Јас кога бев помала често знаев да ги запишувам настаните од школските денови од кои подоцна пишував многу убави поеми па ај да видиме ако и вие имате убави поеми кои го опишуваат вашите школски денови запишете ги овде
Какви се‘ не глупости имам пишувано за симпатии, за другарите негови, за школски некои што ме нервирале, за наставнички Срамота е да ги постирам, кога ги читам се прашувам со што ме хранеле тогаш
Хахаххаха мене кога ќе ми текне на мојот прв споменар не можам да си се изнасмеам. Имав мало тефтерче у форма на срце со катанче и триста тракатанци.На првата страна пишуваше: „Мојата прва симпатија е Андон„(така се викаше типот од училиште) и после сум напишала „Еве еден бакнеж до тебе“ и таму мојот пољубац со кармин што сум се шљакала.Па имаше еден простор за писменце,што би му кажала,абе свашта.Си се усрамив сега..Хаха..Ај,ај сум била малку креативна ако не друго. После кога потпораснав малку,5то бев уште еден опасен споменар..Сум пишувала прво нешто за мене,за моите другарки,симпатии,наставнички итн.Морам да ги најдам и да си се посмеам.
Кога ги гледам моите стари споменари се смеам до бесвест. Споменки, па усти цртани и лепени со кармини, па режени букви, па имиња на симпатии бришени и преправани по 10 пати со коректор....леле свашта. Сакам да се вратам во тоа време барем 1 ден Најубаво е да си дете.
леле штета што при преселба јас ги изгубив моите Какви се не глупости имав пишувано, за симпатии, па песни поезија па дневник од време на време се во едно. Се секавам еден ден имав напишано колку сум разочарана и тажна оти симпатијата од клас ми го преместиле во друга редица со колку емоции и тага хахахаха, последниот пат кога го прочитав се газев од смеење дури и жал ми падна за мене
Ајде да ве посмеам малку. Мојот прв споменар го започнав пред да одам во забавиште, знаев да пишувам од многу мала. Буквите во линиите како компири на нива, печатни и напишани без никаква симетрија. Буквата Е секогаш ја пишував наопаку, какао З. Немав појма како се води дневник, па затоа сама си поставував прашања и си одговарав. Штета што не можам никаде да го најдам, така слатко се имам изнасмеано со него. Симпатија ми беше еден другар на бато, кој беше ни помалку, ни повќе туку цели 5 години поголем од мене. А, да и многу го сакав Тоше, ама него го баталив бидејќи мислев дека му е девојка Каролина. Бруки сум била, по страници пишував Тоше и Каролина и го украсував со цветчиња и срциња околу. На момчето што ми беше симпатија му пишував песни, пораки, цртав срциња... Дете. Баш ќе пробам пак да го побарам, па ќе напишам уште нешто да се посмеете на моја сметка. Другиот што ми е од 4то одделение знам каде е, ама не ми врши работа, нема глупости во него.
Јас со правење споменари започнав некаде во 3то одделение.Вложував многу труд прво барав други споменари и од нив пишував споменарки,па барав сликички,украсував,цртав....колку само внимание посветував на изгледот.А кога пишував пак некои четива обавезно и правев рамка со срциња,ѕвезди и којзнае уште што не.Се сеќавам и дека со ќибрит горев некои страни за да не биде монотон.Имав неколку споменари,за жал не ги чувам сите кој знае каде се.Но два ми имат останато и тие ги чувам зошто ме потсетуваат на детството.Секогаш кога ќе ги разгледам се смеам слатко,а посебно да делот кога ќе видам како сум се потпишувала со тогашните симпатии.
Леле колку убавка тема Ееее мојот прв споменар беше дури во 5-то одд.мислам оној "поозбилниот",оти претходно само цртав срциња и цветчиња,ми беше страв да пишувам имиња на симпатии да не ми го најде мама кога ќе ми ја чисти собата Уствари ми беше срам ,не страв... Море песни,споменарки,текстови посветени нели за него,што да ти кажам.Од секогаш сум сакала да пишувам и пишував реферати,а нели пошто јас сум сентиментално створење до даске, си ги чувам сеуште тие стварчици.Мајка ми ми ги спакувала во една кутија и многу често кога си одам дома,знам да ги отворам,да читам и да се смеам....љубов било тоа а не панаѓур Слатко ми е кога си ги препрочитувам,шубавки детски спомени беа тоа
Срциња, кругови, ѕвезди, шарки-барки и што уште не. Сеуште чувам еден или два споменари кои ме враќаат во детството. Најсмешно ми е тоа што за секој нов симпатија(а навистина сум ги менувала често или сум ги имала повеќе истовремено ) сум мислела дека тој е ТОЈ, навистина го сакам, хахах, па плачки, песни што потсеќаат на него и сл. Или пак сум престанала некој да го сакам, па лепи сликички над напишаното име, да исчезне од мојот живот! Ехх тоа ти е невиност и чистота на детското срце
Леле јас колку внимание посветував на споменари! Неговото и моето име во срце, а за некоја недела пречкртано (зашто не ме одбрал мене во играта дама-кавалер) и на другата страна јас и друг во срце! Која блудница! Имаше песнички, па некои лепени сликички, па сушени цветови, па неизбежните рими: Жолта дуња, зелен бор, брзо чекам одговор! (мајка ми ми ја кажа инаку, мене тогаш ми се виде страшно интересна). Мојот симпатија во трето ми се имаше потпишано , значи името и под него некоја марка на мотор, Хонда или Јамаха, не се ни сеќавам, ама со миризливо пенкало, само он имаше такво и се сеќавам дека дома си ја мирисав страницата со потписот. Кое теле! Од денешна перспектива, едино машко со миризливо пенкало во одделение и притоа видно чепатење поради тој факт, е едноставно ГЕЈ!
