1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ФОН Универзитет

Дискусија во 'Образование' започната од simsimcim, 5 август 2012.

  1. simsimcim

    simsimcim Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Значи вака, сакам да прашам дали некој од вас има завршено на Фон Универзитетот и дали е тешко да се вработиш со таа диплома...или пак некој што студира...навистина би ми значило доколку некој од вас го сподели своето искуство со мене...
     
  2. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Како прво, кога ке одаш да се запослаш било каде, ти бараат диплома од универзитетот Кирил и Методиј, а не од ФОН, Европски или како се вика.
    Џабе кога ке одаш на ФОН да учаш, кога студиите ке ги завршиш со пари,а како второ извини што сум директна ама мислам дека сум во право.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.603
    Пол:
    Женски
    ^ Е како да не, Кирил и Методиј , а другите државни универзитети каде ти се?
    Не е само УКИМ еден и единствен државен, а не негирам дека е најстар и воедно има највеќе искуство, па и затоа репутацијата му е на едно повисоко ниво.
    А тоа дека ти бараат диплома само од него, мало морген.
    Џабе ти и диплома од УКИМ и Кембриџ и кој било таму, ако немаш благе везе од тоа што треба да го работиш, т.е. ако не си учел како што треба и си земал оценки ради реда колку да стигнеш до диплома.
    И на ФОН да си, и на Американ и на било кој државен, никој не ти ја гледа дипломата полна со деветки и десетки, ами ќе бара тоа што си го добил на хартијата да го преточиш во пракса, па ти ако сакаш заврши и стоматологија на Европски.
    Ако не те бива, џабе ти дипломата од (по твое) преценетиот Кирил и Методиј.
    Ете, има доктори од УКИМ и доктори од Тетовскиот, па и од Штипскиот Универзитет. Не се сите исти ?
    Сега, кој колку учел, тоа веќе влече друга тема за разговор, а јас стварно не гледам причина, на пример правник од ФОН и правник од било кој државен Универзитет да имаат различни услови за вработување.
    Ти ако учиш и си оствариш добар просек, немаш гајле. Па дури и да си на приватен.
     
    На Arianna, Shy.Girl.18 и Hipster им се допаѓа ова.
  4. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Кој не студирал на приватен незнае и нема право да каже како е :) Бев запишана на уким и се префрлив на фон универзитетот, смешно е да се прави споредба помеѓу државниот и приватниот универзитет фон. А сите тие муабети дека со пари се завршува, ги измислуваат само оние кои од било кои причини неможат да се запишат токму на овој факултет. Свесни ли сте вие колкаво внимание му се обраќа на секој студент? За било кој проблем професорите нам ни се достапни 24\7. А на државниот ќе трчаш по него цела година за еден потпис. Или пак цел семестар ќе немаш предавања и потоа ќе одиш да полагаш. И за тоа дека дипломата не била призната :D Ве молам. Знаете ли дека преку фабрика на знаење си обезбедив и работно место? Со плата што секој ја посакува?
     
  5. Lala555

    Lala555 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    Едно треба да ви е јасно УКИМ беше рангиран на 430 место, што значи дека влегува во 500 најдобри универзитети во светот, а ФОН беше рангиран на 80 000 место. Значи никој не вели дека на ФОН нема да ви посветат внимание професорите, нормално па затоа давате толку пари, само немојте да правите споредба помеѓу нешто што нема споредба.
     
    На nonenceee, mimiiiii и plawa им се допаѓа ова.
  6. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Па баш затоа ви кажувам нема логика да правите споредба меѓу овие два факултета. Остави го ти рангирањето, делата покажуваат!
     
    На Илинче@ Ики му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lala555

    Lala555 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    мислам дека сега малку се збуни и ти. Да делата покажуваат, така да на фон да го добивавте истото знаење ќе бевте барем меѓу 1 000 универзитети. Значи вас факултетот ви е направен за да можете да го положите, матријалот ви е помал, пола од работите ние што ги учиме кај вас ги нема, така да нормално не можи да си споредува УКИМ со ФОН. Мислам дека нема што да се прави овој муабет, секој кај сака нека си се запиши итн, па ако има среќа и ќе се вработи. ;)
     
  8. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Имаш студирано и на двата факултета па го кажуваш ова?
     
