Употреба на туѓи зборови во македонскиот јазик

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од GirlLove, 3 јули 2024.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Коа зборот "тодлер" не го усвоивме во македонскиот јазик, како си ги нарекуваа децата од една годинка, до три?

    Аман веќе со тоа англицизмите. :puke:

    Ми се седи на биичот со коктел ин мај хендс, шу ќе праам, кој ќе трпи на џоб уше уан месец. :rofl:
     
    На gjoker4e, daylight, L.i.n.a.a и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.122
    Допаѓања:
    20.925
    Пол:
    Женски
    А шо ти пречи па тебе зборот тодлер :rofl:
    Коа кажуваш тодлер, се подразбира за какво дете збориш.
    Незнам шо толку ви пречи некој да каже некој странски збор? Тоа ви пречи, ама не ви пречи шо албанците во болниците не сакаат да ви зборат на македонски.
     
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Никој не ми рече дека не ми смеетат, напротив.

    Леле ни ги спомињај, жити ајс хаха.
     
    На Zfer и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Бидејќи е нормално да се усвојуваат зборови на кои нема соодветен превод, исто како и други кои секојдневно ги користиш а не си ни свесна дека имаат странска етиологија.

    Hope this helps :l:
     
    На staycalm, Gosh и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    Мене ми пречи. Не си единствена... Соодветен превод за toddler е џагуре, http://drmj.eu/show/џагуре/ср збор што го дознав, благодарение на една моја драга другарка.. Но, не е толку hype, нели... „селски“ е. Прашај ги Словенците, или Французите дали е, што се држат до својот јазик. Од една страна им завидуваме на нациите кои се држат до својот идентитет, од друга страна мислиме дека нашиот пребогат јазик не е доволно богат, поради тоа што не го познаваме.

    Наједноставно, веќе ако не сакаме да комплицираме: од раѓање до една година, бебе, понатаму е дете.. Ако не знаеме за какво дете станува збор, може да прашаме... И ова било вака и пред да сме знаеле како е на англиски, германски, француски, итн. Така што тоа дека во другиот јазик имало посоодветен, а сега знаеме, воопшто не држи, зашто и кога сме знаеле сме се разбирале за какво дете станува збор. А, сме имале и збор, како што погоре објаснив.
     
    На Amore123, daylight, Erika.greeneyes и 19 други им се допаѓа ова.
  6. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    11.157
    Пол:
    Женски
    Да, точно, најсоодветен превод е, иако џагуре може да се користи и во контекст за поголемо дете, а toddler не.

    Како и да е, дајте да го популаризираме џагуре. :D
     
    На Hagar, daylight, DS10 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    12.269
    Пол:
    Женски
    Денес сите дознавме нов збор за мало дете благодарение на @Vikktorr :D

    Колку само сфаќам дека има тооолку многу зборови кои стварно не знаеме ни дека постојат, пошо ете ради англицизмите и другите зборови со туѓо потекло ги имаат потиснато нашиве и автоматски архаизми станале, застарени. Језда некои и смешно звучат ама дека треба да се срамиме па затоа да не ги употребуваме апсолутно не. И после не сме имале доволно зборови ќе кажат. Иаме, туку не ги знаеме, е тоа е.
     
    На daylight, Mumoftwo30, DS10 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    И кога џагуре би го учеле деца од основно, како и илјадници други зборови, низ генерации ќе биде сосема „природно“ да се користи, наместо toddler, или кој било друг преземен збор за кој имаме ВЕЌЕ соодветен. Да не се разбереме погрешно, позајмувања од други зборови, секако треба да има, особено во технички домени, или други јазични регистри, кои дополнително, треба да се прилагодат. Има начини, со други зборови.
     
    На daylight, Космонаут, Gentlewoman! и 3 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Сакаме да се покажеме важни или да глумиме колку сме КУЛ ако употребиме некој странски збор.

    Како прво не си го почитуваме јазикот.
     
    На daylight, Gentlewoman!, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    11.157
    Пол:
    Женски
    Таман си е, се разбираме.
    И џагуре ми звучи како позајмица, на турцизам ми звучи мене. Може грешам.
     