Бев затрескана во Хари Потер и во сите мои споменари од детството пишував колку го сакам, дека едвај чекам да станам 11 години, па и мене да ми пратат писмо од Хогвартс. Тоа ми е остнато и до денес - фантазијата. Баш сега си ги разгледував споменарите, сите ги чувам. Хаха колку е добро ова: "Додека телефонот ѕвонеше, си помислив ТОЈ, некој ми рече НЕ Е ВЕЌЕ ТВОЈ, а јас му заклопив и кажав ПОГРЕШЕН БРОЈ!"
хаха а јас едно време бев многу разочарана од машките и на една страна од споменарот напишав ,, Што е маж? - именка, а Што е швалер заменка секако утредента им го покажав на сите машки во одделението ме кажаа на наставниците па ми го конфискуваа штета би сакала да го задржев
хахаха интересна темава браво за основачот јас за секој симпатија си правев посебен споменар и кога ќе престанев да го сакам си ги одлепував сликичките и го фрлав во канта и си правев нов споменар за новиот симпатија колку само глупости пишував Јас сум шеќер ти си мед заедно сме сладолед незнам зошто секогаш симпатија ми беше некој од најодличните :geek: Првиот симпатија за кого направив се викаше Менде и си лепев паковки од ким во споменарот Кате и Менде (к и м) на сликата од 3 одделение седиме едно до друго и од што сум прехепи ми се гледаат 5ките од големата насмевка
Еве денеска баш буричкав по старите работи и случајно најдов еден многу стар споменар на баба ми и тетка ми се изнасмејав читаејки значи каков е бил животот... Има интересни споменарки еве ви некои од интересните: Sta da ti kazujem Кваката е висока Oci tvoje plave boje sta da ti pisem Кваката е ниска ranili su srce moje kada te volim секое машко il za srce nema leka nemogu da disem! за девојка писка. patim do veka! Еве има 100000... но напишав само 3 ако ви се интересни ќе напишам повеќе ај напишете вие некоја доколку имате
Споменар хахахах ехх коа ќе ми текне на ова лудо време барем се занимававме со нешто за разлика од денешните деца кои растат со фб лошо зар не .... еее колку пишував и колку ги криев споменаркитеее да не ми ги најдат еве една што уште ја памтам ЗАМИНАВ ОД ТЕБЕ СО СРЦЕ СКРШЕНО МЕЃУ НАС СЕ Е ВЕЌЕ ЗАВРШЕНО
Споменар Oci tvoje plave boje ranili su srce moje il za srce nema leka patim do veka Lele kako mi se zbutkale nisto ne se cita
Споменар У срцу сам те закључила не можеш изачи, кључ сам изгубила не могу га начи. Ех,колку само споменари и песмарици имам пишувано.Така беше во времето кога јас растев.На споменарите се потпишувавме,цртавме срциња,ѕвездички,па капевме восок од свеки,ги горевме краевите од тетратката. После излегоа миризливи тевтерчиња,па си пишувавме и во нив некои љубовни песнички. Едно време и дневник водев,па си запишував се.Сега скоро го пронајдов,го исчитав и се вратив 15 год.наназад.Колку ли само се променија времињата,или времињата се исти ,само ние се менуваме.
Колку и да сакам, нема да заборавам една легендарна песничка во мојот споменар. Ја знаеја цела фамилија. Сонцето грее, петелот кукуриКа, стани Аврил, Бојан те вика! Ми се смееја и смееја, а јас упорно и упорно го покажував моето дело!
Ххахах на мајка ми просто и се креваше косата кога ќе земев да го "дотерувам'' споменарот. И се разбира, во вид на срце беше, розев со катанче. Клучевите од криење ги поминаа сите ќошеви од станот дома, најчесто под теписон ги криев некаде. Внатре еден тон глупости собрани, денес ми се смешни, ама во тоа време ги чував како најсветото нешто. Па пишував со восок од свеќи во боја, па ги горев страниците по крајот, па специјално за него се купуваа еден тон фломастери, мрсни и дрвени боичики. Ѕвездички, срценца, цвеќенца се изнацртав за цел живот. А го отворев да чкртам, цел стан на изгорено смрдеше после 15тина минути.
Има еден споменар во форма на срце и со катинарче. Па не смее секој да ми чита! И таму се пишував: тој и тој ми е симпатија и едвај чекам утре да отидам на школо и да го видам. Аман, кои патетики! Па со него не ставија да седиме во иста клупа...па која среќа беше тоа, еј. Страници испишани со тоа! Па пишував песни за кучето кое го имав, имав напишано една за Супер бингото тогаш што беше со Игор и Натали! И само на последниот стих се сеќавам и ќе ви го кажам да се посмеете малку: редовоно ливче купуваме, но за нас никогаш нема ништо! Имаше и рима песната ама не знам точно како беше! После неколку години го најдов, ги прочитав глупостите и ги скинав страниците! Се усрамив од напишаното! А споменарот уште го чувам...