За или против? Последно време се почесто читам за ова. Дали треба да ги научиме децата како да си раснат своја храна како дел од нивното образование? Последниве години се збори повеќе околу ова, особено во земјите на ЕУ со поголем процент на гојазност меѓу децата, како на пример Ирска која прилично ја турка идејава. Истражувањата покажале дека децата кои што биле дел од процес на одгледување своја храна, развиле т.н. “емпатија кон храната” односно вид на подлабока конекција со храната, што понатака водело кон поздрав живот. Овие деца, јаделе повеќе зеленчук и овошје, следствено имале поздрави диети и природно, подобро разбирање за важноста на здравата исхрана и нутритивноста. Модерната ера е секако обележана со константни придобивки во технологијата што несомнено ни го олеснува животот доста, од една страна. Меѓутоа, од друга страна сите сме свесни дека се повеќе се одделуваме од природата. Имаме изгубено голем дел вештини за преживување, па тука се поставува прашањето: дали ако овој систем сега колабира, ќе бидеме способни да преживееме самите? Дали воопшто имаме основни вештини да преживееме сами во свет во кој реално се случуваат природни катастрофи? Темата е доста опширна и убаво би било да се збори од секој аспект оти се е поврзано, но акцент да ставиме повеќе на децата. Кај ќерка ми во градинка имаат мали парцели каде си садат зеленчуци кои подоцна ги собираат и јадат. Ова треба да ги инспирира да научат повеќе за различните видови храна, да го видат процесот на целокупното растење на храната од семето, земјата, до крајниот производ. Да научат за важноста на водата и енергијата и да ги инспирира повеќе да истражуваат надвор. Немам сеуште оформено мислење на темата, на интернет има сешто да се прочита како и интересни размислувања, па ако има некој е запознаен повеќе и сака да сподели повеќе информации би било супер, на останатите на кои ќе им се види интересна за дискутирање повелете. “We have a multi-billion dollar problem with heart disease, diabetes, and obesity because of intensive farming and heavily processed food. We could learn to eat carrot soup produced from our gardens.” Па, какви се вашите размислувања?
Искрено, мразам долги текстови и научни истражувања за основни работи. Као мислиш откриле топла вода, па сеа ќе истражуваме како тоа влијае, дали е добро или не. Ме замараат и никогаш не ги дочитувам до крај. Но тоа не значи дека немам мислење за темата. Учењето деца, сами да си одгледуваат храна не е воопшто лоша идеа, ниту пак нешто спектакуларно. Не знам што толку истражување треба. Сметам дека треба да се учи и да се знае како ги добиваме плодовите кои ги конзумираме, а и секако најубаво ќе научат со практичен пример. Јас лани садев домати, секој ден и ги покажував, ги наводнувавме, си ги набљудувавме. На крај берењето.. задоволство огромно.