Не знам дали баш вака е соодветен насловот или можеби би било подобро воспитување со уцени. Како и да е, ајде да продискутираме за ова. Дали се користите со уцени од типот ако не направиш тоа нема тоа и тоа, ако не одиш таму нема тоа и тоа? Сметате ли дека е ефикасно, ви дало ли резултати, или можеби сметате дека се краткотрајни? Мислам дека на сите некогаш ова ни се случило кога во даден момент не сме гледале друго решение или сме биле во брзање и тоа е тактика која најбрзо функционира. Но, според мене, секако на долготрајни патеки нема позитивни резултати бидејќи по некое време кога ќе пораснат ќе останеме без материјал за уценување. Какво е вашето искуство?
Ми се случило/случува како во твојот пример и отпосле се сецкам... Ми се враќа како бумеранг. Мамо јадам, да ме носиш во Локо кроко. Мамо ја средив собата, може сега тоа и тоа(нешто што и е на ум) Ова најчесто сум го користела за убедување за сирупи, капки, спрејови. Од очај и немоќ кога е болна. Еве сега е болна, па објаснуваме дека е за здравје, а не за компензација. Ми успева, само со поише трпение и зборување.
Баш така, го учат они тоа одма и после го префрлаат. Јас за здравје секогаш објаснувам дека мора, дека здравјето е пред се, без разлика колку е нешто грозно. Треба да сфатат дека тоа е за нивно добро и го прават за себе, а не за да ни удоволат нас. Јас пред нејзе пример пијам нешто исто грозно, кога ме болел стомакот, ама ете, сакам да ми е подобро, па ќе го испијам. Така сфаќаат дека тоа треба зашто е добро.
Сум против "ако не го направиш тоа, нема да го добиеш тоа" Префурмулирано да - ако го завршиш тоа, ќе го добиеш тоа. Под услов секогаш, 100% да си стоиш на зборот. И тоа да се однесува на ектра работи. Редовно исполнување на потребите безразлика дали се завршени обврските или не.
Сум го правела знам не е убаво и ќе ми се врати ко буменранг некогаш, ама кога сум уморна, и кога ми е преку глава да се објаснувам или да се расправам - уценувам!!! Јеби га, луѓе сме
Ова е многу лош начин да се натера детето да послуша. Особено ако се работи за емоционална уцена - ако не послуша дека ќе го изгуби прифаќањето, поддршката па дури и љубовта од родителот. Спаѓа во манипулација на детето и не треба да се практикува. Кога му кажуваш на детето што да направи, како да направи и инсистираш одма да го направи и му кажуваш што ќе биде казната во спротивно, уствари детето го тераш само да исполни наредба, да биде послушник. Не му даваш на детето никаков избор и во него предизвикуваш еден куп негативни чувства. Можеби на почетокот ќе биде успешен овој начин, ама со време ќе престане детето да слуша без бунење. На долги стази нема да биде ефикасно. Не е проблемот толку што ќе снема родителот материјал за уцена, како што спомна @RainBow, туку тоа што овој начин на воспитување има доста штетни ефекти врз детето. Со тоа што не му се дава простор за избор или ќе го научиш да биде премногу зависно од родителите, неодлучно, без иницијатива. Или ќе развие презир кон родителот заради кој подоцна, кога ќе потпорасне ќе имате бунтовно дете кое не почитува авторитет. Мотивацијата била надворешна и наметната. Кога ќе престане наметнувањето ќе престане и убавото однесување. Кога ќе порасне и кога ќе се оддели од родителите, штом ја снема заканата и пресијата непосакуваното однесување ќе се врати, а добрите навики ќе исчезнат. Ако не му објасниш на детето зошто треба нештото да го направи и зошто е тоа добро нема да научи. Да се тера да прави нешто без збор, без објаснување од родителот зошто, значи да се лиши детето од информација за причините зад вашето барање. Дури нема да ја знае ни вашата вистинска намера, односно ќе мисли дека само сакате да покажете моќ над него а не дека има друга причина зад барањето (пр. безбедност, здравје, сл.). Нема да ја сфати, нема да ја присвои како своја. Не се создава трајна мотивација. Дури може и да прејде во екстремно однесување, другата крајност од она што цело време му барал родителот да манифестира, заради негативните чуства кое детето ги носело во себе и како одраз на бунтување кон родителот. Во суштина, на детето манипулацијата му дава лош пример. Дури и во семејни врски полни со љубов, ако