    На Ајнууур му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lala555

    Lala555 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    а ти зошто се запиша на фон? оти ти беше тешко уким и затоа а? ах леле... немора да учам на двата факултети да знам, нема потреба сите тоа го кажуваат. ама ај и јас што се расправам со тебе.
     
  10. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Што ми беше тешко бе душо на уким? предавањата кои ги губев по цел месец, што трчав по професорите за еден потпис? Што сме понижени сите студенти од нив? И уште што ли не......да бидеме реални, сите кажувале :D мора да искусиш па да можеш да кажеш. а вака овој рекол оној рекол :D Во Фон студентот е на прво место!
     
  11. Glorich

    Glorich Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    16
    Сегде е тешко ако неучиш. Ако неучите доволно немој да се тешите со тоа дека на УКИМ е потешко и дека доколку би биле на ФОН се би поминале без проблем. Еве јас ке си кажам од лично искуство дека ни на ФОН не е така едноставно како што повеќетето си претпоставуваат. Јас бев на додипломски на ФОН и имав поросек околу 9. Сега сум на постдипломски на УКИМ и имам просек 9.7. Што значи дека ако сум од ФОН не се изгубив на УКИМ ;)
     
    На littleflower и RainGirl92 им се допаѓа ова.
  12. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Се согласувам со тебе Glorich ;) Луѓето лечат комплекси со таквите муабети.
     
    На Chimera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    знае ли некој за тие што имаат исчистено се до 3та година (додипломски) до кога најкасно треба да се предадат тие 2те семинарски и да се уплатат 50е за диплома? и што уште требаше да се направи за да се земе дипломата? и дане знаете кога ке биде доделувањето на дипломите?
     
  14. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Најдобро ќе биде да си прашаш на групата овде https://www.facebook.com/FONUniversity?ref=ts&fref=ts најдобро ќе ти кажат или пак да се јавиш во факултетот, да не збориме така напамет :)
     
  15. Lala555

    Lala555 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    значи ова последно го пишувам и не се расправам повеќе со тебе, бидејќи очигледно не си можела ни еден испит да земеш на уким па ајде сега на фон, и демек леле леле професорите не можев да ги најдам ги бркав. Како само вие што се презапишувате на фон неможете да ги најдете професорите, а ние сите супер си ги наоѓаме. хммм.. чудно ова многу. Јас пак ќе речам, со матријал што имате пола, па ни пола од ние тоа што учиме неможете памет да солите. Ај пак ќе речам УКИМ 430 место, ФОН далечно, далечно 80 000 место. Хмммм вистина можи во право си можи подобро на фон да се запишевме сите, ако се број одназад. Ајде сега, само уживај си ти, чао :*
     
    На whit3.cat91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Па глупичка си бе душо затоа се расправаш и оти немаш можност да се запишеш на ФОН. Сите испити ги земав и ми ги признаа на фон а се преместив бидејќи уким е тапа и тапа ќе остане во споредба со фон. По цел месец немавме предавања и на крај ќе не стават 200 души заедно да полагаме и удри препишувај сите хахахах. Тоа ли е факултет? На кој ништо не научив. Сега во група сме 10 души и да сакаш неможеш да препишеш. Просекот на уким ми беше 9.5 сега ми е 9.3. Нека е и 8 само да имам предавања и да научам нешто. Убав помин со препишувањето така сите ќе завршат, искомплексирана девојка!
     
