Епа драги мои кога месите и подготвувате , каков квасец употребувате ? Од кој сте повеќе задоволни ? Да си кажам за себе , од кога почнав да месам употребував само квасец коцка , некако полесен ми е за употреба и месеното поубаво ми излегува . Денес баш месев со сув квасец и тестото беше очајно , цело се изрони после печење , за ништо не го биваше .
Користам коцка квасец. Имам користено и сув квасец и тестото било исто како со коцка квасец. Разликата е што сувиот квасец не се раствора во вода и што има долг рок на траење.
И јас κоρистам почесто сув κвасец, ем полесно за употρеба ем попρаκтичен ми е. А за κвалитетот на тестото исто е,black angel нешто дρуго да не било утκа со месењето, од сувиот κвасец не би тρебало!
Јас од навика користам коцка квасец. Со сув квасец само еднаш ми се случи тестото да ми се рони, ама во друго беше проблемот.
Сув квасец, рецептите што ги користам ми се претежно од интернет и секаде стои сув квасец (во грамови) па така се навикнав.
По грамажа сувиот квасец и коцката квасец се исти. И на двете пакувања пишува 40 грама. А јас мислев дека има разлика во грамажата. Имам забележано и дека цената им е иста.
Не знам, може некои се исти. Ди-го сувиот е 7 грама, а битолскиот сув е 10 грама, јас тие ги користам.
Изгледа зависи до производителот. Мана на коцката квасец е што рокот на траење е еден месец. Јас ставам пола коцка квасец, затоа што со цела коцка пецивата ми искачаат многу големи.
Коцка квасец е еднакво на пакетче сув квасец безразлика што да се работи? Зошто јас до сега еднаш ако имам со коцка квасец работено и реално, секогаш ме фаќа паника дур крени, па да го ставам, некако порелаксирано ми е со сув квасец. И пишувам во темава зошто моментално чекам квасец да ми стани па пробвам нервите да си ги смирам, а да знам дали исто би било сосем ако искористам сув посекако бев до продавница немаше да земам ваков.
Јас користам коцка, секогаш ми се погодува тестото, никогаш немало проблем, освен еднаш кога заборавив да ставам шеќер.
2 пакетчиња.. Ако земеме во предвид дека 1 сув квасец е за 500гр брашно.. а 40гр свеж бил за кило Ма да јас имам месено кило со 1 сув а и кило ипол со 1 свеж..нормално си нараснаа
Ако се активира - може. Иако сите ќе ти речат на твој ризик. Ама габа е.. голема е веројатноста да не ти се активира ако не бил замрзнат.
Ве молам кажете кесичкава сув квасец у колку мл вода да ја растворам? За 500 гр брашно ми треба позади на кесичкава вика една кесичка на 800 мл вода
Епа упс.. А кажи ми, заборавив зејтин да ставам кога го правев тестото, може на прво месење? Го напраив сеа чекам да стаса Или да идам одмамда ставам??