1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Улцеративен колитис

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од IamSexyAndIKnowIt, 11 јуни 2021.

  1. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Гледам нема ваква тема и многу малку мислења има на истата на форумот.

    Ние што се соочуваме со УК да споделуваме буквално секакви искуства, проблеми, решенија, лекови, терапии итн..

    Лично јас мојот УК го делам веќе на 3 фази.

    Фаза 1:
    Лани октомври месец прв пат се соочив со силни грчеви во стомакот и обемно губење на крв преку столица. Околу 20 дена се измачував мислејки дека ќе помине. Изгубив околу 7кг. Почнав да паничам и да читам по секакви сајтови. Мислев дека имам рак на дебелото црево. Излудев. На толку строго пазење на исхраната мене пак не ми помина. Решив да одам на лекар. Направив целосна крвна слика + тумор маркери. Се океј ама ниско железо и CRP укажуваше на воспалителен процес, силно жариште. Проверив бактерии и ехо. Ништо нема. Незнаејки што е, не отидов на понатамошни испитувања и интернистот ми препиша антибиотици и пробиотици. Завршив со терапијата, ми помина. Ми поминаа и паничните напади и помислата дека ќе умрам и буквално "станав од смртната постела".

    Фаза 2:
    Сеуште незнаејќи што ми е, декември месец, мојот роденден и празниците ги поминав со црвено вино и не обратив внимание на исхраната. Јануари продолжив исто така. Некаде кон крајот на Јануари повторно почнаа да ми се јавуваат благи симптоми од "болеста што незнаев како се вика". Февруари почнаа да се влошуват симптомите, а јас у меѓувреме знаев што повторно се случува и навреме си ја фатив работата со исхрана, пробиотици и антибиотик на своја рака. За среќа и за разлика од првиот пат, овој пат се решив да одам на колоноскопија. Закажав во Систина. Отидов, среќна дека и онака симптомите ми се ублажени само чисто да видиме што е. Ме успаа со целосна анестезија, докторите беа баш cool, интересни и ме опуштија ептен онака.. Уфф само колку беше добра анестезијата. Како да имав испиено 3 санвали пред спиење. :D
    Заврши се тоа, ме повика докторот и почна: Не е ништо страшно, воспалителен процес.. Ова она.. Можеш све да јадеш.. И ми препиша терапија. Не ми даде никакви информации за болеста.
    Потоа сама почнав да истражувам по проверени сајтови со користена литература. Академски доктори од цел свет пишуваат. Јас читав буквално се. Ја испив терапијата, ја ставив болеста во РЕМИСИЈА. Бев среќна во моментот.

    Фаза 3:

    Требаше во април месец да одам на контрола, но ете сеуште немам отидено, а симптомите пак ми се вратија. УК ми е активен. Но овој пат функционирам, работам, вежбам.. Не пазам на исхрана многу. Поважно е да си наспиен, со помалку стрес. Затоа сменив работно место, од 3 смени, на 2. Сакам да бидам наспиена и да имам редовен живот. Тоа е најважно за луѓето со УК. Овој пат незнам како да ја ставам болеста под контрола. Се плашам од привремени лекови. Знаејки дека ќе ја имам цел живот, морам да најдам начин како подолго време да биде во ремисија. Моите улцери се само на едно мало местенце во дебелото црево ама сепак ми е страв да не биде полошо.


    Луѓето со УК после 10год. од болеста имаат зголемен ризик за рак на дебелото црево затоа мора да се третира со терапија и пазење на исхрана и стрес. Колку подолго е во ремисија, толку подобро за во иднина.
    Дали некој е запознаен со биолошка терапија? Терапија што се прима капка по капка, преку инфузија, 4 третмани по 4 саати. Наводно тоа било направено од клетки од глувци и е наменето за уништување на улцерите. На моја другарка(којашто цело дебело црево и било зафатено со улцери) не и успеала терапијата и напротив имала страшни контра ефекти. Затоа е пратена на операција за вадење на дебелото црево. Сега е океј. Се прашувам дали би помогнало за луѓе со поблага верзија на УК.