    На theowndemon и Gosh им се допаѓа ова.
  11. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    Јас го спомнав овде, но, не го „открив“, го открив благодоарение на една другарка од тука, која сака да остане анонимна! :) Фала ѝ на неа! :) Да бидам фер! :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    12.269
    Пол:
    Женски
    Кој и да го открил, нема везе, ете да се дознае нешто. Инаку онаму во речникот вика дека дијалектен збор било, можеби затоа не се користи и не се знае вака општо.
     
    На eliesaab и Vikktorr им се допаѓа ова.
  13. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    Ќе се обидам да најдам етимологија. :) Секако дека не постојат чисти јазици! Јазикот е ИСТОРИЈА и конвенција, инаку. Се согласувам, ако нешто е постаро не мора да значи дека е поавтентично или поблиску до природата на мајчиниот јазик но, во КОНКРЕТНИОТ случај со оглед на тоа што ВЕЌЕ го имаме тој збор, и е близок до нашите дијалекти и е УСВОЕН јас ПОПРВО би го „официјализирал“ џагуре во однос на тодлер.
     
    На Космонаут, Anyshka, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    Постојат разни регистри на јазик... фамилијарен говор, колоквијален говор, сленг, арго, дијалектен говор, стандарден јазик, идиолект, итн... Повторно, јас би избрал ВЕЌЕ постоечки збор, од ризницата на НАШАТА култура и дијалектологија и би го направил СТАНДАРДЕН, ОТКОЛКУ туѓ новостекнат збор, кој го зборуваат само одредена група на луѓе. Зошто да позајмувам кога веќе имам соодветен збор за истиот поим...
     
    На Трагедијаупмм, st-el, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    12.269
    Пол:
    Женски
    Да, да така е и јас сум за ова.

    Ама конкретно за туѓиов збор „тодлер“ па не го зборуваат одредена група само, веќе како и скоро сите англицизми можеби на добар пат е да стане и интернационализам. :?: Доста се рашири нивната употреба, еве гледаме, дали ради ко што вика @GirlLove за да се испадне фенси и кул, или ради мислењето дека нема соодветен збор, небитно.

    Секако сум за да се зачува нашиот јазик, не да се срамиме од него, а ми стои дека се повеќе се срамиме.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Машки
    И уште да поентирам. Учете странски јазици, колку што можете повеќе, ќе бидете отворени и љубопитни луѓе, ама знајте си го ПРЕД СЀ својот јазик, тој никој не може да го замени. Другите јазици ќе фрлат сосема друго светло на вашиот мајчин јазик, ќе можете да го видите од различни перспективи, ќе ви биде и многу поинтересен и многу поблизок, повеќе нема да биде ни „селски“ ни „градски“, туку едноставно убав, како и сите останати, зашто е незаменлив... Дополнително, дисциплината за учење на јазици започнува од мајчиниот јазик. И не губите НИШТО со тоа што го познавате и постојано работите на него... Мајчиниот јазик и странските јазици заемно се збогатуваат едни со други во еден интегриран идиолект (личен јазик), ама сепак идентитетот ви останува дефиниран... Нема да изгубите ништо, ќе добиете многу, ќе добиете автентичност...Ви посакувам само време и волја да учите, свесен сум дека сите ја немаат оваа привилегија, за жал.
     
    Последна измена: 3 јули 2024
    На Космонаут, jacqueline.s, boo3 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Самоубиство од заседа...

     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Џагуре бе, прејако.

    Дајте да си напраиме тема со збор на ден, или веќе ако има посочете ми ја. Секој ден ќе си пишуваме по еден таков "необичен" збор и ќе даваме објаснување.

    Мене најјак збор ми е саклдиса, демек си се загрижил нешто.

    Џагуре :D:D:D:D
     
    Последна измена: 3 јули 2024
    На Hagar, DS10, MarijaMi90 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    11.332
    Пол:
    Женски
    Џагурето ми има 2 години. :D:D:D
     
    На Anyshka, GirlLove и KateKane им се допаѓа ова.
  20. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.391
    Пол:
    Женски
    Јас џагуре го имам слушнато во саркастична конотација за некој што е низок (мал). :D
     
    На Amore123, Anyshka и Curious cat им се допаѓа ова.