  17. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Еве ти ископиран текст од mjauuuuuu.
    Мислење 08 Ное 2012, 14:46
    бев и на државен а сега сум на приватен според мене приватниот е каде каде подобар сега до душа се изделкаа и државните како што слушам ама тогаш јас кога бев беше катастрофа за една оцена два месеци требаше да го бркаш професорот да ти даде оцена додека на приватните не е така имш број од професорот му се јавуваш и ке ти каже кога е на факултет за да дојдеш да си земеш оцена друго на државните ни се има случено и по цел ден да чекаш за да полагаш и дури попладне ке ти кажат дека испитот е одложен за друг ден затоа што професорот неможел да дојде а пак за потпис да не праиме муабет заради овие некои работи мислам дека приватните се подобри од државните
     
  18. Glorich

    Glorich Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    16
    Многу ме иритираат вакви неинтелигентни ставови кои воопшто не доликуваат на еден академски граѓанин. Ти младА госпоѓице Лала ако мислиш дека со самото тоашто си на УКИМ вредиш повеќе од некој што е на приватен факултет многу се лажеш. Од самиот начин на кој што пишуваш доаѓам до заклучок дека се работи за тотално ограничена и искомплексирана личност. Во никој случај неможеш да ги генерализиураш работите. Сегде има такви што учат и такви кои се извлекуваат со препишување и такви слични методи. Сепак треба да си запознаена дека и на ФОН постојат студенти кои се талентирани меѓутоа таму студираат од чисто економски причини. Мислам на оние со целосни стипендии што неплаќаат апсолутно ништо. И од оние што самите се финансираат има доста трудољубиви студенти. Прекинете со тие предрасуди. А кога го спомена веќе рангирањето и врапчињата на гранките знаат дека тоа беше рангирање од политички побуди.
     
    На mjauuuuuu му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lala555

    Lala555 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    Прво вашето однесување, значи потенцирам на навредите, не доликува на академски граѓани, али сепак не очекував ништо помалку. Никој не рече дека ние вредиме повеќе од вас, само јас јасно ви кажав, материјалот ви е исцепкан, си ја купувате дипломата, оти немам слушнато некој на фон да паднал или не дај боже да презапишал. Јас неможам да си го дозволам ФОН? Прво стварно не знаеш со кого правиш муабет па те молам задржи си ги селјачките коментари за тебе, нема потреба да ги гледам тука. Сега бидете ми поздравени двете и мислам дека доволно коментирав во оваа група, сепак такви органичени луѓе како вас постојат. Јас му кажувам на 430 место е рангиран таа ми вели од политички причини, значи сега сакаш да ми кажиш дека Харвард е прв или моментално е на второ место, од политички причини, и всушност вашиот универзитет е подобар од сите (бидејќи кога велиш дека не може така да ги споредуваме факултетите, сакаш да кажеш дека сега некој од Харвард да дојде ти ќе му речеш, што ти е тебе ФОН е ФОН, така да како ние што неможеме да се споредуваме со некој таков универзитет, и ќе речам, да спрема Харвард УКИМ е ништо, така и вие не можете). Ах господе, стварно смешни сте и патететични, посебно девојката што се префрлила од УКИМ на ФОН, ќе те замолам уште еднаш да си ги задржиш навредите за тебе ДУШО оти стварно не ми си интересна, и искрено од некој академски човек неможе да се очекува тоа, така да можам да заклучам според ова всушност што можеме да очекуваме од тебе. Чао
     
  20. Glorich

    Glorich Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    16
    Очигледно е дека не си запознаена на кој начин се врши рангирањето. Податоците за факултетите ги доставува Министерството за образование.Така што тоа испраќа податоци кои му одговараат а шрикрива податоци кои не му одговараат. Освен тоа таа не беше официјална листа затоа што на страната на Шнгајскиот универзитет има сосема друга листа. Не велам дека е прво место далку од тоа.. Ама не е ни 13 во државава или незнам кое беше точно ирелевантно е тоа. И само да ти потенцирам дека за разлика од мене ти ја купуваш дипломата затоа што јас за моето студирање на ФОН немам дадено ни 1 денар. Тогаш како тоа ја купувам дипломата? Со ништо друго освен со моето знаење и висок просек. Поздрав :)