на овој начин се бара нешто од детето, тоа ќе научи дека уцената и манипулацијата како методи се во ред да се применуваат. Со време и тие ќе научат да манипулираат за да остварат сопствена корист, затоа што така функционираат работите со луѓето. Тоа ќе им биде стратегија не само во односот со родителите, туку и со другите блиски во животот. Ризикот е утре детето и самото да има партнерски релации кои ќе бидат површни и извештачени. Родителот знае дека не е во ред ама го прави некогаш зашто нема време или е уморен, напнат, сака брз резултат и потоа продолжува зошто на почетокот му упалило. Знае дека не е во ред, дека манипулира и губи доверба во своите родителски способности. Ако не на почетокот, тогаш сигурно ќе ја изгуби понатаму во животот кога ќе го види ефектот од манипулацијата врз своето дете. Алтернативата е да му се објаснува на детето, да се одвои време и трпение за него, да му се објасни зошто нештото го бараме од него, кои се придобивките од тоа за него, зошто е тоа добро за него. Истотака да му се даде простор на детето да си каже што мисли и да се ислуша. Некогаш децата сами можат да дадат идеја како нештото да го направат, затоа што нив така им одговара. Тогаш ќе ја изврши задачата на начин што нема да створи во него одбивност и чувство на наметнатост. Воедно му даваш до знаење дека и тоа е вредно, паметно, способно и му ја градиш самодовербата и независноста. Не треба да се потценува детстката интелегенција со тоа што ќе му даваме готови наредби. Устата пена ми фаќаше кога беа помали, ама ако. Сега како постари, тинејџери се веќе, тие се тие кои немаат време за да слушаат, преку тик-ток да може најдобро, во минута и ипол макс. да им кажеш што треба. Со нив веќе се почесто објаснувам кратко и ако има отпор не настојувам туку оставам по нивно. За работи кои не ја загрозуваат нивната безбедност, некогаш треба да им се дозволи да ја направат и онака како што мислат тие, иако можеби ние не се согласуваме со тоа. Ако е баш упорно детето да биде по негово, не сака да земе туѓ пример за тоа како не треба, не сака да послуша совет од друг, тогаш треба да се остави да научи од свое искуство и од своите грешки. Само не треба после тоа да му се трие носот со грешката. Зошто не е целта да се натпреваруваме кој е попаметен, секако дека родителите се поискусни. Целта е да научи трајно.
Мојата уште не го разбира концептот на уцена, значи не го ни користам, бар сеуште не сум го искористила. Сметам дека за да има трајни последици од уцената, истата треба да се користи доста често и секојдневно, односно да е дел од самото воспитување. Ако збориме за уцена одвреме навреме, особено ако се работи за доброто на детето, во период кога детето нема развиена способност да разбере што за него е добро, мислам дека во тој случај уцената не може да остави негативни последици. При тоа често може да се избере соодветна игра на зборови, оставајќи му на детето избор меѓу работи кои родителот веќе ги одобрува. Понатака, со растот и развојот на детето секако е подобро да се бараат соодветни алтернативи на постапување, место да се користи конкретно уцена.
Немам деца, ама имам искуство во психолошка работа со децата. Добро, не е. Ама секој родител ја искористил некогаш оваа тактика. Сметам дека доколку принципот и целта е успех=награда, не е толку лошо затоа што го мотивираме детето и го наградуваме за послушноста-пример: ако го изедеш јадењето ќе одиме на лулашки. Додека, неуспех=казна, пример: ако не ги собереш играчките ќе те дадеме на старо купујем, не би применувала. Со комуникација се може да се среди, да се мотивира, да му се објасни зошто треба да не слуша. Ама, никој не е совршен, и секој родител си е одговорен за своето дете. Верувам дека сите се свесни дека е неубава тактика, дури и тие што ја применуваат.
А ако не сака да оди на лулашки? Како тогаш ќе го изеде јадењето? За јадење сум особено против уцени од било каков тип. Затоа после не знаат ни колку им е доволно ни ништо. @Cosmic Girl баш си се потрудила со објаснувањата. Уцената пали, нормално, ама создава револт понатаму. За мене врв на уцена е под мој кров живееш и ќе правиш како ќе ти кажам. Поодвратно нешто од тоа тешко.
