1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уметност на живеењето

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од corapce, 13 мај 2017.

?

Најбитно во животот ми е да имам

  1. Материјални работи, моќ

    3 глас(а)
    9,4%
  2. Љубов, семејство

    26 глас(а)
    81,3%
  3. Кариера, влијание

    3 глас(а)
    9,4%
  1. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Што според вас означува уметност на живеењето? Што е формулата за живеење квалитетен, исполнет живот? Без што не се може? Што е најбитно? Љубовта, парите, кариерата? Или баланс на сите овие.. И доколку се постигне тој баланс, исто ли ги вреднувате или некоја има предност?

    Кои ваши уверувања/одлуки ви го направиле животот исполнет, поубав, со кои од временска дистанца се гордеете? Како гласи вашата животна филозофија? :)

    Малку филозофска тема, но верувам ќе ни годи на сите да споделиме мислења.8-|

    п.с. Особено ме интересираат како размислуваат мажите во врска со ова? (highfive)
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.118
    Допаѓања:
    56.756
    Пол:
    Женски
    Во животот најважна ми е љубовта, да имам некој свој. ❤ А сопствената среќа ми е зависи од она што го давам на другите. :sun: Кратко и јасно. А да..и квалитетно потрошено време.
     
    На corapce и elimkd им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    32.579
    Пол:
    Женски
    Машките во моментов
    IMG_8088.GIF
    Уметност на живеење- да се радуваш на секоја ситница, да не се плашиш да ги искажуваш своите емоции, ако ти се смее- смеј се на цел глас, ако ти се плачи- исплачи се.

    Животот премногу сериозно го сфаќаме. Проблемите сите си ги имаме, кој повеќе, кој помалку, уметност на живеење е и како се носиме со истите.

    На прашањето: што е најбитно? Дали љубов, пари или кариера?- зависи од личноста и што всушност те прави среќен, ако те прават среќен парите- јури кон нив, ако те прави љубовта- барај ја, ако е тоа кариерата- вложувај во себе.
     
    Последна измена: 18 мај 2017
    На ♣ Alba Viduam ♣ и corapce им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    12.342
    Пол:
    Женски
    Сакам се, и љубов и семејство и пари и кариера :) тоа за мене е успех. Е сега, пари не мора милиони, нити сакам кариера која бара 24 часовна посветеност... Ама сепак, сите 4 критериуми да ми се исполнети
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.118
    Допаѓања:
    56.756
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам само... и да наоѓаш убавина и благослов во се. :angel:
     
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    14.127
    Пол:
    Женски
    Материјалното - парите се најважни во животот, тие даваат моќ да го добиеш сето останато наведено во анкетата. Нема нешто и некого до кого не можеш да стигнеш полесно преку пари. Со парите живееш како сакаш, одиш каде сакаш, запознаваш луѓе какви што сакаш. Преку парите побрзо и полесно надминуваш дури и загуба на близок. Замислете ви умре некој (порано или подоцна секој умира), тој некој може со својата смрт материјално да ве обезбеди, а може да ви остави и долгови заради кои нервозата би ве изела. Како би го почитувале повеќе? Како би тагувале ако веќе мора да се тагува - со празни или со полни раце?
    Единствено нешто со посуштинско значење од парите е здравствената и физичката состојба, но и таа без пари се влошува кога-тогаш, и не може да се подобри.
     
    На corapce и Dashing:) им се допаѓа ова.
  7. Dashing:)

    Dashing:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Во денешно време реално најбитни се парите :)
     
    На corapce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Најбитни ми се здравјето, љубовта и среќата. Што ќе ми се парите ако со нив можам да купувам само материјални производи и услуги?! Животот без проблеми не е живот, но парите не се решение. Не е дека не е битни, ама не се најбитни. Вистинските вредности се битни. Битно е да ги имаш вистинските луѓе околу себе, кои што те сакаат и ги сакаш. Да го работиш она што го сакаш и те исполнува, е тоа е среќа. Емоционална енергија е клучот на исполнет живот.
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    16.141
    По мене се е битно и подеднакво важно да имаш од здравје, до пари, среќа, љубов нека е малку ама нека е се во вистинско време.

    Среќен и исполнет живот ќе имаш ако си здрав, ако си сакан, ако можеш да си приуштиш задоволство да патуваш, да бидеш секогаш среден и додтеран без да имаш грижи за тоа дали ќе ти стигне месецов сметките да си ги платиш, дали ќе завршиш факултет, како ќе те биде без работа.
    Едноствано се ти е средено под конец, имаш семејство, имаш кариера си се остварил на секое поле.
     
    На mynameislove и Dark artist им се допаѓа ова.
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    12.575
    Најбитно ми е здравјето, Ако ме служи здравјето можам да постигнам се, што викаат другото само ќе си дојде. Од наведените ќе одберам љубов и семејство. Пари да, и те како се битен фактор, широки порти отвараат и нови хоризонти. Колку е убаво кога не мислиш дали ќе го поминеш месецот, си приуштуваш се, шеташ, се надоградуваш... ама ништо без љубовта. Џабе ако немаш кој да те гушне навечер. Знам богати семејства кои не се сложни ич, па таков живот не ми треба. Заслепени од богатство, растргнати на сите страни, не знаат што попрво да прават. Совршенство никој не достигнал, секако некаде ќе шкрипи. Поубаво скромен дом со љубов, отколку материјална моќ и најголеми титули кога нема кој да се радува на нив.
     
    На Zumbulce9 и Dark artist им се допаѓа ова.
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.646
    Пол:
    Женски
    Се’ е битно и убаво е да има се’, ама сепак на прво место треба да биде љубовта и семејството.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.