Тема каде што може да се дискутира за студентските собранија на УКИМ, УКЛО, УГД како и факултетските собранија. Тука можете да споделувате ваши ставови за собранијата и дали стварно им помагаат на студентите.
Ќе зборувам за факултетското собрание на мојот факс. Собрани се колеги/колешки кои во глобала се таму само поради самите себе, а не да ги застапуваат интересите, барањата и правата на сите студенти. Си имаат врзано во крпче дека ако се познати на професорите, ако им се запаметени имињата, ако покажуваат интерес демек као за решавање на студентско-професорските недоразбирања, полесно ќе ги минат сите испити а воедно професорите ќе стекнат доверба во нив. Она што всушност го прават е кимање на секоја идиотска одлука донесена во последен момент и на штета на студентите, пишување по генерациски групи за ете да изгледа као нешто дека прават, убедување на колегите дека не можат да бараат нешто кога професорот рекол дека тоа е последен збор (без ревидирање на одлученото и без да се сетат дека тие имаат работа поради нас, инаку нема студенти = нема професорско место), исто така кога помеѓу колегите имало некој кој на нефер начин ја стекнал оценката и уште повеќе дека тоа било наш проблем кој треба да го решаваме како студенти. Ах да, а инаку еден голем дел од членовите ги знам и знам дека се препишувачи. Значи да резимираме, не помагаат. Среќа па моите нервози завршија. Ама искрено ми е жал за сите идни генерации кои ќе минуваат низ овој циркуз од образование.
За да функционира едно собрание како што треба во него треба сите да се трудат и да се залагаат. Ама па и лесно се губи интерес ако константно си безгласна буква. Може да се каже дека немаат никакво влијание, без разлика какви идеи да имаат или што и да прават, повторно се' е како што одлучил факултетот, така сиот труд им паѓа во вода. Се' додека факултетите се глуви и воопшто не ги интересира студентското мислење (барање), собранијава ќе постојат само правно, демек има студентско организирање и демек имаат глас. Со еднонасочност проблеми не можат да се решат.