Противник сум на уцени генерално, а со своите деца никако. Само трпение и многу љубов, дури и кога те манипулира свесно,тоа мало човече,подоцна и големо, на кого животот му го даваш.. Поголеми сме и посилни,ќе преживееме.. Не е лесно да се биде родител, дури и на "најдоброто "дете. Но,тоа не побарало да се роди, поради тоа должни сме му само љубов....како минуваат годините,се повеќе сум сигурна во тоа.
Како пример кажав лулашки и храна, што и да е нешто што го привлекува. Во врска со храната, секако дека не треба да го форсираат да јаде количински. Но има деца што освен смоки и чоколадо ништо друго не сакаат да јадат, и не можеш да ги оставиш на тоа само, ке ти станат анемични. Не зборам тука за родители што му “бутаат” со сила на детето храна на секои 2 саати. Некои стварно си имаат проблем со хранење, и нема чаре освен “лета авионче” и ајде јади ќе ти купам нешто. Различни деца има.
Сега се фативме за храната ама ми падна во очи ова јаде само чоколадо и смоки, ако не го запознаеш дете од рана возраст еве бебе со таква храна нема да знае шо е тоа и нема да јаде само смоки. Уцените според мене се лош пристап разговор, разговор и само разговор штом е доволно големо да разбере уцена ке разбере и со многу зборување, е сега устата пења ке ти фати ама и те како има резултат. Кога кон детето се однесуваме како индивидуа шо и е многу полесен пристап имаме до него.
Го користам повремено, ама имам океј дете. Колку може да се очекува од 3-годишно дете. Повеќе користам, ајде да направиме тоа и тоа, па ќе одиме до продавница, ќе се капиме, ќе играме, нешто во тој контекст. Заедно „чистиме“ „готвиме“ „средуваме“ и после си земаме награда
Не знам кое дете не пробало чоколадо или нездрава храна.. ако не родителите, бабата ќе го “разгали”. Не можеш да го чуваш во стаклено ѕвоно, на училиште ќе тргне ама чоколадо нема пробано? И не е така црно и бело, не можеш да го оставиш гладно “за памет”. Некои можат, некои едноставно немаат срце, и мораат да измислуваат методи. Не ги прави лоши родители.
Јас на темава прв пат читам за ваков метод -уцена, можеби дека е уште моето мало. Не знам како му влијае таа уцена во малечката глава, од тоа што успеав да прочитам за што точно уценувате пример дозерот со антибиотик му велам еуфорично ајде сокчеее и стално ми успевало, друго ако упорно ме тегне некаде да влеземе или на лулашки сака а се брзаме за дома го лажам докторот е таму прегледува деца, па во моментот плаче некое дете му викам ете докторот ја боцна за храна давам колку сака кога ќе рече току ова прекинувам па макар и две залчина каснало знам дека за саат два само ќе ми побара, ако е време за спиење гледам подмижува а упорно одбива му зборам бетмен нано нанооо затоа е толку силен, спајки нано наноо затоа пушта мрежа, може и моево филмање е ту мач ама успева засега
Добро еднаш може ли без извртување на зборови. Никој не рече дете од прво одд дека нема пробано чоколадо или дека треба да се чува во стаклено ѕвоно, прочитајте убаво пред да напаѓате. Секогаш се чита тоа шо се сака. Здрави навики се ствараат од мали нозе. Толку имам да кажам а и не е темата за тоа.
Твојот метод се вика лажење и се користи додека се уште ептен мали. Би ти рекла само да не го плашиш со доктор зашто после кога ќе треба да одите навистина на доктор веќе ќе има страв, па ќе ти се одбие ова од глава. (ко на сите секогаш што ни се одбиваат вака работите од глава, порано или подоцна ) Инаку, добро е ова за посебна тема, за лагите со кои се служиме за да избегнеме плачки некогаш. Сфатив јас ти што кажуваш, што и да ставиш на местото на лулашки не е во ред зашто го условуваш детето за јадење, можеш да му речеш чоколадо после ручекот, све да изедеш, и тоа ќе јаде сакало нејќело за чоколадото. И му се уништува интуитивното јадење. Надолго и нашироко е тоа, не е да го должиме во темава, ама уцените за јадење се од најлош вид за мене.
Маж ми вака прави на големата, ама само за јадење. Ако го изеде јадењето ќе се шетаме, ако не го изеде нема шетање. Ама тоа го прави оти она воопшто не јаде дома. Ептен со молење, ако не ја понудеме цел ден може и да не јаде. Уценување не сакам,па и не ни користам.