    Нема причинител за оваа автоимуна хронична воспалителна болест но друго најважно е што има нешта што знаеме дека ги активираат симптомите:

    -стрес
    -алкохол
    -кафе
    - храна богата со влакна
    (интегрални производи, јаболка итн..)
    -црвено месо
    - лактоза(млечни производи)
    .. И уште многу други за коишто ќе ви оставам линкови за исхрана за УК и други едукативни и важни детали и информации во врска со болеста.

    https://www.crohnscolitisfoundation.org/diet-and-nutrition/what-should-i-eat

    https://www.medicalnewstoday.com/articles/research-update-ulcerative-colitis#gut-microbes

    https://www.medicalnewstoday.com/articles/research-update-ulcerative-colitis#treatments


    Ова е одличен британски сајт за УК и Кронова болест:
    https://www.crohnsandcolitis.org.uk/

    *Важно за пушачите(јас не сум пушач)
    На повеќе сајтови откриваат дека пушењето цигари ги ублажува симптомите на УК. Но тоа не значи дека се здрави..:):D

    https://www.healthline.com/health/ulcerative-colitis-and-smoking
     
    Последна измена: 11 јуни 2021
  2. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
     
  3. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Здраво и јас да се приклучам на темава и да ви ја раскажам приказната за мојот сопруг. Јуни 2020 год отидовме систина на преглед ради грчеви во стомакот кај мојот сопруг. Му направија колоноскопија излезе дијагноза валвулитис дебелото црево си беше уредно розово како што кажа докторот. Препиша некој лек за валвулитот и контрола за 6 мес. Во февруари после прележана корона и испиени две дози сумамед ( по грешка на матичнот лркар кој панично ги лечеше пациентите иако сопругот имаше само изгубрн мирис и ништо друго инсистираше она да го испие антибиотикот) се јавуваат пак грчеви и болки во стомак. Идеме по доктори интернисти препишаа метеоспазмил за грчеви. Болките и грчевите минимално се намалија. Во мај одиме пак систина прават колоноскопија и доктпрот ни кажува се работи за улцеративен колитис во кој е воспалено цело дебело црево. Шок! Ни вели ниш страшно пиј салофалк и пробиотик. Од моментот кога почна да користи салофалк мојот сопруг почнаа зачестени столици 3 до 5 на ден пропратени со грчеви и болки и гасови. Крв и слуз немало никогаш што читаме дека е многу чест симптом кај колитис. Дијагнозата е поставена брз биопсија само на видување преку колоноскопија. И нас ни е реално чудно дали дијагнозата е таа? Храната ја сменивме се јаде само домашно варено печено безглутенско. Но грчевите до ден денес постојат. Нема подобрување. Следно што би пробале читајќи по форуми во Србија кај докторката Стојковиќ која применувала алтернативни лечења со билки. Па ќе раскажеме искуство се надевам ќе биде позитивно
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Дејството кај Улцеративен Колитис ти е пукање на улцерите(чировите) и губење крв преку столицата, проследено со опасно неподносливи болки т.е грчеви. Губење апетит и телесна тежина.

    Ова кај твојот сопруг повеќе изгледа на IBS или синдром на иритабилно црево. Плус, толку многу лекарства.. сето тоа уште толку ја иритира цревната флора. Но, да не се праам доктор, тоа е само мое мислење според описот ваш. А, систина незнам дали би згрешиле дијсгноза, мене ми бес ок.
     
  5. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
     
  6. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Да заборавив да напоменам дека има и пад на телесната тежина од 75 сега е 62 кг. Грчеви и болки да има столиците се кашести но без слуз и крв. Снимката од колоноскопијата ја погледнавме и ние и навистина има воспалено црево црвено...дали станало такво од многу лекови навистина не знаеме. Инаку од терапија зема салофалк 3×3, декортин по шема , метеоспазмил и пробиотик. Искрено од терапијава нема подобрување. А синдром на иритабилно црево како дијагноза му ја имаат поставено од пред . Не ми е јасно дали колитисот секогаш е пропратен со крв и слуз или не мора? Ние сме скрос збунети
     
  7. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    2.250
    Пол:
    Женски
    Ук може да има крв во столица ама и не мора. Може да има и водести проливи до 10 на ден ама по мала количина
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Само што се пофалив на темава Колоноскопија дека ми се нема активирано УК, ете вчера се деси. Прв пат после 2 години ми се активира, а најтешко е што у мојот град немаме гастро, сите пациенти од цела Мк ги водат на клиника гастро у Скопје. Па трошоци, превоз, прегледи и терапии.

    Дали има овде некој што бил на гастро у Ск со УК дијагноза и да зема редовна терапија?
     
