1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уништена...помогнете

Дискусија во 'Разделби' започната од Ruby21, 30 ноември 2013.

  1. Ruby21

    Ruby21 Нов член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Значи вака... Со дечко ми бевме заедно 2 години, а пред 3 месеца раскинавме. На почетокот се беше во ред, прекрасно. Но по кратко време тој многу се промени наеднаш. Стана многу агресивен, во последно време многу лошо се однесуваше со мене, и воопшто не ме почитуваше. Постојано ме навредуваше и ми набиваше комплекси, ми ја рушеше самодовербата, беше претерано љубоморен и ме контролираше. Последните 2 месеца караниците неколку пати преминаа во физичко насилство. Што е најжално од се, јас уште го сакам и верувам дека и тој мене ме сака. Мислам дека можеби и јас имам допринесено до неговото однесување. Сега не сме заедно но тој уште ме бара и се гледаме, ми се јави и ми каже дека ме сака, и откако ќе добие што сака ќе почне да ме навредува и ме истерува како пес. Девојки ве молам помогнете ми, што да правам? Како да престанам да го сакам, и дали тој сепак ме сака? :( :( :(
     
  2. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Тој не те сака! Те сакал, а сега си му опсесија! А ти не смееш да го сакаш. Ајде брже боље крени, бегај од него. Заборави го дека постои. Самата размисли дали си го заслужила неговото однесување, гледај на вас двајца како трета личност, од страна. ;)
     
  3. Ruby21

    Ruby21 Нов член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Знам се обидувам но не можам секогаш кога почнувам да го заборавам тој ми звони по секоја цена ме присилува да се видиме и јас на крај попуштам и немам храброст да му речам НЕ .... Не ми дозволува да го заборавам, ми прави филмови во кои јас поверувам за миг дека тој без мене не може и колку многу ме сака и и не може да биде со друга ... многу ми е тешко, не можам да се препознаам себеси и не можам да си простам работите што ги правам за него, но не можам поинаку
     
  4. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Извини што ќе ти го речам ова ама морам: СИ ИМАШ РАБОТА СО НАСИЛЕН ТИП И, СО ЕЛЕМЕНТИ НА МАЗОХИСТ И ПСИХИЧКИ ПОРЕМЕТЕНА ЛИЧНОСТ.Треба да си надвор од паметот за да имаш било што со него. Освести се. Така почнуваат трагедиите. Со најискрени намери, поздрав, luvena.
     
    На Hipica и Ruby.rose им се допаѓа ова.
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Љубов е...кога девојката лаже дека паднала по скали. :inlove:
     
    На Anon, Hipica, zaljubena18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Те сака дур не те изе*е и после пак со вреѓања. хах. Познатооо. Бегај глаечки од него на време
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    Ти мислеш дека тој те сака?И љубовта ја изразува преку физичко и психичко насилство?
    Навика си му само ти.И знае дека секогаш кога му требаш,може да те бара.
    Смени број под итно.И игорирај го.
    И знаеш дека времето лече се.Ќе ти треба повеќе време,ама ќе успееш да го заборавиш.
    А вака,ако на секој негов повик реагираш,убав збор-навреда-физички напад,се така ќе биде до недоглед.
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Имам јас слично искуство со бившиот.Ме навредуваше,но јас си допринесов за тоа.
    Сепак јас направив глупост,го изневерив и сакав да се оддалечам од него,бидејки не можев веќе така.
    Тој ми плачеше на телефон,ме молеше,а во случајов јас бев лошата.Ќе се смиревме и пак иста песна.
    Затоа ми помогна еден другар да се отарасам со него,бидејки кога го оставив беше спремем физички да ме нападне,ако ме сретне некаде.Мислам во исто маало сме.Другар ми ја среди целата работи и фала му на бога ме остави на мира.Затоа гледај бегај што побрзо,зошто потоа ќе си останеш цел живот така.
    Ќе се гледаш со него ова она,а сепак ништо нема да бидете.Нема иднина. :sweat:
     
  9. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    од таков бегај подалеку, тој сега те измачува, што останало па ако станете нешто повеќе од дечко и девојка... не ти треба, добро е штом сте раскинати, кога ќе ти звони, не му дигај или пак смени број, на игнор нека биде ставен, ќе ти биде тешко на почетокот, но ќе помине, се помило, па ќе помине и тоа, па после ќе си викаш која будала сум била што сум била со него... и немој да мислиш дека те сака, тој што те сака и те поштува и ти го покажува тоа...
     
