Ја разгледав целата категорија и видов дека нема ваква тема. Сакам да го научам овој јазик бидејќи имам роднини(сериозно,не лажам) за да ги изненадам кога ќе се јават на телефон, во некоја од темите спомнав дека почнав да учам минатото лето, но поради училишните обврски и приемниот испит по германски за во средно, и тоа што го знаев го заборавив,а плус и од транслејт учев и се сомневам во некои работи дека се точни,а плус една од моите цели е да студирам во странство, а една од тие земји кои ми се во план е и Данска. Сакам да прашам дали има тука приватни курсеви, ако има кажете ми ви кој центар, или пак ако знаете некоја друга онлајн страница, кажете ми. Ви благодарам однапред!
За приватни курсеви не знам,ама еве една страница,се надевам ќе ти помогне барем малку : http://www.goethe-verlag.com/book2/DA/DAMK/DAMK002.HTM