  9. yahoo123

    yahoo123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    39
    Kakvi simptomi imate Vie so UK i dali postojano imate bolki vo stomakot i kakvi (jaki, tapi, kako pecenje, zarenje) pred/posle jadenje, i drugi simptomi i promeni vo stolicata?
     
  10. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Кај секого е различно. Симптомите во главно се крварење од столицата, грчеви во стомакот. Кај некои повеќе кај други помалку. Треба да се почесто по многу малку за да се ублажат симптомите. Јас само со јадењето имам мака, друго не ми смета.
     
  11. yahoo123

    yahoo123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    39
    Bolkite ti se posle jadenje ili koga si gladna?
     
  12. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Првиот пат додека да откријам пто ми е, нонстоп имав болки. Следните 2-3 пати кога се активираше имав болки веднаш пред да отидам во вц, како нагон за дијареа.
     
    На yahoo123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Raspunzel

    Raspunzel Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите јас сум нова тука и би сакала да слушнам ваши искуства за подготовка пред колоноскопија?
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Здраво, welcome to the club, честито улцеративен колитис(ако го имаш, се надеваме да нема ништо)! Не си сама, ја имаш целата подршка! Вака, јас пред колоноскопија се спремав со 3 дена гладување и околу 4-5 кесички Fortrans(прашок што се раствора во вода за чистење на цревата). Така ме посоветуваа од Систина, и испадна одлична снимката од колоноскопија, чисти црева. Најдобриот доктор од Гастро во Македонија, Васко Василевски, моментално не знам дали работи уште во Систина. Како и да е, на државна гастро освен за преглед и за препишување на лекарства за ништо друго нема да одам, никаде не ставаат целосна анестезија. Од Систина сум презадоволна. Пишав во првото мислење најгоре. Прочитај ги сите подоле за повеќе инфо. За првата колоноскопија обавезно ќе побараш да ти биде со БИОПСИЈА, за 100% да се утврди за што се работи, за да не те враќаат двапати на колоноскопија и да ти земаат пари плус. Што симптоми имаш?
     
    На Raspunzel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Raspunzel

    Raspunzel Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за подршката сеуште немам дијагноза а ми е препорачано да направам колоноскопија поради чести болки ,дијареа и подуеност во стомакот. А како го пиеше Фортрансот на два пати ден пред колоноскопијата?
     
  16. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Искрено не се сеќавам како го пиев, мислам дека пиев ппо 4литри на ден.
    Кога одиш на колоноскопија и каде?
     
  17. SonyaOx992

    SonyaOx992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Веќе 2ра година со улцеративен колит. Првата година пиев салофалк 3×2, оваа година после втората колоноскопија ми намалија на 3×1. Се беше ок, година дена и јадев и пиев алкохол не си сфаќав нишо сериозно дека нели апчиња пијам и ке се опуштам. Пред скоро месец ми се појави пак малце крв, максимум 5/6 столици на ден зависно некад течни некад не. Кркорења у црева и грчеви помалце. Збунета сум ептен, дали е тоа тоа flare up? Почнав да пазам сериозно на храна дури сега. Некој со слично искуство ако сака да ме упати малце повеќе, додека чекам термин кај специјалистот?
    Поздрав
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски

    Јас ич не сфаќам сериозно, јадам сѐ и пијам алкохол, стока. Ми се нема појавено flare up скоро две години. До сега само 3 пати имав активен УК. Кај секој од различни јадења се предизвикува, покрај салофалк пиј и пробиотици, Ц витамин и Б витамин обавезно. Не јади интегрално никако и црвено вино строго не. Луто и зачини скроз намали. Инаку салофалкот искрено го заборавив веќе не го ни пијам скоро две години.. пред некој ден го купив. Мора да се почне пак и да си ја сфатам терапијата сериозно.. :worried:
     
  19. SonyaOx992

    SonyaOx992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски


    А ја па пробиотик не сум се напила 2 години, видиш ... ни витамин ... лошо.. фала ви на одговорот малце ке мора строго со јадење пошо со секоја крв у столица од памет се вадам да не треба да заглавам на мн лекови.
    А сте слушнале нешто за уље од канабис дали делува? Се поише и поише читам за тоа а незнам некој да го користел?
     
  20. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски

    Сигурно помага за болки, општо е добро маслото од канабис за се. Конкретно за УК не знам детали. Јади по малку и почесто, дели ги оброците и јади бавно, тоа кај мене помага.
     
    На SonyaOx992 му/ѝ се допаѓа ова.