  10. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    И јас со дечкото сум 2 години пред 2 месеци многу ужасно се каравме дури јас почнав да бидам агресивна,а со тоа и тој почна, едно 2 дена ме остави да размислам. Јас цело време го обвинував него како тој за се сакал да ме смени не ме прифаќал бил агресивен и др., но кога сватив дека тој е навистина во право и тоа што беше агресивен јас го направив таков. Се сменав(потполно се сменав) Сега сум таква какво што сите сакале да бидам и му сум благодарна за тоа што беше агресивен со мене и што ме смена за се да ни биди совршено. :!: :$
    Понекогаш некој треба да ти внеси страв(од загуба) за да сватиш дека можиш да го изгубиш :x :wasntme: :*
     
    На sramezliv92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    За тебе е нормално да те излупа со палка да не можеш 3 месеци на нозе да стоиш , чисто онака да ти покаже дека те сака и дека треба нешто кај себе да смениш ? Не тоа е погрешно драга моја , ако еднаш кренал рака ќе крене и два пати , а неверувам дека тепање на дневна база ќе трпи некој
     
    На Amore и Hipica им се допаѓа ова.
  12. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Не рече девојчето дека со палка ја тепал и не можела 3 месеци да стои на нозе. Не сакал со тоа тој да и покажи дека ја сака. Убаво пишува во постот дека откако размислила, сфатила дека таа е виновникот за неговото однесување. Од каде знаеш што таа му правела него за тој да стане агресивен (не одредено до кој степен)?
    Ајде малце емпатија ве молам, ако сме женски не значи дека треба да правеме се што ќе ни текне. Па нели , женски сме, ако машко крене рака на нас значи е психички пореметен.
    Да не бидам погрешно сфатена, јас одсекогаш велам дека со тепање не се решава ништо, но луѓе сме, сите имаме моменти кога ни пука филмот.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Најпрво престани да се обвинуваш себе си за неговото насилно однесување и почни да си ја градиш самодовербата која очигледно ти е срушена до темел. И престани да бидеш играчка во неговите раце, и сама гледаш дека откога ќе го добие тоа што го сака од тебе те брка... зошто дозволуваш некој да те искористува и да те понижува на тој начин?
    Не верувам дека те сака, вакво однесување не е баш својствено на човек кој е заљубен, тој е само опседнат и посесивен и со вакво однесување се обидува да те контролира, демек освен него никој не може друг да те има...
    Бегај подалеку од овој човек, без разлика колку време сте биле заедно, ова вашево е многу далеку од љубов
     
  14. peperutka21

    peperutka21 Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1

    Срцка прво да ти кажам многу ми е жал за тебе, и јас го имав истиот проблем до пред една година. Ова се ќе трае додека ти дозволуваш. И ние женските сме криви, на почеток на врска се им допуштаме и самите си ја кроиме врската. Како и да е таков човек не ти треба, размисли што ќе ти прави во иднина ако останеш со него. Најпрвин треба сама со себе да си расчистиш во главата дека тој не е за тебе, ќе има некој што ќе те цени и ќе те гледа како единствена на светов. Љубовта е една работа и според мене споредна, пред се е треба да те почитува, разбира и цени. Мој совет подалеку од кретенов твој, заборави дека постоел.
     
  15. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Можеби те сакал на почетокот. Но сега се гледа дека не те сака, само те искористува. Заслужуваш подобар. Постои подобар.
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    99% од моите другарки поминале низ ова. Ем е лош кон нив, ем ги бара на мобилен, а тие попуштаат. Ќе се видат, ќе се
    изе*ат
    , и после пак по старо. За жал... Освен нервози и солзи ништо друго не добиле. :doh:
     
  17. Ruby21

    Ruby21 Нов член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам многу за советите ке се потрудам да бидам силна и да си ја задражам гордоста што ми остана <3
     
  18. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Ова го кажав саркастично , не реков дека е така ! Само сака да кажам не е ок некој да биде агресивен према нејзе , колку и да се понашала не е во ред од негова страна . Ако едниот партнер е живчан другиот може да се потруди и да ја смири ситуацијата , и со разговор да се реши проблемот и се што му смета во врската . Еднаш ако почнал да урла , втор пат може да си допушти да и ја тресне една. Затоа викам дека се почнува од агресија завршува со ќотек , зборам за да не дојде до тој степен на тепање
     
  19. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Си наштетуваш на себе,нели си свесна?Не е тој единствен на овој свет.И мојот дечко постојано ме навредуваше,пробуваше да ми ја уништи самодовербата,но му раскинав,сеа ме бара,а поминаа 3 месеци но не ми го треба.Не е дека не го сакам,ама не ме заслужува и многу ми е поубаво вака сама.Така да ,не се уништувај не дозволувај едно ѓубре да те вреѓа.Ти можеш да бидеш многу среќна само треба да се потрудиш.Секако дека на почетокот нема да ти е лесно,но сега се ти е измешано и не можеш да размислуваш со ладна глава но,верувај дека раскинувањето е најдобар излез.Дај све од себе,потруди се,нема да ти биде лесно на почетокот,но потруди се да истраеш. Те бакнувам :inlove:
     
  20. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Да не си случајно од на улица па тој да те вреѓа? Не си дозволувај имај свое јас колку и да го сакаш не можеш да си го дозволиш тоа навредување!