е aмa киндерoooт... И не дaј Бoже мaж им пудрa дa стaви :D
     
    На oblace1, jacqueline.s, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не им пречи, ниту за ова би се расправале кога е во нивна корист. Абе уште од мали има да се учат женските дека децата се нивна одговорност! Маж се знае, ќе си дојде од работа, ќе се оптегне пред тв, или лабаво на кафенце, дома има кој да работи. Не за џабе од мала си играла со правосмукалки, кујни, машини за перење, ранела кукли и бебиња, тоа знаење мора да се примени понатаму. ]:)
     
    На Avery, Gosh, dayla и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.452
    Допаѓања:
    92.460
    Зoштo се збoри сaмo зa девoјчињa? Зoштo никoјa не вели декa синoт си гo oблекувa вo фустaнчињa, вo рoзевкo, пaнделки нa глaвa (бaш се фини, зoштo сaмo зa девoјчињa дa се), зoштo не им купувaaт рoзеви тoчaчињa сo кoрпичкa и куклa вo неa?
     
    На oblace1, dunika, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Не знам, немам син, ама да не е за да не станат (чука во дрво три пати) геј? :worried:
     
    На cresa-jagoda, Srckata28 и Purplelilac им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.452
    Допаѓања:
    92.460
    Епа може не сакаат и ќерката да им стане лезбејка. Оти нели, по стереотипи, лезбејките се машкуданки.
     
    На friendy и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Bratot

    Bratot Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    Во ред ова со јајцата машки/женски,мене друго ме интересира во врска со ова,каде е чоколадото од киндерот?
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Па, токму тоа е работата, сите тие стереотипи треба да се исфрлат. Ниту девојче ќе стане лезбејка ако си игра со количка, ниту машко ќе стане геј ако вози розово точаче.
    Но, зборевме за друго зборевме за како од мали се наметнуваат традиционални улоги, а тоа пак сосема треба да го снема.
     
    На Avery, Annath, smooch и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.452
    Допаѓања:
    92.460
    Треба да го снема ама сепак ни ти не си спремна ако имаш син да го облечеш во фустанче и да му направиш прцлиња на глава. Признај, би?
     
    На oblace1, baba Rada и Yowannty им се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    Планирам да градам нешто и замислувам како би изгледало да вработам само жени и да бидат која главна мајсторица која калфа,една ќе меша малтер друга ќе крева вреќи со цемент,трета тули,блокови ,ќерамиди...а јас да си седам од страна и да си готвам тоа ручекот за кога ќе решат да ми одморат мајсториците да им го дадам заслуженото!?
    Бидејќи како што читам нема поделби машки/женски!
     
    На baba Rada и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Зошто вака троловски го изврте муабетот? Што има врска ова твоево со ова мое мислење?
    Види јас за што пишувам, ти што пишуваш, допирна точка нема. Што има врска дали ќе биде облечено во нешто со тоа како девојчињата од мали се учат на нивната улога?
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    110.474
    Возрасните му дават значење на боите и играчките, не децата.
    Ако нешто му забранвате ради -- ова причина -- баш детето ќе асоцира бојата или играчката со таа причина.


    Just saying, tho.
     
    На Avery, sweet-cherry, Mr. Right и 17 други им се допаѓа ова.